12/02/2016 Богослужби
Денеска светата православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Тие три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп па по тој повод во соборниот храм „Св. Благовештение“ се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Господин Господин Стефан. На оваа литургија присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески , кој оваа година е домаќин на денешниот ден. Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно и заеднички ручек, а присуството на Градоначалникот Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата, верата и православните обичаи.
Извор: Преспанско- пелагониска епархија