Синаксар на Неделата на слепиот
Во овој ден, во Неделата шеста по Пасха, на слепородениот, го празнуваме чудото на Господа Бог и Спасител наш Исус Христос, зашто и тоа со вода го изврши, (како и она за самарјанката и за разслабениот). Беше тоа вака: Христос разговараше со јудеите, и Себе рамен на Отецот се покажуваше: „И пред Авраам да биде, Јас сум” – вели, а тие камења фрлаат по него.