Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)
И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и во чувствата да сме измирени со секој човек, без разлика колкаво зло и да ни прави. Не може религиозен невротичар, а никогаш религиозен социопат да се занимаваат со оваа молитва. И тие си го знаат тоа. Дури и секој вид спомнување на овој вид молитва им е одбивно, и соодветно на својата состојба реагираат.