логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Длабоко во Јудејската пустина, во Палестина, се наоѓа манастирот на Ава Теодосиј, што тој го изгради во V век. Како минуваа годините, манастирот стануваше сѐ поголем, со многу отци кои се грижеa за старечкиот дом, работилниците, домот за сираци и за домот за сиромашни, што постоеја во рамките на манастирот.

Но, на почетокот кога беше основан, манастирот беше многу сиромашен. Отците често се соочуваа со проблеми, а не ретко го немаа ни она најнеопходното за свој опстанок. Меѓутоа, нивната вера во Бога и молитвите на нивниот старец, св. Теодосиј, секогаш им помагаа и ги избавуваа од тешките мигови.

Една Велика Сабота монасите се соочија со тажна состојба. Во манастирот немаше никакви намирници, дури ни просфори за Божествената Литургија. Бараа и бараа, но ништо не најдоа. Времето минуваше и ближеше великиот миг на Воскресението. Таа светла празнична вечер решија да не јадат, зашто така им налагаше ситуацијата. Но никако не можеа да се помират со тоа дека ќе останат без света Причест. Залудно одново бараа некое заборавено шише со вино или некое парче леб. Беше невозможно да се пронајде било што.

Кога сфатија дека ги снајде потполна немаштија, отидоа кај својот старец, светиот Теодосиј, и му кажаа за тешката ситуација и својата тага. Старецот мирно ги сослуша. Нивните зборови воопшто не го вознемирија.

-„Така стојат работите, старче“, рече на крај некој од отците. Блажениот Теодосиј, кој дотогаш молчеше, одговори:

-„Одете, деца мои, и погрижете се сè да биде подготвено за вечерашнава Света Литургија. И вие подгответе се, па да ја дочекаме вечерта“.

-„Попусто не теши“, прошепоти еден монах.

Старецот го слушна и рече:

-„Деца мои, да не ослабе случајно нашиот Бог во Својата сила? Можеби Оној Кој во пустината го хранеше народот Израилски, денес веќе не е во состојба да дава? Или, може, Оној Кој со пет леба и две риби го насити сето мноштво што Го следеше, не е способен веќе да прави чуда?“

Монасите ги восхитија зборовите на старецот, но повеќе од сè ги восхити неговата вера и убедување дека сè ќе биде како што треба. Тргнаа да излезат од неговата ќелија, кога го слушнаа како вели:

-„Подгответе го не само олтарот, туку и воскресната трпеза. И да знаете отци мои, дека Оној Кој се грижи за птиците небесни, ќе се погрижи и за нас“.

Отците заминаа молчејќи. Зборовите на старецот беа вистинска утеха за нивната тага и разочарување. Но некаде длабоко во себе чувствуваа дека тие зборови старецот им ги упати само за да ја ублажи нивната загриженост. Беа скоро сигурни дека не ќе можат да го прослават Велигден.

Сонцето беше веќе зајдено кога се слушна тропање на вратата. Отците се збунија. Кој ли би можел да биде во ова време и во овој ден…

Ја отворија главната врата од манастирот и видоа непознат човек. Со себе тој водеше две натоварени камили.

-„Отци, благословете“, рече непознатиот.

-„Бог да те благослови“, одговорија монасите.

-„Простете ми што ве вознемирувам во ова време, но се случува нешто што не можам да си го објаснам“, рече непознатиот и продолжи: „Се заветив секоја година на овој ден да носам намирници во еден скит, тука подолу. И веќе се навикнав да сум таму на Воскресната Литургија, а следниот ден да се вратам назад. Така појдов и оваа година. Но, кога стигнав овде пред вашиот манастир, овие две мои камили – чудно – престанаа да одат, седнаа долу, па ми беше невозможно да ги подигнам и да ги натерам да продолжат. Никако не слушаа. Тогаш, значи, си помислив, дека можеби, на крајот на краиштата, Божја волја е овие работи да останат тука. Затоа ви тропнав, воден од помислата вам да ви ги оставам овие намирници, и моите камили веднаш станаа и тргнаа кон влезот од манастирот.

Беше тоа навистина Божја волја. Неговата промисла се погрижи за потребите на манастирот. Храната што им ја донесе непознатиот човек, беше доволна не само за празничната воскресна трпеза, туку траеше сè до Педесетница, па и подолго. А не недостасуваше ни просфора за божествената Литургија во сите тие денови.

Монасите беа восхитени од старчевата вера во Бога. Од тој ден, св. Теодосиј го почитуваа уште повеќе, додека, пак, во нивниот живот надежта во Бога зазеде посебно место.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/detsko-katche/bozhjata-griza/

 

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7615
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная