логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје, Декември 2017 лето Господово - Православен богословски факултет

Под раководство на Проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за наука и меѓународна соработка, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје беше  организатор на  Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија.

Темата на собирот „Предание и мисија“, инспирираше истакнати професори од  Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, од Институт за национална историја, Скопје, како и професори и асс. докторанди од Богословскиот факултет, во своите трудови да образлагаат за Кирилометодиевско лексичко наследство, Житијата на св.Климент Охридски,св.Гаврил Светогорец епископ Велички,Охридската архиепископија,за логосот на црковната музика, за христијанството во Македонија и просветителската дејност на значајни црковни личности. По секоја работна сесија се отвараше кратка дискусија со оглед на временската рамка за презенатација на мноштвото научни трудови. Во секој случај се покажа  голем интересот за одбраната тема, а на крајот од еднодневниот собир, професорот Петко Златески во името на Библиското друштво на Македонија, на присутните им подели џепно издание на НОВИОТ ЗАВЕT.

 

Проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за наука и меѓународна соработка,

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје

 

 Православната мисија во секуларното општество

„Бележитиот православен богослов на дваесеттиот век, отец Георгиј Флоровски, укажува дека православното црковно предание претставува нешто многу повеќе од статичен традиционализам затворен во минатото – тоа не може да се сведе на постојано цитирање на авторитетите од претходните векови и на дословно следење на веќе утврдените форми и дефиниции. Доколку современиот православен богослов сака навистина да ги следи светите отци на Црквата, потребно е на прво место да се здобие со нивниот ум (φρόνημα), благодарение на кој самите отци ги опсудувале предизвиците на своето време и одговарале на нив. Сведочењето на евангелската порака за спасението преку Христовиот Крст и Воскресение претставува континуиран процес во кој непостојаната и престарена историја на светот и човештвото се озарува од „единственото ново под сонцето“, воплотениот Логос Божји. Динамизмот на мисијата и постојаноста во преданието се темелите врз кои историското постоење на Црквата е устроено.

Основањето на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридкски“ пред точно четириесет години претставува автентичен израз на преданската мисија на Црквата. Овој клучен историски настан, заедно со возобновувањето на древната Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија десет години пред тоа, е одговор на реалните литургиско-пастирски потреби на православните граѓани на Република Македонија во условите настанати по крајот на Втората светска војна. На тој начин, Православниот богословски факутет и МПЦ-ОА веќе неколку децении ја исполнуваат својата историска мисија – да го актуелизираат и разгрнуваат живото предание на Црквата во секој момент од историјата, согласно тековните предизвици и животниот контекст. Оттука произлегува и темата на Научниот собир што го организираме по повод овој Јубилеј. Темата за преданието и мисијата е органиски содржана во самиот настан што го одбележуваме. Истата, пак, е предмет на научно-истражувачки интерес како во доменот на богословската наука, така и во поширокиот домен на хуманистичките науки.“

 

„Човештвото на сите времиња жеднеело по живата проповед за воплотениот Логос, за Словото Божјо кое стана тело, за Бога кој стана еден од нас, кој претрпе страдание и смрт и кој воскресна во третиот ден. Внимавајте, ова не е само школска догматска формулација. Ова е егзистенцијална стварнoст, која стои во основата на православната мисија во историјата. Затоа, дијалогот на христијаните со овој свет и век не е некаква неизбежна непријатност, нешто што христијаните што живеат во човечкото општество „од немајкаде“ го прават, нешто што е пожелно да се избегне доколку е можно. Светот не е отфрлен од Христа, туку е повикан на заедница со Него. Таа заедница не се остварува на сила, туку преку сведочењето на Вистината. Но, за тоа сведоштво да се артикулира на начин достижен за светот, православните теолози треба прво тој свет да го осознаат, заедно со сите негови „непознати божества“, вклучително концептите за општествениот дијалог, граѓанското општество, човековите права, либералната демократија и т.н. За такво нешто е нужен сеопфатен интелектуален ангажман.

Стекнувајќи јасна претстава за светот во кој живееме, ќе можеме на светот да му ја сведочиме со збор и со дело личносната Вистина, Богочовекот Христос. Бројни форми на дејствување кои современото општество ги нуди можат и требаат да бидат инкорпорирани во служењето на Црквата на помесно, епархиско и парохиско ниво. Тука спаѓаат: инкорпорирање во цивилниот сектор преку основање на граѓански здруженија и фондации; вршење на социјална дејност, вклучително: отворање центри за психолошко советување и поддршка, детски центри и градинки, црковно-просветна дејност, издавачка дејност, црковни медиуми; преземање на водечка улога во сферите кои ја засегаат, како: отворање на културни центри, иницирање на дијалог меѓу религиите и промовирање на стандарди за тој дијалог кои ќе бидат согласни на преданието на православната Црква, промовирање јавна дебата по клучни општествени и црковни прашања; основање на научно-просветни институции (надвор од рамките на богословското образование), вклучително основни и средни училишта и универзитети и т.н.
Црквата не се плаши од светот и историјата – затоа што со неа е живиот Бог. Црквата не се плаши од науката и од докажаната вистина – затоа што таа за своја глава ја има воплотената личносна Вистина, Богочовкот Христос. Црквата не го отфрла светот, туку му го принесува светот на неговиот Творец; таа не го проколнува, туку го благословува и осветува. Вистина, Христос не дојде во светот да донесе мир туку меч (Матеј 10,34) – но тој меч не е мечот на дуализмот кој сака да го ја распори утробата на Божјото создание и да го разедини „духовното“ од „материјалното“, туку тоа е мечот на подвигот во вистината и љубовта кој треба да ја пресече нашата папочна врска со страстите, со патолошката нездрава сраснатост со желбите и стравовите на историското постоење. Тогаш нема да се плашиме од светот, туку ќе го прегрнеме како што Христос на крстот го прегрнал. Таа прегратка не се темели врз сентиментална емпатија, туку врз состраданието и споделувањето на болката на целото човештво низ историјата. Таа не е снисходење на гревот, туку е токму спротивното: непоштедна борба против него со единственото средство кое може да го победи – Христовиот крст. Таа прегратка е и сведоштво, и прекор, и изобличување – бидејќи не е можно да му сведочиме на светот, да го прекориме и да ги изобличиме неговите застранувања ако прво не го прегрнеме, ако не го возљубиме ближниот како себеси. Во таа прегратка се состои суштината на православната мисија во светот – мисија која под една Глава ги обединува членовите на црковното тело и ги врежува нивните лични и колективни имиња во нетлените диптиси на царството Божјо.“

