Во рамките на својата просветно - мисионерска дејност, Скопската православна епархија објеави две нови книги: Ава Антониј, од свети Атанасиј Велики, во превод на г. Тихомир Јанчовски, и На крајот од светот и Запечатениот ангел (два расказа) од Николај Лесков, во превод на презвитер Георгиј Глигоров. Обете книги ќе бидат изложени на Саемот на книгата, по репрезентативна цена.
„... со оние што страдаа тој сочувствуваше и се молеше за нив - и често Господ ги услишуваше неговите молитви за другите. А Антониј не стануваше горделив ако беше удостоен, ниту огорчен ако не му беше услишена молитвата; поточно, тој секогаш Му благодареше на Бога. Ги охрабруваше оние што страдаат да имаат трпение и да знаат дека исцелувањето не му припаѓа нему ниту на кој било човек, туку единствено на Бога Кој делува кога сака и врз кого сака. Така оние што страдаа ги примаа зборовите на Старецот како лек, и научуваа да не се соживуваат со своите слабости, туку да бидат прпеливи“ (извадок од Ава Антониј, од свети Атанасиј Велики)
„Господа, вреднувајте ја барем вие светата скромност на Православието и ќе сфатите дека тоа вистински го содржи духот Христов, доколку го претрпува сето она што на Бога Му е угодно да го трпи. Навистина, Неговото смирение е достојно за пофалба, а на неговата виталност треба да ѝ се восхитуваме и поради неа Бога да го прославиме“. (Од расказот На крајот од светот, на Николај Лесков)
Извор: Скопска епархија