логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Скопје, Декември 2017 лето Господово - Православен богословски факултет

 

   Под раководство на Проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за наука и меѓународна соработка, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје беше  организатор на  Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија.

Темата на собирот „Предание и мисија“, инспирираше истакнати професори од  Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, од Институт за национална историја, Скопје, како и професори и асс. докторанди од Богословскиот факултет, во своите трудови да образлагаат за Кирилометодиевско лексичко наследство, Житијата на св.Климент Охридски,св.Гаврил Светогорец епископ Велички,Охридската архиепископија,за логосот на црковната музика, за христијанството во Македонија и просветителската дејност на значајни црковни личности. По секоја работна сесија се отвараше кратка дискусија со оглед на временската рамка за презенатација на мноштвото научни трудови. Во секој случај се покажа  голем интересот за одбраната тема, а на крајот од еднодневниот собир, професорот Петко Златески во името на Библиското друштво на Македонија, на присутните им подели џепно издание на НОВИОТ ЗАВЕТ.

 

 

Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Декан на Богословскиот факултет во Скопје

 

Свети Гаврил Светогорец епископ Велички и Мagnum Iubilaeum
(извадок од презентацијата на научниот собир)

Свети Гаврил Светогорец е исклучителна личност која остави длабок белег во современата македонска црковна историја. Станува збор за редок духовник и голем молитвеник, монах и аскет, строг кон себе, љубовно благ кон другите. Во годината кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија одбележува 50 години од своето автокефално живеење, тој е канонизиран за светител и на тој начин е вброен во редот на македонските светители, како единствен (засега) клирик на возобновената Македонска православна црква.
Свети Гаврил епископ Велички е роден во 1926 во Штип. Од 1944 година тој е учесник во НОВ, а по завршувањето на борбите во 1947 година е прекомандуван во Корпусот на народната одбрана, во единици стационирани на границата. Некое време тој е на служба во градскиот народен одбор во Штип, а потоа заминува за Белград и се запишува на Факултет за ликовни уметности, каде дипломира во 1955 на отсек - вајарство. По неговото враќање тој е професор по ликовно образование и историја на уметноста во штипската гимназија. Во 1963 заминува за Света Гора, а во 1971 се враќа во Македонија, во манастирите во Матка, Марков Манастир и Зрзе, а во 1975 година заминува во Лесново и таму останува до крајот на својот живот. Во 1981 од Синодот на МПЦ е унапреден во архимандрит, а на 28 август во 1989 е ракоположен за епископ со титулата Велички. Се упокојува на 12 Јануари 1990 година.
Краткиот животопис отсликува една сестрана личност, монах и родољуб, уметник и писател. Од него се запазени неколку книги и есеи. Тој е автор на збирката поезија 33 Песни за Ерусалим, како и на книгите Света Гора – Небесна земја (1978), Пред најголемиот јубилеј на човекот (1980), 2000-годишнината на христијанството е на прагот (1981), Правила и одредби на Православната Црква за постот (1994) и Отец Херувим (1998). Свети Гаврил Светогорец е аскет, поет и визионер. Тој е постојан истражувач на доброто и убавото кои се содржани во верата, токму во времињата на силна маргинализираност на сè што е поврзано со религијата и со духовноста. Врз основа на од него запишаните дела разбирливо е дека за него христијанството не е религија или идеологија, но љубов кон ближниот која воскреснува. Во неговите книги доминира евангелската синтеза на духовност и човечност. Иако е свесен за постоечката состојба, тој не се откажува од идејата  дека светот може и треба да се смени. Напротив, тој мисли дека тоа е патот кој го менува срцето на човекот. Исклучителна е духовната снага која провејува во неговите текстови, тагата од христијанската разделеност и омразата меѓу народите, празнината во животот на луѓето, страхувањето од неподобниот пат на младите. Тој беше повлечен аскет и тивок молитвеник, но не и духовник надвор од историјата и без свој сон за светот и човекот. За него историјата има смисла само ако се успее да се осмисли сегашноста насочена кон иднината.

Меѓу најголемите подвизи на кое е повикано современото христијанство, според преподобниот старец, е достоинственото одбележување на Големиот јубилеј 2000- годишнината на христијанството, којшто не го сфаќа како обичен празничен чин, туку како процес. Своите замисли тој ги забележува во книгата „2000 годишнината на христијанството е на прагот“  објавена во 1981 година, значи три децении пред јубилејната година. Според него, станува збор за исклучителен настан и неповторлива можност за силно христијанско сведоштво, за празнична година, која би била време на преиспитување, но и поттик за нови подвизи. Па така, тој на самиот почеток од книгата вели: „Празникот не е само торжество на дадениот момент. Тој во исто време претставува и сморта на постигнатите успеси и мобилизација за нови поголеми подвизи“ (7).
Во неговата визија за големиот настан потребни се сериозни подготовки. За тоа пишува цела книга, еден вид нацрт-проект, без одреден адресат. Тој е сигурен дека таквата подготвителна активност е неопходна, но остава простор на човечкиот избор и Божјата промисла. Така, во неколку наврати, предлозите му започнуваат со едно „ако“, па вели: „Ако се појави некоја Црква, група свештени лица или богољубиви граѓани кои во оваа задача ќе видат должна почит кон Бога и ако се заземат за отпочнување со подготовките за Прославата...“.
Сите активности ќе треба да се организирани и координирани од еден „Одбор за прослава – канонизиран од врховната власт – Вселенскиот патријарх, благословен од помесната црква и одобрен од државните власти на земјата во која се формира. Тоа тристрано потврдување треба да претставува симбол за смислата на оваа општа акција, која ќе има свое тежиште во максималното настојување да дојде до поголемо зближување и тесно соработување меѓу црковните и државните власти и отклонувањето на бариерите меѓу хрисиите (заб. „другите христијански заедници“) и автокефалните цркви – во духот на Христовото учење и Неговата љубов, која е витална животна практика, љубов која не познава и не признава граници“ (16).
Во неговата визија за подготовка на настанот треба да се „формираат прославни братства во секоја нација. Потоа би се поделиле на покраини, а тие на окрузи, на градските реони, селски општини итн. Да не остане ни едно, па ни најмало место, без одбор за прослава...“ (18). Подготовката подразбира сведочење преку сопствениот личен пример. Повикува на заедничко собирање на молитва по домовите, храмовите или манастирите: Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и јас меѓу нив. “Таму каде постојат услови и расположенија, да се прават ноќни молитви. Тие имаат исклучителна моќ по најкраток пат водат до вратата на Божјата одзивчивост“ (19).
И потоа, сè е насочено кон Ерусалим! „Градот Господен би требало да елиминира и замени секаков авторитет пред небото кој би можел да застане на патот на повторното обединување (29). „Голгота да се круниса со крстовиден објект од таква височина... во таа насока архитектите би требало „да го впрегнат својот футуристички инстинкт“ (48).

Пред две илјадалетија во Светата земја се случува пресврт во историјата на човештвото: Бог тогаш и таму се овоплотува, страда, воскреснува за спасение на светот и човекот. Токму затоа за свети Гаврил Светогорец е толку важен тој спој на времето и просторот. Тој секако има посебен однос кон светите места: не случајно заминува и се замонашува на Света Гора, а за Ерусалим пее во 33 песни. Светото време на Јубилејот кој се наближува, поврзано со Ерусалим, за него е посебна можност и надеж за надминување на христијанските разединувања. Па так, тој вели: „Градот Господов ... би можел да застане на патот за повторно обединување на така болно и безнадежно расцепеното христијанство, кое би можело да го рехабилитира и поврати во неговото првобитно единство само специјална благодат од Бога ако слегне на земјата за претстојното јубилејно торжество. Пропуштањето на оваа божествена прилика би можело да има тежина на смртен грев на врвните отци на Христовата Црква, затоа што за обединување позрела ситуација нема да им се даде сè до прославата на третиот милениум (29). Тука секако не станува збор за некаков обичен харизматичен екуменски занес, но за еден љубовен пристап кон секој човек, а посебно кон оние кои Христос го признаваат за свој Господ, како и за силата на Божјото делување сообразно на човековиот однос кон Бога и ближниот. Тој е свесен за огромните разлики, но верува дека љубовта може и нив да ги надмине. Тој друг свет го прифаќа со љубов, иако не го разбира. Така вели: „Ако се направи паралела меѓу мистичниот и оптичкиот степен на велелепната православна литургија, едноставноста и сивилото на католичката миса и, на пример, адветнистичките молитвени собири, рамни на најобични цивилни состаноци, дали е можно и со микроскоп да се открие некакво меѓусебно крвно сродство, особено меѓу првите и последните (29)?“
Сепак, ова четиво запазено од светиот Гаврил Светогорец е воедно и потсетување дека одбележувањето на годишнина не е само обично бележење на времето, но е празник и време исполнето со делување од страна на човекот и благодат од страна на Бога. Празникот не е само празнување, но е време на светост и подвиг, на повикување и поучување во Христа, време на мисија и исполнување на евангелската порака. На тој начин треба да се набљудува и мисијата како љубовно обраќање кон секој човек, без исклучок.

 

 

Асс. М-р докторанд  Борче Грамбозов

 

Критериумите за толкувањето на Светото Писмо според Свети Григориј Богослов и Свети Григориј Палама како пример за современа егзегеза

 


Темата во денешниот текст ја допира библиската теологија и светоотечкото толкувачко Предание, којашто тема истовремено сочинува и придонес во истражувањето на современите, воглавно западни толкувачи, кои имајќи како основа еден дијалектички или историско - критички пристап кон текстот, го имитираат толкувачкиот метод и богословските барања на Варлаам и на неговите истомисленици, заборавајќи дека Откривањето Божјо не е идеја, туку настан. Како што е познато, последните доаѓаат во судир со методот на пристап кон текстот и двојната методологија на Светите Отци која ја нагласува  Свети Григориј Палама, но и со барањата и методолошките почетоци кои ги поставува Свети Григориј Богослов за безбеден пристап и користење на агиографските текстови. Целта не е да се заменат толкувачките методи кои се добро познати за современата егзегеза на Светото Писмо, со еден и единствен метод на пристапување кон текстот. Она кое го имаме за цел, е да ги предочиме главните богословски барања кои треба да ги поседува толкувачот во просторот на толкувањето на Светото Писмо, а кои ги поставуваат Отците на Црквата, посебно Свети Григориј Богослов и Свети Григориј Палама. Станува збор за еден дијалог на библиското со светоотечкото толкувачко Предание, кои се едно исто. Не постои посебно библиска теологија, а посебно светоотечка теологија. Библиската теологија и светоотечката теологија се наоѓаат во една постојаност, едно продолжение и хармонија. И тоа е така, зашто пророците и апостолите ги запишуваат и коментираат настаните на Богојавувањата, додека Светите Отци ги толкуваат според единственото Предание на Пророците, Апостолите и Светите после Педесетница кои се сведоци на настаните на Богојавувањата. Ова толкување е правилно толкување на Писмата, водено од Светиот Дух. Со овој текст аргументираме еден обид кој би требало да даде до знаење дека постои православно толкување кое суштински се разликува од западниот пристап, потпрен на историско - критичкото разбирање на библиските текстови.
Со развојот на библиската егегеза, се јавуваат нови правци во пристапувањето на текстот: a) општествената анализа, б) реторичката анализа, наративната анализа, и г) феминистичката анализа.
Избегнувањето на Светоотечкото Предание го носи православниот толкувач во една потешка позиција дури од научниците на останатите вероисповеданија. Едно е знаењето на современите егзегетски методи, друго е слепото потчинување под истите и откинување од нашето православно толкувачко Предание, благодарение на некоја ‘’прогресивност’’. Дијалогот со толкувачите на другите вероисповеданија, каде што отсуствува Преданието на Православните е еднонасочен дијалог кон еден правец кој покажува дека Црквата штотуку го започна нејзиниот живот, во 21 век. Затоа, за водачи во толкувањето треба да се имаат Светите Отци, како што и се одредува со 19 - от канон на Петто – Шестиот Вселенски Собор во Константинопол (691-692).
Свети Григориј Палама против философските цели на Варлаам како метод за толкување на Светото Писмо, го употребува: а) историското сведоштво и Предание на Светите за настаните на Богојавувањата и го усвојува целосно толкувачкиот метод на свештениот писател и евангелист Јован, којшто во Евангелието го коментира искуството и сведоштвото на Апостолите и на првите верни како сведоци на животот и делото на Христос. Свети Григориј Богослов, пак во текстот на 96 параграф на 2 – то Слово, во однос на толкувањето на Писмата, ги истакнува како неопходни следните барања кои треба да ги поседува толкувачот: a) исповедањето на Блажената Тријада, како што самиот милува да ја нарече, б) прочистувањето на срцето и чувствата на толкувачот, но и на слушателите, и в)  Духодвижечкиот карактер во толкувањето, кој се коментира во Светото Писмо.