 

 д-р Цане Т. Мојаноски
Редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје
Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 ЦРКВАТА МЕЃУ ВЛАСТА И ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО

Резиме
Предмет на трудот е актуализирање на некои релации меѓу црквата, власта и цивилното општество, просторот во кој се наоѓаат современите верски институции. Од тој аспект особено е актуелно и значајно да се отвора прашањето на секуларноста, секуларизацијата и на лаицизацијата на општеството. Посебно, во таа дебата е значајно да се поставии прашањето, каков е односот на верските институции кон овие прашања, посебно на црквата, која својот милениумски развој го темели на бројни поставки, искуства и решенија, кои не секогаш имаат простор за дејствување или пласирање на сопствените погледи. Во таа смисла е значајно да се отвори дебата за воспоставувањето на општествен и психолошки склад меѓу религијата и политиката, односно Црквата и државата, како и да се воспостави внатрешно единство на верничката и политичката димензија на човекот како граѓанин. Во таа смисла треба да се афирмира неидеолошката секуларност и лаичноста, како одговор на идеолошкиот секуларзам и лаицизам.
Клучни категории: црква, власт, цивилно општество, политика, секуралност, лаицизација, партизација.


Вовед
На Четиридеценискиот развој на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, сосема очекувано му прилега да го отвори прашањето за “Преданието и мисијата“. Вклучувањето во оваа дебата е да се биде дел на чествувањето на Јубилејот, но и да се актуализираат некои од прашањата за односите меѓу Црквата и општеството, државата и секако, власта. Значи, станува збор за постојани или повремени појави, процеси и односи меѓу, општеството, државата и власта. Овие последните две групи односи се регулирани со темелните документи, како што е Уставот, а односите со власта со законите и другите акти. Искуствата на земјите со подолга демократска традиција покажуваат дека тоа прашање го решиле на тој начин што прашањето на положбата на Црквата е предегсистентна, и не се регулира прашањето за нејзината положба. Таа им претходи на таквите документи. Со закони се уредуваат прашања сврзани за правниот промет и за поволностите што како структура ги има во заедницата. Имено, прашањата што се поврзани со практикувањето на верското учење, како и со обезбедувањето на определени предуслови со него се надвор од државната регулација. Прашањата што се надвор од тој видокруг подлежат на позитивните прописи.

Околу поимите: црква, власт, политика и цивилно општество

На самиот почеток неколку одредници околу тоа што подразбираме под категориите „црква“, „власт“ и „цивилно општество“. Зошто е тоа потребно? Овие поими, во разни подрачја и во разни дискурси имаат различно значење. Поимот Црква за теолозите има една смисла и значење, за општествените научници друго, пред се емпириско значење. Дистинкцијата се чини, за да се насочи и определи теоретскиот и методолошкиот пристап во нивната интерпретација. Значи, поимот Црква (грч. ekklesia) има бројни значења. Таа е дел на општеството и е негов субјект. Позитивно се врзува за социо-политичкиот поредок во кој егзистира. Тоа значи дека го прифаќа постојното општество, го подржува, ги почитува другите установи на општеството. Со својата положба и учење, духовно го легитимира постојниот општествен поредок и односот на моќта во него. Се јавува како носител на вредностите и ги санкционира моралните и обичајните норми. Во општествената организација, тежнее кон универзалноста со обиди да го канализира однесувањето на верниците и да понуди сет, на морални вредности и норми. Како дел од општествената организација црквата е поврзана со општествените групи и ја остварува улогата на создател, чувар и пренос на религиските вредности, традиции и искуства, ја организира и координира религиската дејност и има важни интегративни, политички, правни и идеолошки функции во глобалното општество. Таа е и заедница, во и од која егзистираат поединци, значи имаат и определени интереси. Но, таа е и заедница која остварува определено предание и мисија. Таквата положба ја усложнува аналитичката постапка и истражувачката диоптрија, на моменти ја чини нејасна, недоволна и непрецизна.
Во тој контекст, Црквата се набљудува како формална, институционализирана религиска организација (заедница) со бројни поддржувачи и верници, сакрални објекти, свештеници и службеници, образовни институции, организирана во бројни територијални единици (парохии), со мисионерска, издавачка и информативна дејност, со развиена економска структура и висок углед во социјалното окружување и јавното мислење (Ђорђевић, 1998, стр. 5). Значи, кога зборуваме за Црква, пред се, имаме предвид дека станува збор за посебен тип на религиска организација. Внатрешните односи се темелат на хиерархијата, централизација на управувањето и поделба на припадниците на црквата на професионални црковни чиновници, клир (свештенство), на кои им се потчинети останатите верници (лаиците). Нормативно со „црква, верска заедница и религиозна група“, се подразбира „доброволна заедница на физички лица кои со своето верско убедување и изворите на нивното учење ја остваруваат слободата на вероисповедта соединети по вера и идентитет изразен со подеднакво извршување на богослужба, молитва, обреди и друго изразување на верата“ (член 1 од (Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, 2007).
Кога го употребуваме поимот црква, всушност расправаме за општествен феномен, кој е дел од општествената стварност, кој располага определен број на карактеристики што го определуваат нејзиниот идентитет втемелен на учењето, воспоставен како организациска структура, од тој аспект како институција и правен субјект кој партиципира во општествените и правните односи. Во социолошката литература определувањето на поимот „црква“ се врзува за Макс Вебер, според кој таа е институција во која се припаѓа од раѓање и за вклучување во неа не се потребни посебни квалификации, односно припаѓањето кон црквата е општо. Таа е институција која поседува специфична општествена моќ и затоа е блиска со политичките здруженија. Нејзината моќ, Вебер ја нарекува „хиерократска“, и, според него таа, се темели на податокот дека црквата поседува монопол над религиските симболи и е во можност на своите верници да им го скрати, односно ограничи нивното користење (Ђорђевић, 1998, стр. 4).
Кога се зборува за власта воопшто, тогаш тој поим се однесува на разни облици и положби, како што е министерската власт, власт на командантот на специјалната единица, на претседателот на друштвото на криминалисти, на таткото во семејството, секретарот на партиската организација, на командирот на полициска станица итн. Поединците на тие места не мораат да се богати, општествено угледни, па и не мораат да имаат високо образование, но, сепак, имаат некоја моќ, го имаат тоа што се нарекува - власт. Оттаму поимот власт може да се дефинира како моќ која потекнува од положбата во некоја организациска хиерархија на која се наоѓа тој којшто располага со неа. Зад секоја власт стои определена принуда, некаде во облик на физичко насилство, некаде во облик на законски санкции, некаде во морални, обичајни и други санкции (Мојаноски, 2017). Поимот политичка власт може да се определи како институционализирана моќ или способност ефективно да се предизвика доброволно потчинување на лицата (со убедување) или со сила (со принуда) (Tadić, 1996, стр. 118).
Во политикологијата и политичката социологија се користи дефиницијата за власта како однос во кој „определени лица се покоруваат на наредбите со определена содржина“ – вели Вебер. Власта како тип на (политички) однос може да постои само ако има силен управен апарат. Имено, за да може да се владее потребен е апарат и верба во легитимноста на власта. Рационална или легална власт е онаа власт која се темели на верувањето во „легалноста на законски заснованиот поредок“, додека традиционалната власт е втемелена во верувањето во сакралноста на традицијата, и се потпира на искуството на претходните генерации и ги повикува на некаков (и)рационален авторитет, а харизматската во вербата на харизматските обележја на некоја личност, носител на власта (Вебер, I 1976).
Во тесна врска со поимот власт се и поимите политички поредок и политички режим. Со политички поредок се именува системот на институциите кои ја сочинуваат власта во некоја држава. Во тесна врска со него е и поим политички режим. Тој се определува како начин на кој е организирана државната власт, односно и севкупност од постапки, методи и начини, средства за остварување на политичката власт (Мојаноски, 2002). Понекаде тој се сведува на правилата и целите на политичкото однесување.
Содржината на власта е моќта. Поимот „моќ“ во современата политичка наука прв го вовел Томас Хобс во своето дело De cive (За граѓанинот). Моќта има две значења (физичко и политичко), чии латински транскрипции се „potentia” и „potestas”. Според него, најголема човекова моќ е моќта на државата, или обединетата моќ на најголем број луѓе. Во таа смисла волјата и наметнувањето на волјата несомнено претставуваат основна супстанција и суштина на политиката (Tadić, 1996, стр. 109). Моќта се манифестира во различни облици. Klaus von Beyme пишува: „Моќта може да се темели на влијанието, на адресирањето, на манипулацијата и во најгруб случај на голото насилство“ (Beyme, 1977, стр. 160). Всушност, влијанието значи дека поединецот кој има моќ може да го промени однесувањето на оној што го прифаќа тоа влијание. Во теоријата на групите од интерес, значајна категорија е влијанието. Влијанието се шири преку формалните или неформалните облици на заемна комуникација или преку медиумите (Milradović, 1996, стр. 8). Носителите на политичката и општествената моќ се служат и со соопштување. Соопштувањето е само еден од облиците на влијаниe. Средствата за неговото ширење се медиумите. Смислата е да се промени намерата за одлуката, или донесувањето на одлуката. Ако соопштението се прифати, тогаш се смета дека изворот ја променил одлуката и почнал да се однесува според волјата на налогодавачот, а ако не, значи дека налогодавачот го променил начинот на своето комуникациско дејствување, или методот на манифестирање на моќта (Milradović, 1996, стр. 8).

