Меѓународен конгрес „Предкирилската писменост и предхристијанската кулура кај Словените”
Санкт Петербург, 12 мај (МИА) - „Предкирилската писменост и предхристијанската кулура кај Словените” е насловот на првиот Меѓународен конгрес што почна денеска во градот Пушкин, крај Санкт Петербург, во Русија.
Тридневниот научен собир со седумдесетина научници, главно од словенскиот свет, го отвори ректорот на Ленинградскиот државен унивезитет „Пушкин“, професорот Вјачеслав Николајевич Сквроцов.
За значењето на Конгресот говореше, главниот иницијатор и еден од двајцата претседавачи, академик Валериј Алексејевич Чудинов, кој воедно е и претседател на Комисијата на Руската академија на науките за историја на културата на древна и средновековна Русија.
Тој укажа и на македонскиот придонес во истражувањата на словенската предкириловска епиграфика, осврнувајќи се на трудот на нашите истражувачи, академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов, насловен „Каменот од Розета-споменик на древното македонско – пра-словенско писмо и јазик”. Третото писмо на каменот од Розета, покрај староегипетското и старогрчкото, таканареченото демотско, за кое што македонските научници докажхуваат дека е древното македонско писмо и најверојатно пра-словенското, академикот Чудинов го нарече „светски, меѓународен, руски јазик”.
Предвидено е македонските научници да ги презентираат сознаијата од својот труд на вториот ден од Конгресот.
Орзанизатори на овој меѓународен форум се Ленинградскиот државен универзитет „Пушкин“, Државниот универзитет за менаџмент, Академијата на фундаметалните науки и Престолната финансиско- хуманитарна академија. љг/ва/16:09