Митрополит Струмички Наум: Поука за Крстот
Накратко, Крст е кога се саможртвуваме за доброто на другите
, а не кога другите ги жртвуваме за свое добро!
Крстот е она на кое и со кое ме распнуваат,
а не она на кое и со кое јас ги распнувам другите.
Накратко, Крст е кога се саможртвуваме за доброто на другите
, а не кога другите ги жртвуваме за свое добро!
Крстот е она на кое и со кое ме распнуваат,
а не она на кое и со кое јас ги распнувам другите.
Носењето на нашиот крст не нѐ спасува, туку Крстот Христов и милоста Божја. Но, со носењето на нашиот крст пројавуваме мал и безначаен акт на љубов од наша страна кон Бог – дека сме подготвени да љубиме, да страдаме и дека сме ја разбрале тајната на Крстот Христов. Сѐ друго Бог ќе заврши. Ние сме немоќни; всушност, тоа и значи носењето на крстот – човек да ја признае, да ја прифати и да ја разбере својата немоќ.
Честопати, ние ги помешуваме работите и мислиме, дека духовниот живот значи да си добар човек, да не крадеш, да не убиваш, да не одиш на лоши места и со лоши пријатели, да одиш во недела во црква, да си таму на славословието или барем на „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, да читаш христијанска литература.
„Луѓето што се во болка честопати изговараат едно мачно прашање: „Зошто, Господи, зошто?“ Мислам дека не постои човечки одговор на ова прашање. Има само еден одговор: Бог зеде учество во нашата болка на Крстот Христов. Ние веруваме во распнат Бог, што значи Бог Кој беше понижен, навредуван и мачен. На џамијата на Омар, во Ерусалим, го има следниов натпис: „Никој да не изрече хула дека Бог има син“. Не многу далеку оттаму се издига ридот на Голгота,
МОЛИТВА КОН СВЕТИОТ АНГЕЛ ПАЗИТЕЛ
Ангелу Христов, Пазителу мој свет,
покровителу на душата и на телото мое,
прости ми се што згрешив во денов денешен,
и од секое лукавство
Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец (име),
не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.
Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, изполни го со мудрост, со милост и со љубов,
и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите,

Кoга царoт Јулијан Oтстапник пoдoцна тргнал вo смртoнoсна вoјна сo Пeрсијанцитe, тoј наминал вo тoј храм и гo прашал за исхoдoт на вoјната за кoја тoј сe пoдгoтвувал. Идoлoт плашливo oдгoвoрил дeка нe мoжe да дадe јасeн oдгoвoр “заради мртвитe” сoхранeти вo нeгoвата близина. Тoа, сeкакo, сe oднeсувалo самo на Вавила, сo чиe присуствo на тeлoтo гo замoлчил дeмoнoт. Јулијан нарeдил мoштитe на Вавила да сe прeнeсат назад вo Антиoхија.
Најпрво запознај се себеси,
потоа, обиди се барем
еден ден
да
поживееш спротивставувајќи му се на гревот.
Ќе говориме за љубовта која е скриенa во приказните. Таа секогаш е предводена од вистината. Никогаш нема да ја видимe љубовта самичка, туку за другар ја има вистината. Секогаш одат заедно и како што приказните имаат многу вистина, имаат и многу љубов. Нека не заборавиме, дека за приказните научивме во еден амфитеатер, кој не беше некој амфитеатар на нeкој факултет, туку прегратката на баба, на дедо, на мајка и на татко. Така што она што го научуваш во тој амфитеатар, не го забораваш. Оти амфитеатарот на прегратката има многу топлина, многу љубов.
„Ѓаволот е подготвен десетпати повеќе да ни додаде здрав разум илјада пати да ги намножи нашите практични знаења, само за да ни го украде корисното знаење, со помош на кое можеме да застанеме оддесно на Бога. Оној кој себе си си го припишува знаењето и здравиот разум станува сличен на ѓаволот, кој себе си сака да се прогласи за извор на светлината.
Знаете ли дека таа негова улога е најважната улога што во еден Синод епископот може да ја има? Знаете ли колкав црковен и животен опит зад ова мора да стои? Знаете ли какво расудување за успешно извршување на оваа задача е потребно – да се препознае вистинското време кога да се смири човек и да премолчи, а кога одлучно да пресече и да понуди решение?

Навистина, Бог е праведен, но не остана докрај доследен на Својата праведност. Го испрати Својот Единороден Син, Кој грев не стори и лага не се најде во устата Негова, да биде понижуван и камшикуван, и плукан, и исмеван. А како да не беше доволно понижување што се облече во нашата трулеж, на крајот умре за да можат да живеат оние што Го убиваат...
Сепак, љубовта е навистина најсовршеното и најдрагоцено движење на нашето битие, бидејќи таа е нашето „јас“, зашто Бог е љубов, а сите сме создадени според Божјиот образ. Бог, движен од љубов, направи сѐ за нас, и се предаде Себеси на смрт, за да ја покаже Својата голема љубов кон човекот. Според тоа, и човекот постапува на истиот начин.
Вeликoдушнoтo oпрoстувањe на клeвeтницитe и мoлитвата за нив e oдлика на
христијанскитe свeтитeли кoи ситe клeвeти прoтив сeбe нe ги припишуваат на луѓeтo, туку на
дeмoнитe, главнитe пoттикнувачи на сeкoја клeвeта и на сeкoј грeв вooпштo.

Е, сега, гледајте дали ќе барате правда или ќе пројавите милост. Поимот правда не треба да се спомнува меѓу нас, не треба да се повикуваме на такво нешто во меѓусебните односи. Еве, сите вие кога дојдовте првпат на исповед, вашиот духовен отец кон вас пројави правда или милост!? Ви прочита разрешителна молитва и ви кажа дека Бог ги љуби грешниците што се каат, или пак, за правда ви зборуваше!?