 

 

 Проф. д-р Драган Зајковски
Институт за национална историја, Скопје

 

ЖИТИЈАТА НА СВ. КЛИМЕНТ КАКО ИСТОРИСКИ ИЗВОРИ: НОВ ПОГЛЕД КОН ЕДЕН СТАР ПРОБЛЕМ
    Историската наука бележи извесен број личности, настани, прашања и други проблеми, кои привлекуваат постојан интерес независно од тоа што трудовите за нив се многубројни. Меѓу нив се, секако, личноста и делото на св. Климент Охридски за кои досега е многупати пишувано. Притоа, основен историски извор за животот и делото на св. Климент Охридски се неговите две житија — долгото и кусото — напишани на грчки јазик. Благодарение на нив, ние сме во можност да ја реконструираме биографијата на светецот. Токму овие две житија на св. Климент Охридски се предмет на нашиот научен интерес анализирани од аспект на историските сведоштва кои истите ги содржат.
    На почетокот вниманието го задржуваме на датирањето и авторството на двете споменати житија. Имено, Пространото или Долго климентово житие било напишано од архиепископот Теофилакт Охридски за време на неговото архијерејство во Охрид од 1089 до о.1126 г. Второто, пак, житие е т.н. Краткото житие на св. Климент напишано повторно од охридски архиепископ, само сега 100-тина години подоцна. Станува збор за архиепископот Димитрија Хоматијан. Несомнено дека и двајцата автори при пишувањето на хагиографијата на светецот користеле на нив достапни пишани и усни сведоштва за животот и делото на светецот од словенска провиниенција кои за жал денес се изгубени.
    Што се однесува, пак, до содржината, Пространото климентово житие содржи единствени сведоштва не само за животот и дејноста на св. Климент, туку и многу повеќе: сведоштва за балканската историја во периодот од втората половина на 9. и почетокот на 10 век. Меѓу другото, Житието е основен извор за пренесувањето на делото на св. Кирил и Методиј на територијата на средновековната држава Бугарија во чиј состав, во наведениот период, влегувала и поголемиот дел од географска Македонија. Во Пространото житие се споменати и имињата на учениците на св.Кирил и Методиј: Горазд, Климент, Сава и Ангелариј, а за прв пат во изворите е споменато и името на ученикот Лаврентиј. Иако описот на дејноста на учениците на солунските браќа во Моравија е краток, настаните кои следеле по смртта на св.Методиј се прилично живо и подробно опишани.
    Она што следи како констатација од содржинската анализа на Пространото житие е забелешката дека во најголемиот дел од него се содржани податоци за дејноста на светецот како учител во Кутмичевица (денешниот Охридско – деволски крај) и неговата архијерејска дејност како  епископ во Дремвица или Велика.
    Имено, во периодот меѓу 870 и 879 година најголемиот дел од свештенството и епископатот во Бугарската црква биле испратени од Константинополската патријаршија под чија јурисдикција била нејзината автономија. Тоа практично значи дека најголемиот дел од црковната висока и нижа јерархија биле Ромеи (Византијци) и оттука ги бранеле интересите на Византија и Константинопол. Токму преку нив, Византија се обидувала да го задржи своето, не само црковно, туку можеби, многу повеќе, политичко влијание во Бугарија.
    До промена на црковната политика на кнезот Борис – Михаил Покрстител кон Византија дошло во 80-те години на 9. век. Со цел да го ограничи византиското влијание во Црквата во Бугарија, Борис решил постепено да го замени византиското свештенство и епископат со домороден словенски. Во остварувањето на оваа политика тој ги искористил прогонетите ученици на св. Кирил и Методиј, меѓу кои биле св. Климент и св. Наум. Овие настани подробно, речиси во детали се опишани во Пространото климентово житие кое е предмет на нашиот научен интерес.