 

 Проф. д-р Ратомир Грозданоски

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје

СВEТОТО ПРЕДАНИЕ
СПОРЕД АПОСТОЛИТЕ ЛУКА И ПАВЛЕ
    
    За апостолите Лука и Павле знаеме од запишаното во Светото писмо, особено, од нивните книги во Новиот завет и од житијните сведоштва во Светото предание. Се знае дека Павле и Лука биле соработници во апостолското дело при нивната мисионерска дејност во Европа, а најмногу во Македонија.
    Има повеќе сличности меѓу нив. Овие сродни души останале неразделни до смрт, и двајцата целосно посветени на делото Господово.
    Лука и Павле се двајцата најучени луѓе меѓу апостолите. Лука е лекар, а Павле книжевник-филозоф. Заедно се школувале на Универзитетот во Тарс. Потекнуваат од најспомнуваните библиски народи: Павле Евреин, а Лука Македонец. И двајцата се од расеаните, раселени народи во дијаспората низ Азија: Павле Евреин во Тарс, а Лука Македонец во Антиохија. Како што е Стојан Македонец во Минхен, Трпе Македонец во Њу Јорк и Трајче во Мелбурн. И двајцата стануваат апостоли Христови и заедно дошле во Македонија.    
    Дел од овие вистини за двајцата великани во историјата на христијанството се посведочени во Светото писмо, а дел произлегуваат од Светото предание и се дополнуваат. Притоа, во ништо не си противречат, а меѓусебно се потврдуваат. Тоа сведочи дека и двете имаат ист происход ‒ доаѓаат од Божјото откровение. Тоа е изворот и за Светото писмо и за Светото предание.
    Така, на пример, дека е Лука лекар потврдува и Светото писмо, во кое лично апостолот Павле запишал: „Лука, возљубениот лекар“, а така вели и Светото предание.
    Така е и за нивното доаѓање во Македонија. Тие вистини се библиски и светопреданиски потврдени. Непобитни вистини се и сведоштвата за нивното апостолство и нивната дејност, за напишаните библиски книги и сè друго што е белег на нивните личносни икони Божји.
    Дури и самите тие во своите библиски книги го потврдуваат Светото писмо и Светото предание како едно и севкупно Божјо откровение. Тоа го прават најјасно и најубедливо од сите библиски писатели на новозаветните книги. Затоа нив ги посочуваме за најсигурни сведоци на оваа вистина во богословието на Исток и во Црквата Православна.
    Проучувањето на Лука и Павле и нивните библиски книги е многу важно, а според обемноста тие се над половина од Новиот завет. Двете книги на апостолот Лука: Светото евангелие и Делата на светите апостоли се над една четвртина од Новиот завет, како и посланијата на апостол Павле. А само 14-те Павлови посланија се над половина од вкупниот број на 27-те новозаветни книги.

    ........
    Во Светото писмо на Новиот завет Евангелието според Лука е третото по ред Евангелие во Библијата.    
    Но, зошто се четири евангелијата? Зар не било доволно едно? А многу работи и се повторуваат во нив? За што ли не се сетил Бог да каже во првото, па да има и второ, и трето, дури и четврто евангелие? Каква е пораката од тоа и кое е значењето?
    ........
    Најголемите библиски сведоци за Светото предание се апостолите свети Лука и свети Павле. Тие потврдуваат дека Преданието е Откровение Божјо како и Светото писмо. Нивните докази се богооткриени и библиски вистини. Тоа е силата, светоста и богопроисходот на Светото предание и на Светото писмо ‒ двете се од едно и двете се едно: Откровение Божјо.


