Прославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН во Соборниот храм Св. Климент Охридски започна ноќта на 31 април со Полуноќница и Крсниот пат, а заврши утрото со Пасхална Утрена и Божествена Литургија на св. Јован Златоуст. На богослужбите чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенството од Скопската епархија. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.
Извор: Скопска епархија