    Имено, во споменатото Житие се соопштува дека веднаш по пристигнувањето од Велика Моравија во Белград (во тој период во состав на средновековната бугарска држава), од страна на тамошниот управник, учениците на св. Кирил и Методиј биле  испратени во бугарската престолнина Плиска кај кнезот Борис - Михаил. По краткиот престој во Плиска, св. Климент од страна на Борис - Михаил, во 886 г. бил испратен на мисионерска работа во југозападните гранични области на бугарската држава, каде, впрочем, најсилно се чувствувало византиското влијание. Притоа, Теофилакт поконкретно соопштува дека дејноста на св.Климент била во областа Кутмичевица. Оттука се поставува прашањето за убикација на спомената област Кутмичевица каде што Светецот цели седум години ја извршувал просветно - учителската дејност. Одговорот на ова прашање се наоѓа во податоците содржани во понатамошниот текст на Пространото климентово житие каде се вели дека од страна на кнезот Борис - Михаил, св.Климент добил три куќи во Девол и места за почивка околу Охрид и Главница. Токму затоа најголемиот број научници се изјасниле дека Кутмичевица се наоѓала во географска југозападна Македонија или поточно во охридско – деволскиот крај.
    Што се однесува до дејноста на св.Климент во Кутмичевица, неговата главна задача била ширење на словенската писменост и школување на свештенички кадар кој би ја извршувал богослужбата на словенски јазик. За таа цел тој создал мрежа од словенски училишта меѓу кои посебно место завзема основањето на високата школа во Охрид каде се изучувало глаголското писмо. Според житијните податоци биле обучени повеќе од 3.500 словенски свештеници за кои претпоставуваме дека постепено го замениле византиското свештенство во целата диецеза на Бугарската црква. Освен тоа, за потребите на словенската богослужбата, св.Климент превел на словенски јазик и извесен број на литургиски текстови.
    По седумгодишна учителска дејност св.Климент, во 893 г. бил хиротонисан за епископ на која должност останал се до неговата смрт во 916 година. Поради оскудноста на изворните податоци (епиграфски и археолошки) се уште со сигурност не може да се определи територијата која потпаѓала под црковната управа на св.Климент. Во контекст на оваа проблематика напоменуваме дека името на климентовата епископија првпат се спомнува во неговото Пространо житие каде се вели дека бугарскиот владетел Симеон (893 – 927) во почетокот на своето владеење, односно во 893 г. го назначил св.Климент за епископ на Дрембица или Велика.
И повторно тука, како што кажавме, се среќаваме со едно сеуште отворено прашање во науката. Станува збор за  убикацијата на неговата епископска столица. До денес, поради недостаток на археолошки и епиграфски материјал, истото се уште чека на конкретен одговор. Она што е недвосмислено јасно е фактот дека за време на епископската дејност, св.Климент развил уште позасилена пастирска, просветителска, црковно – организаторска и литературна дејност. Покрај преведувањето и докомплетирањето на богослужбената (литургиска) литература, св.Климент, за потребите на свештенството и верниците, составил слова, поуки и похвали за сите црковни празници и поголем број светци.
    Пространото климентово житие сведочи и дека за време на учителската и епископска дејност св.Климент бил ктитор на извесен број црковни храмови и манастир. Имено, во Охрид изградил манастир кон кој подоцна прибавил и друга црква позната по својата округла и сферична форма. Подоцна црквата била востановена како архиепископски храм. Што се однесува до споменатиот манастир подигнат од св.Климент истиот се идентификува со црквата св. Пантелејмон на денешниот локалитет Плаошник и воедно претставува прв досега познат словенски манастир на територијата на Р.Македонија.
Освен Пространото, за животот и дејноста на светецот сведочи и т.н. Краткото житие на св. Климент познато и како Охридска легенда, датирано во првата половина на 13. век. Споредено со Пространото, Краткото житие се смета за помалку веродостоен извор. Неговиот автор, Димитрија Хоматијан, направил низа фактографски грешки и неточности. Меѓу нив како поочигледни ги издвојуваме: 1) дека св.Кирил сам ги превел богослужбените книги на старословенски јазик; 2) дека св.Климент лично го крстил кнезот Борис; 3) авторот на житието на неколку места го греши името на бугарскиот владетел Симеон пишувајќи го како Михаил;  4) сосема погрешно, а во функција на тогашната дневна политика, авторот Димитрија Хоматијан соопштува дека св.Методиј бил тој кој лично го хиротонисал св.Климент за епископ на цел Илирик и сите бугарски земји.
На крајот од кажаното следува заклучок дека двете житија на св. Климент Охридски содржат сведоштва за неговите дела како учител, проповедник, епископ и културен деец. Воедно, тие се можеби и едни од најважните историски извори за историја на Словените на територијата на Балканот во втората половина на 9. и почетокот на 10 век; драгоцен извор не само за црковната и политичката историја, туку подеднакво за литературата и образованието на балканските простори од византискиот комонвелт во наведениот период. Воедно во нив се среќаваат податоци кои сеуште предизвикуваат полемики во научната јавност и чекаат на сигурен одговор.

 

 

д-р Анета Јовковска


Посакувани особини и компетенции на наставниците по духовно образование и воспитание според примерот на свети Климент Охридски и современите сознанија на православната христијанска педагогија и психологија

 

(краток извадок)
Личноста на наставникот претставува значаен фактор во едукативниот процес без оглед на тоа кои и какви се целите на училиштето. Од неговите особини зависи: психо-социјалната клима во одделението/класот, интерперсоналните односи и квалитетот на контакт што го воспоставува со учениците. Наставникот е модел за идентификација, па според тоа, врз развојот на особините на личноста на ученикот влијаат и особините на наставникот.
Основна цел на воспитно-образовната работа на наставниците треба да биде учениците максимално да ги развијат своите потенцијали. За да се постигне таа цел неопходно е наставниците да поседуваат компетенции за квалитетна воспитно-образовна работа и да имаат можности професионално да се усовршуваат и да напредуваат во текот на кариерата.
Според зборовите на светиот апостол Павле, наставникот во духовното училиште е призван и поставен од Бога за тоа: „И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето УЧИТЕЛИ“ (1.Кор. 12,28); „И никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога“ (Евр. 5,4).
Свети Климент Охридски бил совршен пример на наставник на кој секогаш може да се огледаат наставниците по духовно образование и воспитание. Тој за учениците бил образец на смиреност, љубов и мир, и најголем пријател на писмото и книгата (според Грозданоски, 2001: 49). Бил пример: и со животот и со добродетелите, и со дарбините и со знаењата, и со службата и со подвизите, и со творештвото и со целокупната своја личност (според Отец Стефан Санџаковски. Православието и македонскиот културен простор од XII – XIX век, Годишен зборник на Богословскиот факултет, книга 2, Скопје 1996, стр. 83-91).
Светиот апостол Павле го карактеризира воспитанието како „усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело“ (Ефес. 4,12). Во духовните училишта воспитанието претставува процес на усовршување на духовните воспитаници до положба на светост во делото на служење во Црквата. Во контекст на воспитанието, целта на свети Климент Охридски била да вгради во срцето на верниците (учениците) чисти религиозно-морални квалитети и успешно да ги води кон спасението. Оваа работа, според пишувањето на Теофилакт, „свети Климент ја вршеше не само дење, туку и ноќе, и се оддаваше на молитва, или се занимаваше со читање, или пак пишуваше книги, а некогаш, во исто време вршеше две работи: пишуваше и им предаваше на децата некакво знаење“ (цитирано кај Грозданоски, 2001: 70).