    ........
    Најсилниот библиски текст којшто непобитно сведочи за Светото писмо и за Светото предание го има во почетокот на Евангелието според Лука. Тоа започнува вака: „Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав сè од почетокот, да ти напишам точно по ред, честити Теофиле, за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел“ (Лука 1,1-4).
    Овој Пролог на Евангелието е типичен за историскиот жанр во старата античка литература. Евангелистот Лука вели дека во Евангелието ги запишал настаните онака „како што ни ги предадоа“ ‒ според Преданието. Имал тој многу богати усни извори на информации, кои ги проверувал и тоа го нагласува, велејќи: „откако испитав сè од почетокот“, а кажаното го потврдувал со „очевидци“, кои не биле било кои луѓе, туку авторитетни личности и „служители на словото“.
    Освен тоа што го зел од Преданието, тој имал и непобитни сведоштва, со силни аргументи за настаните што ги пишува во Евангелието. За тоа посочува и историски факти и докази, спомнувајќи значајни личности од историјата и точни години, како што вели: „Во деновите на Ирода, царот Јудејски...“ или „Во тие дни излезе заповед од ќесарот Август, за попис на сите жители. Тоа беше прв попис за управувањето на Квириниј во Сирија...“
    ........
    Лука апостолот бил вдахновен од Бога да го напише Евангелието и боговдахновено знаел дека христијанското учење за раѓањето на Господ Исус Христос во тело ќе биде злоупотребено од еретички гледишта и затоа ги дал тие докази и факти. Притоа ги наслутувал докетите, подоцнежните гностици и другите христолошки ереси што се појавиле низ вековите.
    ........
    Лука го ползувал Преданието и го впишал во Евангелието, колку што требало, а тоа го направил и во Делата на светите апостоли. Таму, врз Предание го напишал целиот текст до половина од книгата...
    .....
    После силните евангелски сведоштва на апостолот Лука, најголемата библиска потврда за Преданието и Писмото доаѓа од апостолот Павле. А тој ова им го пишува на христијаните во Македонија, во Посланието до Солунјаните, и вели: „И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте, било преку нашето слово, било преку нашето послание“ (2. Сол. 2,15).     
    Првпат кога почнал апостолот Павле да пишува библиски книги, кога започнал со пишување на своите посланија, првото свое послание го упатил во Македонија. Го испратил кај оние што најпрво им проповедаше со збор, кога дојде за првпат во Европа. Ним најпрво им се обраќа и со Послание. Двојно првенство: и со збор и со писмо ‒ и со проповед и со послание... Неговите две првонапишани книги во Библијата ги упатил и двете во Македонија. ...
    Во нив ја опфаќа и темата за Светото предание, со што покажува колку е многу важна оваа тема и нејзе ѝ дава простор уште во првите свои книги до христијаните. На ова значајно прашање за Црквата му посветува должно внимание и нагласува дека е тоа гаранција за чување на правото учење, на правоверието и чистоверието, како што ни го предале апостолите.
    И вака вели апостолот: „Држете ги преданијата што ги научивте, било преку нашето слово, било преку нашето послание“. Силно и пресилно. Јасно и прејасно. Искажано во полнота. Тој поставува равенство ‒ еднаквост меѓу она што е апостолско „слово“ или „послание“ ‒ збор или писмо, Предание или Писание, Свето предание и Свето писмо...
    .....
    Во оваа студија се опфатени и прашањата: Чие е Светото предание? Од кого е, што е и каде е?
    Светото предание како Божјо откровение или Божјото откровение како Свето предание...
    Светото предание: Арамејско  христијанско предание ‒ Усна традиција. До кога тоа траело? Кои се сведоштвата за неговата вистинитост и веродостојност? Цитирањата според усното предание...
    Предание и преданија. Исто ли е Предание и Традиција? Што е Предание (παράδοσις, ‒εως, ἡ), а што традиција (traditio)? Кога Преданието е Традиција или не е традиција?
    Светото предание ‒ Предание на Црквата. Живее во Црквата. Тоа е живо, дејствува и спасува.
    Кој го дочувал Светото предание? А кој го чува сега Преданието?
    Признаваат ли протестантите Свето предание? Што е Sola Scriptura?
    Погрешно толкување на Светото предание. Предавство на Преданието.

 

 

Проф. д-р Александар Трајановски

 
Односите  на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква - (Грамоти испраќани од Македонија и даиацезата на Охридската архиепископија до руските цареви и патријарси од ХVІ до ХVІІІ век)\


(Р е з и м е)


 

