На 17 април 2016 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: МПЦ-ОА