Житие на преподобен Гаврил Лесновски
Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век. Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт.
Свети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле.