логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER98

         По големата Божја милост, за прослава на Бога преку Неговите Светии, излезе од печат нова книга на Сестринството на Слепченскиот Манастир Св. Јован Претеча, насловена „ЈАС ОСВЕН ХРИСТА НИШТО НЕМАМ - Света преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска“.

           Во книгата е направена споредба на духовниот лик на Светата Стефанида со учењето и опитот на Светите Отци и преподобните Мајки на Црквата. Преку нејзиниот живот во Христа, таа ни остава поука за живата ни Црква, и нѐ уверува дека се возможни таквите подвизи и животот во Духот и денес, по зборовите на преподобниот Нил Сорски, кој вели: „А оние кои усрдно се каат, кои со голема љубов и страв Го призиваат Бога и само на Него гледаат, и ги следат Неговите заповеди, - сите такви Господ ги прима, ги љуби, им ја дарува благодатта Своја и ги прославува.“

               Охристовената душа на Светата Стефанида ни се објавува како светило кое „им свети на сите в куќи“ и ги стоплува нашите души за прослава на Бога и ние ја препознаваме како смирена подвижничка, богобарателка, тихувателка, пустиножителка насреде градот, усрдна молитвеничка, на која Бог ѝ подари и венец на мачеништво. За прв пат преведени на македонски јазик се и нејзините исповедни писма, а исто така, во книгата се објавени и нови сознанија кои се однесуваат на нејзиниот живот и мачеништво, како и за пронаоѓањето на нејзините чесни мошти. Во книгата поместени се и службата и акатистот на македонски и црковнословенски јазик.

             Оваа книга е своевидно запознавање со копнежливата душа на Преподобната и со нејзиното непоколебливо тежнеење кон Христа. Упивајќи ги нејзините повици: "Христе мој животе!“ „Без Тебе ништо живо, неможе живо да биде!“и „Смрт со Тебе нема, туку небесна светлина и вечно веселие!“, ние воскликнуваме: Света преподобномаченике Стефанида, моли Го Бога за нас!

               Прославата за нејзиното впишување во диптихот на Светиите ќе биде на 29 и 30 јуни 2024 година, во Слепченскиот Манастир и во градот Битола..

Слава на Бога Троичниот, Отецот Синот и Светиот Дух, сега и во вековите на вековите! Амин!

 

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/jas-osven-hrista-nishto-nemam-sv-prepmc-stefanida-bitolsko-skadarska/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3000
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7453
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7268
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/09/2024 - сабота

+Св. маченик Никита; Преп. Филотеј; Св. маченик Порфириј; Св. маченици Теодот, Асклијад и Максим; Св. Висарион, архиепископ Лариски чудотворец; Св. новомаченик Јован Критски; Св. Јосиф, епископ Алавердски; Наоѓање на моштите на светиот Христов архиѓакон Стефан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова вм-чка Ефимија сефална 16 септември / 29 септември 2024

Тропар на светата Христова вм-чка Ефимија сефална 16 септември / 29 септември 2024

Возљубувајќи го твојот Жених, Христос,светлата твоја свеќа ја подготви, но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимио,со тоа ти за Него се...

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 15 септември / 28 септември 2024

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 15 септември / 28 септември 2024

Крстот Христов како оружје, усрдно примајќи го, во борба против непријателот си поитал, и откако за Христа пострада, на крај,...

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2024

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2024

Спаси ги, Господи, луѓето Твоии благослови го Твоето наследство,победа на Православниот благоверен народ нашнад непријателите давајќи му,и со Крстот Твој...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная