логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT112

Современа депресија

Зголемувањето на бројот на психички заболувања, пред сè, може да се објасни со фактот дека многу луѓе ја изгубиле вистинската смисла на животот. Духовноста. Главната причина за неврозата  не е стресот и непријатноста, туку човековата личност. Филозофијата на хедонизмот „јади, пиј, весели се“ го извлекува задоволството од таквиот живот. Порано или подоцна, човек станува свесен за лажливоста на овој пат.

              Природата на невротичните нарушувања значително се промени во последните 10-15 години, стана посложена, похаотична. Недоразбирањата  помеѓу најблиските постојано растат. Луѓето се како „откинати од ланецот“: брзаат да живеат, се плашат дека ќе бидат осамени и брзаат сами да ја „одработат“ и „средат“ својата судбина. Затоа раните сексуални односи станаа норма, бројот на абортуси се зголемува, а невенчаните бракови веќе одамна никого нè изненадуваат.
                 Сите овие појави се поврзани со спецификите на современата депресија. Коренот е во тоа што споменатите модели на однесување не се карактеристични за човековата природа. Тие често ни се наметнуваат од општеството во кое живееме. Човечката природа е против овој наметнат модел, само луѓето самите не го сфаќаат тоа. Конфликтот се претвора во невроза, што предизвикува депресија. Најчесто жените доаѓаат кај мене на консултација. Тие доаѓаат во солзи: предавство, измама, клевета, лаги кои се насекаде наоколу. Типични се поплаките: „Мажот е ладен и рамнодушен, децата се пораснати, јас сум осамена“. За жените, како и секогаш, актуелни се проблемите со осаменоста, недостатокот на љубов, внимание и грижа. Таква е женската природа. Инаку, исклучително ретко се случува жените да дојдат со депресија затоа што не напредуваат во кариерата, и тоа е природно.
             Статистиката тврди дека жените се разболуваат двапати почесто од мажите. Зошто? Можеби мажите имаат посебен имунитет на депресијата? Не, објаснувањето е крајно едноставно - тие многу поретко бараат лекарска помош од жените, претпочитајќи да ги потиснуваат симптомите на депресија со алкохол, да земаат лекови, да се „нурнат“ во работата.