Предмет на обработка во овој прилог се бројните патувања и контакти на повеќе црковно-манастирски придружби од Македонија и воопшто од диацезата на Охридската архиепископија и нивните средби и соработка со руските цареви, митрополити и патријарси од ХVІ до ХVІІІ век. Значи, под горниов наслов се подредени содржините на бројни селектирани грамоти во кои се согледува дека од Македонија и воопшто од диацезата на Охридската архиепископија патувале бројни црковно-манастирски патници, кои од руските цареви и патријарси барале материјална помош за своите осиромашени и запустени храмови. Имено, со предходно обезбедени препорачани дозволи од поглаварите на Охридската архиепископија или од други источно-православни  цркви во вид на т.н. милостиви грамоти, пишувани на грчки (катаревуса) или црковно-словенски јазик, црковно-манастирските придружби тргнувале на долг, исцрпувачки и неизвесен пат од одделни храмови од ,,Македонската земја‘‘ или од диацезата на Охридската архиепископија на пат за Русија за да молат да добијат материјална  помош (милостина) од руските световни и црковни великодстојници. На тој долг пат во Мало Русија (Украина) црковно-манастирските придружници биле прифаќани, следени и заштитувани од украинските козачно-хетмански војсководачи, кои биле во сојуз и некаква потчинетост на великоруската држава. Ноќевале и биле згрижени во затоплени црковно-манастирски конаци или простории, кои ќе им ги понуделе домаќините на нивен трошок. Најчесто во Путивљ ја преминувале украинско-руската граница, кога организирано се уптаувале во главниот градна на Велико Руската Империја во Кремљ (Москва). Во главниот град на Русија биле сместувани во најзначајните руски храмови во Москва или во околината. Потоа биле примани од руските цареви и патријарси на разговор, во кој случај најчесто добивале благослов и даровни грамота, а со тоа и материјална помош (милостина), за да ù идните поколенија на одделни црковни делегации од спомнатите храмови можеле да престојуваат во Русија по милостина на секоја трета до седма година.
    Помошта (матетијална и морална) на одделните цркви и манастири од Македонија и воопшто од доацезата на Охридската архиепископија им била потребна за да ги отплатат своите бројни и неизмерно зголемени давачки, што им биле наметнати од Османлиите. Во одделни грамоти често пати им се овозможувало на одделни црковно-манастирски придружници почесто да доаѓаат во Русија по милостина. Сето тоа било пререгистрирано  во новите пообемни даровни грамоти пишувани овој пат на староруски јазик, што им ги издавале со лично потпишување одделни руски цареви и патријарси. Добиените даровни грамоти им овозможувале, меѓу другото, безбедно и бесплатно прстојување со обезбедени запрежни коморични коли, коњи, храна, пијалоци, безбедност и ноќевање во затоплени простории, за да слободно се враќаат на пат низ Русија и Украина кон својата крајна дистинација - својата земја и црква. Дека патувале од ,,Македонската земја‘‘ и од диацезата на Охридската архиепсикопија тоа било доста манифестационо прикажувано во грамотите од ХVІ до ХVІІІІ век.
    Патувањето од ,,Македонската земја‘‘, како што обично е забележано во грамотите или воопшто од диацезата на Охридската архиепископија за Русија, најчесто кон главниот град Москва, се одвивале во неколку препознатливи правци и тоа: 1) преку Бугарија или Константинопол, Црното Море, по течението на реката Днепар, Одеса, Киев, граничниот премин меѓу Мало Русија и Велико Русија - Путивљ до Москва (или т. н. поморски пат); 2) преку Бугарија, Влашко, Молдавија, Украина и преку Путивљ за Москва; 3) преку Србија, Унгарија, Украина, градовите Љвов, Чернигов, Путивљ, Севск во правец на Москва, и 4) преку европските земји: Италија, Австрија, Франција, Холандија, Англија, Словачка, Чешка, Полска преку Украина за Русија.
    Во текот на патувањето на повеќе црковно-манастирски придружби од Македонија и воопшто од диацезата на Охридската архиепоскопија во текот на ХVІ, засилено низ целиот ХVІІ и почетокот на ХVІІІІ век, во одделни случаи предводени од поглаварите на Охридската црква, како што биле случаите со архиепископите: Гаврил (1586), Атанасиј І (1604 - 1606 и 1614), Нектариј І (1616), Аврамиј Месапса (1631-1634), Харитон (1641-1651), Дионисиј (1652), Даниил (1652/3), Арсениј ІІІ (1668), Нектариј ІІІ (1673), Мелетиј ІІ (1676), Филотеј (1721) и други, кои имале средби и разговори со руските цареви и патријарси, или пак оние црковно-манастирски придружби предводени од архиерејството и ерејството на Архиепископијата, кои со себе носеле потпишани и препорачани милостиви грамоти од охридските архиепископи: Јоаким, Аврамиј, Митрофан, Софрониј, Нектариј І, Теудол, Даниил, Нектариј ІІ, Харитон, Мелетиј І, Дионисиј І, Атанасиј ІІ, Мелетиј  ІІ, Герман и други, од кои одделни од нив, исто така имале средби со руските световни и црковни великодстојннци, можеме да ги следиме македонско-руските врски и соработка во тоа време.  Напоредно со тоа се следат и врските на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква од ХVІ до почетокот на ХVІІІ век. Во таа смисла, македонско-руските црковно-просветни и културно-општествени врски и контакти можеме да ги следиме од бројните над стотина грамоти што ги пронајдовме, испишавме, ксероскопиравме или фотокопиравме во специјализирани руски архиви каде што се чуваат стари документ и акти. Најголем број од првобитните милостиви грамоти се потпишувани од поглаварите на Охридската архиепископија или поглаварите на други источно-православни помесни цркви на грчки (катаревуса) или црковно-словенски јазик, во кои тие молеле за помош (милостина) од Русија.
Доста интересни се и возвратните дровни грамотите пишувани на староруски јазик што ги потпишувале и издавале руските цареви и патријарси, во кои се регистрирани  видот и количината на помошта (милостината). Во обата случаи се регистрирани бројни цркви, манастири, градови и села во Македонија; се спомнувале повеќемина поглавари  (архиепископи), архиереји (митрополити, епископи) и ереји (архимандрити, игумени, ѓакони, протоереји и воопшто свештеници) од црковно-манастирските придружби, поими и елементи како што се: географскиот и етнографскиот поим: Македонија и Македонец, Македонска земја, македонски мажи и македонски жени, македонски град, село, епархија, црква и слични етнично-географски црковно-народносни класификации.
    
