ПРОМОЦИЈА ВО МАНУ
Во Македонската академија на науките и уметностите на 21 ноември 2012 година, беше промовирана монографијата под наслов Minerals from the Republic of Macedonia with an Introduction to Mineralogy (Минералите од Република Македонија со вовед во минералогија). Монографијата е дело на два¬есет¬годишна континуирана и систематска работа врз собирање, изучу¬вање и идентификација на минера¬лите од Македонија од страна на авторите Глигор Јовановски, Блажо Боев и Петре Макрески. Монографијата е напишана на англиски јазик и во себе, покрај другото, содржи краток вовед во минералогијата, потоа опис на четирите геолошки зони во Република Македонија и на вкупно 66 локалитети во Репуб¬ли¬кава од кои се собрани минералите, како и комплетен опис на 80-тина изучени и иден¬ти¬фи¬кувани минерали, а наведени се и 50-тина минерали што допрва треба да се соберат и изучат. Станува збор за уникатна научна и популарна монографија којашто целосно е печатена во боја и содржи околу 750 ексклузивни фотогра¬фии на минералите. Изданието е наменето за запозна¬вање на светската и домашната научна и стручна јавност како и на сите други ентузијасти и заинте¬реси¬рани лица со непро¬ценливото природно минерално богатство на Република Македонија. Покрај дру¬гото, монографијата се оче¬кува да послужи и за попу¬ларизација на фирмите кои се зани¬маваат со експло¬атација на минералното богат¬ство во нашата земја, а ќе претста¬вува и полезна лите¬ратура за студентите кои изу¬чу¬ваат дисциплини како што се геологија, рудар¬ство, геохемија, минера¬ло¬гија, кристало¬графија, кристалохе¬мија и слично.
Инаку, досега собраните и изучени мине¬рали вклучени во монографијата ја чинат Збирката на минерали по потек¬ло од Република Македо¬нија што е поставена на Инсти¬тутот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во Македонија, инаку, посто¬јат и неколку други некомп¬летни збирки на минерали, како што се онаа на Факул¬тетот за природни и технички науки во Штип и при Природно-научниот музеј во Скопје.
Извор: МАНУ