Скопје, 14-ти февруари 2016 год.
храм Рождество на Пресвета Богородица на празникот на Светиот маченик Трифун и
Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир
и другите со нив
Старец Паисиј Светогорец
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.
На 14.02.2016 година, кога Светата Црквата молитвено го прославува споменот на Светиот маченик Трифун и Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на протоереј Драги Јанковски и ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија во Нејзиниот храм во Скопје.Бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата старешината на храмот протоереј Трајче Петковски во сослужение на о.Игор, о. Драги и о. Спасе, изврши мал водосвет и ја прочитаа молитвата на св. Трифун.
Преминпортал (к.т.)