    Посебно интересни моменти во прилогот, што ни оставија особен впечаток претставуваше титулирањето на одделни поглавари на Охридската црква, а имено: 1) Архиепископот Гаврил, кој според И. Снегаров себе си се сметал и за патријарх, и кој во Русија пристигнал во 1585 година со забележителна (свита) придружба: прилепско-пелагонискиот митрополит Еремииј, гребенскиот митрополлит Софрониј, со повеќе архимандрити, архиѓакони и 13 слуѓи, најпрво од рускиот научник А. Муравјов бил регистрираан како „Гаврœла Охридскаго и Первоj ›uстïнïанïj“ – Гаврил Охридски и на Прва Јустинијана, или во друга прикиа се титулирал како „архиепископ Гаврил Охридски и на Прва Јустинијана Охридска и патријарх на цела Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, Влахија, Молдавија, Далмација и на други земји“.
    2. Архиепископот Нектариј I (1598-1626), роден во Охрид, кој во Русија  пристигнал во 1604 година, според Гоце Жура се титулирал како „Нектариј архиепископ на Прва Јустинијана Охридска и на цела Бугарија, Србија, Албанија и на другите места“.
    3. Најинтересното и најхазардерското патување на еден охридски поглавар Аврамиј Месапса, кој од Македонија тргнал за Русија за да бара материјална помош за да не биде претворена во џамија катедралната црква „Воведение на Пречиста Богородица“, кој од Охрид тргнал на 6 март 1631 г., со поддршка на потписите на 10 мирополити и 3 епископи на Охридската архепископија, во Италија (Рим и Венеција) останал цела година и имал средба со папата Урбан VIII, преку Франција,  Белгија, Холандија (престојувал во Амстердам), во Лондон зимата останал 6 месеци (имал средба со кралот Чарлс I (1633), кој со негова помош и на англискиот трговец Јуриј Браун преку Скандинавскиот Полуостров, Северниот леден Океан, преку Беранцовото Море, а оттаму преку Белотото Море, по 8 месечно поморско патување стасал во устоет на Двинскиот Залиф и новоосонованиот руски град Архангелс (1584). Така заобиколено патувал затоа што во Прибалтилките земји, Полска и Малорусија се водела т.н. Руско-полско-литванската војна (1631-1634), така што од Охрид до Архангелс патувал 2 години и 6 месеци. Оттаму сега патувал на југ, преку Сергиевскиот манастир познат како Свето Троицко-Сергиевста лавра, стасал во Москва и имал средна со царот Михаил Теодорович и патијархот Филарет (Никетич). Откако добил од нив благослов и даровна грамота (бр. 8 од 29 април 1634 година), преку Великорусија, Малорусија и градот Путивљ кој што го напуштил на 22 мај 1634 г., преку Литванија, германските држави, Холандија (повторно отседнал во Амстердам), Франција (во Врсај имал средба со францускиот крал Луј XIII), преку Италија во Охрид се вратил дури  во мај 1635 година. Во милостивата грамота охридскиот поглавар се прикажувал како „Преблагонејшиј архиепископ  на света Јустинијана Охридска, господин Аврамиј“.  Во грамотата веднаш под него се потпишал вториот по ранг и значение владика на Охридската архиепископија како „Понизниот митрополит костурско Харитон и првопрестолник на Охрид“.   
    Секако засега најкарактеристично и најколоритно се титулирал архиепископот Харитон (641-1651). Тој за Русија потпишал рекордно 14 милостиви грамоти барајќи оттаму материјална помош, особено за да ги доотплати црковните долгови и заробените скапоцености  на  спомнатата катедрална црква  на Охридската архиепископија „Воведение на Пречиста Богородица“, да не биде таа претворена во џамија. За таа цел, со една од спомнагите 14 грамоти, тој најверојатно патувајќи за Русија и понел со себе мошне специфични и несекојденвни поклони: 1) за царот Михаил Теодорович – дел од чесното и животворно дрво на крастот на Господ Исус Христос; 2) Втор поклон на великата кнегиња Евдокија Лукановна – икона со ликот на Пречиста Богородица изработени од злато, 3) Трет поклон на принцот Алексеј – Подарок икона со ликот на сватиот великомаченик Георгиј Победоносец, исто таа изработена од злато, и четврт општ поклон – свето миро од светот великомаченик Димитриј Солунски. На одделни од овие грамоти, или барем со оние што во овој момент располагаме, напишани во Охрид со грчко писмо (катревуса), што лично поглаварот на Охридската архиепискоија се потпишувал, тој мошне карактерстично се регистрирал  и тоа како: „Харитон, по милост божја, архиепископ на Јустинијана Прима Охридска, на Србија, Бугарија, Албанија, Западен Понт и патријарх на останатите“; потоа како: „Харитон, по милост божја, архиепископ на Јустинијана Прима Охридска, на Србија, Бугарија, Македонија, Западен Понт и патријарх на останатие“; „Харитон, по милост божја, архиепископ на Јустинијани Прима Охридска или најкрато како „А.Х.“.

 

 

п.с. По публикувањето на Зборникот на трудови од оваа научна конференција,

ќе бидеме во можност интеграло да ви бидат достапни трудовите на објавение автори.

 

Скопје, Декември 2017 лето Господово

 (к.т.)

 ПРЕДАНИЕ И МИСИЈА

Свечена сала на Факултетот, 07.12.2017, 10:00 часот

П Р О Г Р А М А
10:00
Отворање на научниот собир

Прв блок

10:15
Прва работна сесија

Витомир Митевски
„Кирилометодиевското лексичко наследство“

Ѓоко Ѓорѓевски
„Свети Гаврил Светогорец епископ
Велички и Мagnum Iubilaeum“

Ристо Солунчев
„За логосот на црковната музика“Виктор Недески
„Охридската архиепископија во времето на Лионската унија (1274-1280)“

10:55
Дискусија
11:10
Втора работна сесија

Дејан Борисов
„Охридската архиепископија како наднационална Црква“

 

Александар Трајановски
„Односите на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква“

Проф. д-р Александар Трајановски, сега веќе пензионер, беше редовен професор на последипломските и доторски студии, како и научен советник во Институтот за национална историја-Скопје, каде што работеше околу 40 години, до пензионирањето. И денес е таму редовен професор како пензионер на новиот вид на докторските студии и ментор на докторанти, особено ако станува збор за црковната и културно-просвена историја.
Беше едно време и визитинг професор на Сорбона. Реализирал повеќе студиски и научно-истражувачки престои во Париз, Москва, Софија...
Околу 20 годиини предаваше 2 предмети (Историја на македонскиот народ и Историја на православните помесни цркви) на Богословскиот факултет и учествуваше во одбраната на одделни докторски дисертации како хонорарен (надворешен) професор. И за давата предмети објави одделни публикации, нешто повеќе од учебници. Таму „негови“ студенти се над 5-6 македонски владици на МПЦ и повеќемина архимандрити, игумени, монаси и монахини; на одделни од нив дури им бил ментор на нивните дипломски трудови.
Автор на над 50 монографии, околу 500 научни прилози, со учество на над 150 научни собири и конференции...

