логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

02.jpg
03.jpg

18 април/1 мај 2016 лето Господово

04.jpg

06.jpg

Во Светата и сесветла ноќ на Воскресението, во тоа триумфално торжество за победата над смртта, живоносниот блесокот од празниот Гроб во Ерусалим ја озарува сета вселена со зраците на невечерниот, осми ден на Царството Христово. Тој блесок го осветлува и радува целото создание, видливо и невидливо, „небото, и земјата, и преисподната“ (од Воскресниот канон).

Спасителот, Господ Исус Христос, надежта на народите, „заспан (на Крстот) како лав, како младо лавче воскреснува“ и среде народот Свој доаѓа и ветувањето Свое го исполнува: вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост... и радоста ваша никој нема да ви ја одземе (Јн.16:20,22) Таа радост е вечна, сеисполнувачка, таа е единствената радост вистинска.

Таа радост е бескрајно пати посведочени, низ целата свештена, христијанска историја. И, ете, денес, на многу места, таа уште еднаш се посведочи, и тоа сведоштво многу верни го видоа. А, го видоа во сета негова полнота и илјадните христољубиви души што дојдоа вечерва заедно со нашето монашко братство да се поклонат на Тридневното Воскресение. Зашто неискажливата пасхална радост беше присутна на секое место во Бигорски: во чудесното воскресно богослужение, во тивката и благодарствена атмосфера, во стотиците озарени лица, во восочните свеќи и ламбади, и оваа година разгорени со Благодатниот оган од Гробот Христов, во украсите од цвеќе, во симфонијата на камбаните, во хармонијата на псалтите, во служењето на свештенослужтелите..., најпосле во ликот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, лик што ја одразуваше светлината на Воскресението. А и неговиот треперечки глас со кој нè повика да примиме „светлост од невечерната светлина“, доаѓаше од едно друго, вонвременско место, од местото на вечната радост. Па, затоа и неговото пасхално слово, како крајна мисла ја имаше токму радоста на денешниот ден:

60.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Света Пасха, 2016 л. Г.

„Среде благодатта и Светлината на серадосниот пасхален период што започнува денес, со нашите браќа и сестри во Христа се поздравуваме и го разменуваме меѓу себе воскресниот поздрав:

‘Христос воскресе! Вистина воскресе!’

Со овој поздрав ние воедно и веруваме, исповедаме и сведочиме дека човекољубивиот наш Спасител, Господ Исус Христос, беше предаден (на смрт) за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание (Рим.4:25).

Веруваме и сведочиме дека Воскреснатиот Господ е единствениот Спасител на луѓето, Кој самовласно ја победи смртта и стана првороден меѓу мртвите (Колос.1:18) и првина за умрените (1.Кор.15:20).

Веруваме и сведочиме дека Воскреснатиот Господ и денес доаѓа при нас со огромно милосрдие за да ја замени нашата сопствена немоќ, темнина, тага, безнадежност, малодушност, бедност, смртност, распадливост и грешност, со Својата сила, радост, прошка, љубов, светлина, мир, нераспадливост, вечност, утеха, осветување.

Веруваме и исповедаме дека нашиот живот без Воскреснатиот Господ е навистина пекол и нашиот свет без Неговото присуство е една крајна бесмислица и една недогледна гробница. Разделени од Воскреснатиот Господ, постојано го чувствуваме горкиот вкус на смртта. Современата цивилизација го одрекува Воскресението и така самата се осудува да биде цивилизација на смртта. Зашто човекот има силна внатрешна потреба да љуби и да биде љубен со несебична љубов. Има исконска потреба да ја надмине смртта и да го овековечи своето постоење. Има потреба да почувствува отпуштање на гревовите, кои, свесно или несвесно, му создаваат чувство на вина и стрес, и го трујат неговиот живот.

А на сите овие потреби одговорот и задоволувањето го дава само една Личност, Богочовекот Господ Исус Христос, Распнатиот и Воскреснатиот. Во Крстот на Спасителот гледаме просто не само еден убав пример за љубов, туку ја гледаме целата полнота љубовта, која се принесува без граници, без надоместок, за да го избави човечкиот род.

На основната потреба на човекот за воскресение, Господ одговара со Своето Воскресение. Со Својата смрт на Крстот, Он ја победи нашата смрт и ни подари воскресение и вечен живот. Во најкратката црковна химна за овој празник: ‘Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие во гробовите живот им подари’ се возвестува најголемиот настан во историјата и најголемата победа во светот.  Кој учествува во љубовта на Распаниот Христос, ќе учествува и во Неговата победа над смртта.

Колку и човекот да се завлекува од животните грижи и да се отуѓува од Бога со гревот, со маловерието и неверието, не може да се пронајде вистински себеси во распадливоста и суетата на материјалниот живот. Како Божјо создание тој жеднее за нешто големо и вечно, за нешто апсолутно. Спасителот Христос нè насочува кон вистинската цел на животот, која е соединување на човекот со Бога, обожување. Човекот може преку Христа да стана бог по благодат. Не постои ништо повозвишено од ова да посакаме, поголема надеж да се надеваме, поголема слава да се прославиме.

Господ Исус Христос доаѓа во овој свет и опши лично со секој човек, на еден несфатлив, таинствен, прекрасен начин. Ненаметливо, Он со татковска грижа бара да го најде изгубениот и расцепкан современ човек, во гробот на неговата збунетост, неверие, одрекување, световност, бездушност и формализам. Он ја има силата да ги преобразува и воскреснува умртвените духовни сили на човекот, водејќи го до лично воскресение и преродување. Тагува и жали кога го гледа Својот образ, човекот, како еден празен гроб, во кој го нема искуството на личното издигнување, осветување и обожување.

Нашиот живот денес треба да се преобрази од еден празен гроб, во извор на нов живот и надеж, со смисла и вера во Воскреснатиот Христос. Тогаш навистина ќе ја живееме „Пасхата свештена“, „Пасхата нова, света, Пасхата таинствена, Пасхата сечесна“, „Пасха непорочна, Пасха велика“, „Пасха што ни ги отвора дверите на рајот“, „Пасха што од тагата нè избавува“ и е причина за радост преголема, радост што ни ја предвестува овој светлозарен ден на Христовото, но и на нашето лично воскресение. Во тоа и ние веруваме, па затоа и зборуваме (2.Кор.4:13), и со неизмерна радост возвестуваме:

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!“

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА ГОСПОД!

08.jpg

10.jpg

14.jpg

16.jpg

17.jpg

 20.jpg

22.jpg

24.jpg

26.jpg

27.jpg

30.jpg

31.jpg

34.jpg

53.jpg

54.jpg

55.jpg

61.jpg

62.jpg

64.jpg

65.jpg

 67.jpg

Повеќе

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная