На 14.02.2016 година кога Православната црква молитвено си спомнува за св. Трифун; св. Перпетуа, св. Фелицитате, св. Сатир и др. со нив, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Божествена литургија во црквата Св. апостоли Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров. По Светата Литургија беа доделени благодарници на заслужни граѓани за нивната помош при обѕидување на храмот и изградбата на камбанаријата.
Традиционално и оваа година во с. Кучково се закројуваше лозјето. На свеченоста чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кој изврши мал водосвет и ја прочита молитвата на св. Трифун.