Бобан Петровски
„Јурисдикцијата на Охридската Архиепископија во средновековековен Полог“

Борче Илиевски
„Односите меѓу Македонската и Српската православна црква во седумдесетите

11:50
Дискусија

12:05
Пауза

Втор блок
12:30
Трета работна сесија
Ацо Гиревски, Марија Гиревска
„Вредности во наследство од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска
архиепископија“
Драган Зајковски
„Житијата на свети Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем“

Ратомир Гроздановски

Светото предание според апостолите Лука и Павле

Проф. д-р Ратомир Грозданоски дипломира на Православниот бого¬слов¬ски факултет во Скопје, а потоа студира на Аристотеловиот уни¬вер¬зитет во Солун, па на Фило¬лошкиот и на Теолошкиот факултет во Атина, а бил на студиски престој и во Даблин, Р. Ирска.
Магистрира и докто¬рира на Филолошкиот факултет во Скопје.
Наставно-воспитната и научна дејност ја остварува на Православниот бого¬слов-ски факултет во Скопје, каде е редовен професор и декан во еден мандат.
Автор е на 20 книги и над 200 објавени научни и стручни трудови.
 Учествува во преводот на Библијата на македонски јазик, како и во преводите на основните богослужбени книги: Евангелие, Требник и Служебник.
Редактира, рецензира, уредува и лекторира изданија со богословска содржина.
Учествува на многубројни научни симпо¬зи¬уми, во Македонија и во странство.
Д-р Ратомир Грозданоски е член на Друштвото на писателите на Р. Македонија.
Член и на Советот за меѓурелигиска соработка во РМ и негов прв претседател.
Секретар на Светиот архиерејски синод 13 години и близок соработник на поглаварите на Македонската православна црква.
Учесник на последните дводецениски разговори за признавање на МПЦ.
Д-р Грозданоски е плоден творец, научник, теолог, библист и филолог.
Добитник е на државната награда „Гоце Делчев“, за наука во 2014  и највисоката државна награда за образование и воспитание „Свети Климент Охридски“, во 2015.
    Користи литература на старогрчки, грчки, англиски, црковно-словенски и на словен¬ските јазици.

Повеќе за него видете на неговата web-страница http://www.rrgrozdanoski.mk/


Анета Јовковска
„Посакувани особини и компетенции на наставниците по духовно образование и воспитание според
примерот на свети Климент Охридски и современите сознанија на православната христијанска педагогија
и психологија“
Борче Грамбозов
„Критериумите за толкувањето на Светото Писмо според Свети Григориј Богослов и Свети Григориј
Палама како пример за современа егзегеза“13:10
Дискусија
13:25
Четврта работна сесија


Цане Мојаноски
„Црквата меѓу власта и цивилното општество“


Во 1978 година дипломира на Факултет за политички науки на Универзитетот во Белград. Во 1987 година со својата магистерска теза под назив „Делегатското прашање во собраниското одлучување – со посебен осврт на прашањата поставени во Собранието во периодот 1978-1984 година“ на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, се стекнува со звањето Магистер на политички науки. Со одбрана на докторската дисертација под наслов „Социјално-политичкиот и интересен идентиет на политичките партии во Македонија“, на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се здоби со титулата доктор на социолошки науки.

Од 1989 до 1995 година работи како асистент на Факултетот за безбедност - Скопје. Од 1995 до 1997 година е назначен за професор на Факултетот за безбедност - Скопје. Од 1997 - 2006 работи како доцент, вонреден и редовен професор на Педагошкиот факултет "Гоце Делчев" Штип. Денеска работи како редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје. Зборува англиски, руски, бугарски, српски/хрватски. Од техничките вештини ги владее: Microsoft Office програмите посебнно: Word, Excel, PowerPoint, Access, како и Statistica,SPSS, PSPP, NVivo, GPower, Internet, се служи со: Corel Draw, Adobe Photoshop и други услужни програми.


Ненад Марковиќ
„Улогата на религијата во современото демократско општество - делиберација, партиципација и
дијалог“
Кире Трајанов
„Мисиолошка егзегеза на секуларизираната религиозност“


Милан Ѓорѓевиќ
„Православната мисија во секуларното општество“

14:05
Дискусија14:20
Затворање на научниот собир

5-декември 2017 год.

 

Друго:

ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје организира : НАУЧЕН СОБИР на тема „Предание и мисија“

  • По повод 50 годишнината од прогласувањето на автокефалностана Македонска православна црква- Охридска архиепископија, неодамна беше претставено   изданието на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје - Јубилеен зборник
  • Промотори на изданието беа:
  • 1. Негово Преосвештенство, епископ Хераклејски г. Климент
  • 2. Проф. д-р Пол Мојзес, главен уредник

Друго:

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1947
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2463
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная