Велик Понеделник во храмот на св.Петка, Скопје (25.04.2016)
Во овој свет и Велик понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон.












На 17 април 2016 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.































