Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (н. Аеродром, Скопје) за јануари 2016
07. јануари (четврток, Рождество Христово – Божиќ),07:30 часот: Утрена;
09:00 часот: Света литургија;
09. јануари (сабота, свети Стефан),
07. јануари (четврток, Рождество Христово – Божиќ),07:30 часот: Утрена;
09:00 часот: Света литургија;
09. јануари (сабота, свети Стефан),
На 09. јануари 2015 ќе го прославиме празникот на нашиот храм - Свети архиѓакон и првомаченик Стефан. На Литургијата ќе чиноначалствува неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. После Литургијата неговото Блажеснтво ќе ја освети камбаната, купена со средства донирани од верниот народ.
На 05.01.2016 година, кога Православната црква си спомнува за „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештеници од Тетовско-гостиварската и Скопската епархија,...
И овој Божик, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 72 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители.
Бог може сѐ, само „не може“ да го натера човекот да Го сака. Токму оваа Божествена „немоќ“, претставува врв на Божествената семоќност,
Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“ Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“ А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“ А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“
Оној, Кој предвечно постои, се роди кога се исполни времето.[3] Бог ја прими нашата плот, нашето човечко тело, за да го возобнови и исчисти од гревот нашиот извалкан образ и, како созданија подложни на смртта – да нè обесмрти. На овој ден, Синот Божји воспостави нова заедница со целото човештво. Бог стана човек – се вочовечи, за човекот да го соедини со Себеси.
Дури сeга пoчнувам да бидам учeник Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo - самo да гo дoбијам Исуса Христа...
1. Свети Николај Чудотворец – Протопрезвитер Анреј Ткачев
2. Ова чудо ја подели историјата на два дела – Архимандрит Јакинт Унчулеак
3. Домостројот на Богојавлението – Серафим, Митрополит костурски
На 28. 12. 2015 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, го посети Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје и на штитениците им подели новогодишни пакетчиња и пригодни подароци. По ова, митрополитот, заедно со директорката на Домот, г-ѓа Ристенка Атанасова и штитениците, беа на кино претстава во киното Cineplexx во City Mall,...
Во мерата во која што душата е подрагоцена од телото, во таа мера словесниот човек е подрагоцен од целиот свет. Не мисли, човеку, размислувајќи за величината на созданијата што се наоѓаат во светот дека заради тоа (нивната величина) тие се подрагоцени од тебе, но гледајќи ја благодатта што ти е дадена и спознавајќи го достоинството на умната и словесна (твоја) душа, запеј Му на Бога, Кој те почитува повеќе од сe видливо.
Колку повеќе човекот слегува во длабочината на смирението и се презира себеси како оној што е недостоен за спасение толку повеќе тој плаче и им дава слобода на потоците солзи. Според мерата на тие солзи во срцето се буди духовната радост и заедно со неа се излева и расне надежта што ја утврдува потполната увереност во самото спасение.
На 27.12.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештениците од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар.
На читателите кои ќе се сретнат со срцата на дарителите преку нивните дарови , веруваме ...знаеме дека тоа живот ќе значи. Го поддржуваме срдечно настанот, и се надеваме дека Тихомир и останатите што учествуваа во организацијата ќе не повикаат на повторна средба од ваков тип.. која средба ќе трае..зашто ваквите средби, каде што се учиме да даваме, и за нас се исцелување ...
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат
Осудувачот, укорувачот, злопамтилото и горделивиот нема да биде наследник на Божјото Царство. Ако таквиот не се исправи, тогаш нема да го одмине огнената геена.(Преподобен Јосиф Оптински)
На 19.12.2015 година, кога Црквата го слави Св. Николај Мирликиски Чудотворец, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот „Св. Никола“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станковски,...
Штом ќе заврши оваа војна, веќе сме до прагот на вечноста. Ако се откажете од вашата лична волја, барајќи ја волјата Божја, Бог ќе биде со вас! Ако настојувате да ја следите вашата помисла, Бог ќе ве напушта.
Нектару на боготворни доблести, себлажени, на атонските отци си им станал жив извор на благодат, точејќи им од него Христови небесни духовни потоци на оние што вистински те возљубиле и кои верно ја чуваат светлината на твоето животворно кандило, како што ти ја чуваше незалезната светлина.
На 18 декември 2015 година, во навечерието на празникот на светиот Николај Мирликијски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Вечерна богослужба во храмот на свети Никола во Кратово.