TVIT111
             По правило, жените на возраст од 35 до 45 години се повеќе склони кон депресија. Обично во тој период се јавува кризата на средните години. Првото полувреме од животот е веќе одиграно, децата пораснале, се појавува криза во брачните односи. Надворешниот изглед повеќе не е онаков како кај оној на 20-годишна девојка. Може да се случи и здравјето да почне да попушта, да се акумулира замор. Една жена размислува за животните вредности, се осврнува наназад и сфаќа - голем дел од нејзиниот живот е веќе зад неа. Што е следно? Да износи уште неколку фустани или уште неколку пара чевли? Да направи нова фризура? Да оди некаде надвор од државата на патување? Да, и тоа не е лошо. Но, сето тоа веќе е направено. Нешто недостига. Но што е тоа што недостига?
               Често од жените кои доаѓаат кај мене, слушам дека се празни  одвнатре и  дека немаат сила да живеат. Знаете, менталната состојба на современиот човек може да се спореди со бокал скршен на парчиња. Луѓето одат со многу здробени парчиња во себе и се повредуваат и себеси и околината. Делумно, зголемувањето на бројот на ментални болести може да се објасни со тоа што луѓето се во „постојана трка“, организмот не може да го издржи преоптоварувањето, лавината од информации и стресот. Сепак, зголемувањето на бројот на ментални болести може првенствено да се објасни со фактот дека многу луѓе ја изгубиле вистинската смисла на животот. ДУХОВНОВНОСТА.
             Проблемот во тоа е што секој човек прави своја скала на вредности. Но, тој не го гради на цврста духовна основа, туку на сопствените идеи за животот. Главната причина за неврозата не е стресот и непријатноста, туку личноста на една човек. И тоа личност која е во внатрешна дисхармонија. Духовната основа е вткаена во секое човечко суштество од самото раѓање. Добро би било да се развива и да се умножува. Но, човекот живее во таква средина каде од сите страни слуша повици: Земете се што ви нуди животот! Значи, ако не сте го откинале „најслаткото парче“ од животот - тогаш тоа е ужасно, сето тоа е лошо и вашиот живот е неуспешен. Луѓето “се ловат” на оваа мамка. Филозофијата на хедонизмот „јади, пиј, весели се“ го извлекува задоволството од таквиот живот. Порано или подоцна, човек станува свесен за лажливоста на овој пат.
              Наметнатиот и лажен вредносен систем се урива како кула од карти. Човекот претрпува целосен крах. И, неминовно си го поставува прашањето: зошто,и во име на што вреди да се живее? Ако изостане одговорот, тогаш човекот паѓа во тага, жалост, депресија. Богатството, успехот и кариерата нè не спасуваат од депресија и невроза. Еден мудар човек рекол: „Не ти посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, ниту здравје, туку само душевен мир. Тоа е главната работа. Ако имаш мир - ќе бидеш среќен“.
                 Покаченото ниво на неостварените желби на човекот секогаш остава чувство на незадоволство, тага, горчина, огорченост во душата. А, тагата доаѓа кога некоја страст не е задоволена. На пример. човекот не ја добил посакуваната сума на пари. А, неврозата почнува да делува затоа што таа се појавува кога постои СУДИР ПОМЕЃУ ПОСАКУВАНОТО И РЕАЛНОТО. И ако приоритетите се поинаку поставени: на прво место - духовни вредности, а дури потоа - кариера, успех, скапи работи, тогаш материјалните неуспеси нема да ја разнишаат внатрешната духовна поддршка на човекот.
                 Освен тоа, ако жената професионално се остварила, постигнувајќи вртоглав успех, тоа воопшто не значи дека во нејзината душа владее мир. Таа го постигнала се она за што сонувала. Нејзиниот пат не бил лесен: за да се  гази над другите, треба добро да се обработи сопствената совест за да не се вознемирува од „ситници“. Како по правило, егоистичните жени од кариера се длабоко несреќни личности. Нивната околина го гледа само надворешниот сјај, но во душата им е истиот куп на  скршеници. Покрај тоа, жените кои го посветиле животот на своите кариери - или воопшто немаат семејство или се на работ на колапс: сопругот почнал да гледа од страна, децата станале неконтролирани. И, овие факти предизвикуваат невроза.

TVIT113
            Статистиката тврди дека приближно секој петти невротичен случај е поврзан со фактот дека човекот ја изгубил смислата или нема смисла во животот или е поврзан со конфликт на вредности. Всушност, речиси секоја невроза има духовен корен. Лекарот треба да одреди што во човековата несреќа има непосредна духовна причина, што значи дека подлежи на духовно лекување, а што во неговите чувства е предизвикано од нарушувања во активноста на функциите на мозокот, а понекогаш и на целиот организам. Ако се откријат двете причини, на човекот му се потребни духовни и психијатриски методи на лекување во исто време. Во такви случаи, духовното исцелување може да доведе до психијатриско и физичко исцелување.
                Ние, пред сè,ги бараме духовните извори, духовната причина за депресијата. Се обидуваме да разјасниме зошто скалата на животните вредности е неправилно формирана кај луѓето. Пристапот е целосно индивидуален. На пример, еден пациент кој боледува од хронична невроза признал: „Зависта ме јаде. Штом видам дека комшијата или познаникот има нешто подобро, не можам да се смирам,тоа е како да горам  одвнатре“. Како да му препишам една таблета три пати на ден за ваква болест? Практиката покажува дека пациентите добиваат олеснување само кога ќе почнат да зборуваат за душата, за покајанието. Во согласност со пациентот и според неговите желби, се обидуваме да ги оцениме симптомите на болеста од духовна перспектива. Како резултат на тоа, погледот на една личност за светот се менува. Тој учи правилно да ги прима ударите на судбината, адекватно да одговори на нив. Голема и тешка работа е да дизајнирате сопствен духовен свет, вредности, погледи...

TVIT114

Психијатар и психолог Димитриј Авдеев / Извор: prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная