На 15.02.2016, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,чиноначалствуваше на Божествена Архиерејска литургија во црквата Свети Архангел Михаил, во населба Автокоманда. По завршувањето на евхаристискиот собор беше положен камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Сретение Господово, во населба Железара. На радосниот молитвен чин по повод започнувањето на изградбата на новата црква помеѓу бројниот верен народ присуствуваа и: премиерот на Р. Македонија, г. Емил Димитриев, министерот за финансии на Р. Македонија, г. Зоран Ставревски, градоначалникот на град Скопје, г. Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, г. Тони Трајковски, градоначалникот на општина Аеродром г. Ивица Коневски, како и повеќемина членови на Парламентот и општествени дејатели на нашата држава.
Исвор: Скопска епархија