18/04/2016 Богослужби
На 17.04.2016 г., во Петтата недела од Великиот пост, посветена на споменот на света Марија Египетска, Митрпополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот Вознесение Господово (Св. Спас) во Крушево.
Пред Литургијата, Владиката изврши хиротесија во чтец, на богословот Благоја Атанасоски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.