 

 

 

 Асс. докторант Кире Трајанов


„Мисиолошка егзегеза на секуларизираната религиозност“

 

 

 
За разлика од агресивно-атеистичкиот секуларизам кој ја прогласува „смртта на Бога“ и тежнее кон целосно искоренување на религијата, современиот процес на секуларизација е исклучително толерантен кон религијата, секако разбрана само како еден од мноштвото сегменти на човековиот живот. Религијата без Бога е посакуваното лице на христијанството за современото секуларно општество. Религијата без Бога, значи врзување на христијанската вера исклучиво за историјата и минатото. Наједноставно кажано, христијанската вера (разбрана како религија, а не како Црква!) добива статус на музејски експонат кој е предмет на посебно внимание и почит. Религијата се третира исклучуво како дел од историското помнење, традиција и култура. Но истовремено, таа не е разбрана и прифатена како начин на живење во согласност со Божјата волја, како духовен подвиг и борба против злото и страстите во човекот, како борба за стекнување на Светиот Дух и спасението. Секуларизираната религиозност не ја бара Вистината, туку само краткотрајната помош или задоволувањето на религиозните потреби, кои се повремени и се ограничени на одделни моменти од човековиот живот. Религијата се доживува како средство за „повисоки“ световни цели, а во многу случаи, нејзе ѝ се придава некаква декоративна улога.

асс. м-р Кирче Трајанов, ѓакон

 

 (Продолжува)

 

 

Скопје, Декември 2017 лето Господово

 (к.т.)

 ПРЕДАНИЕ И МИСИЈА

Свечена сала на Факултетот, 07.12.2017, 10:00 часот

П Р О Г Р А М А
10:00
Отворање на научниот собир

Прв блок

10:15
Прва работна сесија

Витомир Митевски
„Кирилометодиевското лексичко наследство“

Ѓоко Ѓорѓевски
„Свети Гаврил Светогорец епископ
Велички и Мagnum Iubilaeum“

Ристо Солунчев
„За логосот на црковната музика“Виктор Недески
„Охридската архиепископија во времето на Лионската унија (1274-1280)“

10:55
Дискусија
11:10
Втора работна сесија

Дејан Борисов
„Охридската архиепископија како наднационална Црква“

Александар Трајановски
„Односите на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква“

Бобан Петровски
„Јурисдикцијата на Охридската Архиепископија во средновековековен Полог“

Борче Илиевски
„Односите меѓу Македонската и Српската православна црква во седумдесетите

11:50
Дискусија

12:05
Пауза

Втор блок
12:30
Трета работна сесија
Ацо Гиревски, Марија Гиревска
„Вредности во наследство од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска
архиепископија“
Драган Зајковски
„Житијата на свети Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем“
Анета Јовковска
„Посакувани особини и компетенции на наставниците по духовно образование и воспитание според
примерот на свети Климент Охридски и современите сознанија на православната христијанска педагогија
и психологија“
Борче Грамбозов
„Критериумите за толкувањето на Светото Писмо според Свети Григориј Богослов и Свети Григориј
Палама како пример за современа егзегеза“13:10
Дискусија
13:25
Четврта работна сесија
Цане Мојаноски
„Црквата меѓу власта и цивилното општество“
Ненад Марковиќ
„Улогата на религијата во современото демократско општество - делиберација, партиципација и
дијалог“
Кире Трајанов
„Мисиолошка егзегеза на секуларизираната религиозност“
Милан Ѓорѓевиќ
„Православната мисија во секуларното општество“14:05
Дискусија14:20
Затворање на научниот собир

5-декември 2017 год.

 

Друго:

ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје организира : НАУЧЕН СОБИР на тема „Предание и мисија“

  • По повод 50 годишнината од прогласувањето на автокефалностана Македонска православна црква- Охридска архиепископија, неодамна беше претставено   изданието на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје - Јубилеен зборник
  • Промотори на изданието беа:
  • 1. Негово Преосвештенство, епископ Хераклејски г. Климент

2. Проф. д-р Пол Мојзес, главен уредник

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=bd5cMR8yQ4o[/youtube]



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная