логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Житие на преподобен Гаврил Лесновски

Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век. Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт.

Свети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува.

Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка „од добар и царски род“, но тој повеќе сакал да се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко Поле и да изгради црква посветена на Пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.

Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со согласност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе „кои доаѓаа кај светиот се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите. Многу луѓе доаѓаа кај него да се лекуваат“.

Житието натаму раскажува дека Гаврил по напуштањето на овој скит отишол во местото Луково во некоја мала шума за која никој не знаел и тука минал извесно време. Се случило еднаш тука да дојде еден овчар и да ги види неговите молитви упатени кон Бога. Овчарот го замолил да му помогне на стадото кози кое било болно поради неговите гревови. Гаврил нашол вода во една дупка од камен, ја прекрстил и му ја дал на овчарот да ги попрска козите. Тие веднаш оздравеле, а овчарот многу му бил благодарен.
Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв, тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време светителот му се јавил на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв, да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир.

Така, според житието, моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени во Трново, во црквата „Свети Апостоли“ на Трапезец. Подоцна манастирот што тој го основал и што го носи неговото име станал важен книжевен центар.

Ликот на Свети Гаврил Лесновски е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија, а за проучувањето на неговите портрети важно е откривањето на живописот во лесновската црква од времето на нејзината обнова по 1341 годинa.
Во селото Лесново, Злетовско, во 1341 година, од страна на деспот Оливер, врз темелите на постара црква била подигната црква посветена на св. архангел Михаил. Црквата го носела и името на свети Гаврил Лесновски.

Во пролошкото житие на свети Гаврил Лесновски од 1330 година пишува дека црквата ја подигнал Гаврил посветувајќи му ја на свети Архангел Михаил. По смртта на Гаврил и чудата што се случувале над неговиот гроб, пред сè исцелувањето болни, манастирот станал познат по името на светителот-пустиножител па добил две имиња и на Архангел Михаил и на пустиножителот Гаврил.

Подоцна овој манастир станал центар на словенската писменост познат како Лесновски книжевен центар. Живописот на црквата е завршен во 1347-48 година во времето кога Јован Оливер ја добил титулата деспот. Од фреските во црквата оставаат впечаток ликовите на свети Гаврил Лесновски, свети Јоаким Осоговски, свети Прохор Пчињски, композицијата „Успение на Пресвета Богородица“, ретките сцени инспирирани од Псалмите Давидови итн. Резбаниот иконостас изработен од 1811-1814 година е дело на резбарската тајфа на Петре Филипович Гарката.

Извор:

МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2860
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2674
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »