логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Македонска академија на науките и уметностите
МИСИРКОВ собрани дела Том 4
Скопје 2012

Академик Катица Ќулавкова

Промоција на четвртиот том од собраните дела на Мисирков
(Дневнички и мемоарски записи 1903-1923-1923)

Поминати се сто и десет, сто, и деведесет години од пишувањето на Дневнички и мемоарски записи на Крсте Петков Мисирков (роден во Постол, Егејска Македонија, во времето на Отоманската империја, на 18 ноември 1874, починал во Софија, на 26 јули 1926, на 52-годишна возраст), една од најистакнатите личности на македонската културна историја од 19 век, славист, македонист, филолог, историчар, етнограф, публицист, педагог, деец за македонска автономија. Тоа е повод од дистанца да се согледа ’македонското прашање’ од преминот на 19 во 20 век, во времето на судбинските мировни договори, балканските војни и првата светска војна, до преминот од 20 кон 21 век, време на најновите балкански, југословенски војни и договори за преуредување на македонската држава.
За вториов дел од прашањето немаме голема дистанца, но затоа имаме и лични сведоштва и свежи сеќавања, како и простор за евентуално дејствување за да се постигне нешто во прилог на заштита и опстанок на демократскиот и граѓански концепт на македонската држава и правото на македонскиот народ на своја држава, по аналогија на другите балкански и европски народи.
Денешната чест да ја отворам промоцијата на четвртиот том од собраните дела на К. П. Мисирков во издание на МАНУ, подготвено и приредено од акад. Блаже Ристовски, во соработка со д-р Билјана Ристовска–Јосифовска од Институтот за историја во Скопје, ме соочи одново со наследените фрустрации околу македонското прашање, познато и како ’македонски јазол’.
Тоа соочување се должи првенствено на фактот дека е парадоксално сознанието, оти токму личноста која прави обид за кодификација на македонскиот јазик, на почетокот на 20 век, оставила редица искази кои би можеле да ја доведат во прашање неговата национална самосвест и припадност.
Така се постави прашањето: од каде и кај Крсте Мисирков сеништето на идентитетската криза? Во што е несомнен ставот на Мисирков? Зошто и денес неговите ставови од дневничките и мемоарските записи поттикнуваат полемички расправи меѓу современата македонска интелигенција, за неговата улога во подемот на македонската национална свест, јазик и култура?
Дека има искази и други вербални показатели во коишто Мисирков се изјаснува како Бугарин не може да се порекне. Од друга страна, несомнено е дека во многу текстови тој се залага за признавање на македонската национална, јазична, културна и книжевна посебност.
Тоа се гледа, прво, низ примерот со книгата За македонцките работи, со којашто тој се легитимира како кодификатор на македонскиот јазик во 1903, кога се определил за централните македонски наречја – Велес, Прилеп, Битола, Охрид - како парадигма на македонската лингвистичка особеност;
Второ – низ неговата дејност во првото научно списание на македонски јазик „Вардар“ (тој е и еден од основачите на македонското научно-книжевно здружение во Москва и во Софија), чиишто цели го дефинираат експлицитно неговиот промакедонски став. Имено, ако ги погледнеме целите на списанието Вардар, во нив ќе прочитаме дека Мисирков се залагал, во своето научно и публицистичко дејствување за:
●    воспоставување врска меѓу македонските национални сепаратисти и нивните опоненти, како и со сите балкански народи заинтересирани за македонското прашање.
●    борба за одделен словенски - македонски национален идентитет и националност.
●    да покаже дека македонскиот јазик е индивидуален, особен јазик, еден од неколкуте во групата на јужно-словенски јазици, па не е ни Српски, ни бугарски, и дека македонскиот јазик има капацитет за натамошен книжевен развиток.

Трето, во дописите, обраќањата и меморандумите од крајот на неговиот живот, Мисирков се определува јасно на страната на македонскиот сепаратизам и македонскиот национален код. 1925-та година, тој пишува дека не се кае што, уште пред 28 години, се објавил за македонски сепаратист (парафраза на неговите зборови). „Јас сум Македонец, со македонска свест и, како таков, си имам свое македонско гледиште“, вели Мисирков.
Пред македонските историчари, како и пред македонските лингвисти, културоведи, социолози, антрополози и политиколози, се поставува прашањето – ’Како да се објасни овој ѓаволски круг на возобновување на кризата на македонскиот идентитет?’. За да се даде одговор на ова прашање е, се разбира, неопходно посериозно истражување и образлагање.
Сепак, по овој пригоден и свечен миг, јас, инспирирана од дневничките и мемоарските записи на Крсте П. Мисирков, ќе истакнам неколку психо-социолошки, антрополошки и културно-историски објаснувања, низ коишто се рефлектираат причините за идентитетското двојство кај Мисирков:
●    постои извесен колективен зазор кај балканските и кај европските народи од возобновување на идејата за обединета Македонија. Берлинскиот, Букурешкиот и Версајскиот договор се сведоштва дека големите европски западни и источни сили не ја поддржуваат идејата за обединета Македонија и преземаат соодветни мерки за поделба на Македонија. Овој процес замира во периодот на СФРЈ а се возобновува повторно со прогласувањето на независноста на Р. Македонија и особено од 2001 година до денес. На Македонија систематски и се заканува опцијата за натамошна територијана поделба, фрагментација и балканизација, така што во тие кризни периоди постојано се обновуваат познатите пропагандни методи и обрасци.

●    И самиот Мисирков вели, на едно место, дека македонскиот народ низ историјата стекнал некаков ропски дух, дека дури и интелигенцијата не може да се ослободи од подаништвото и ретко се изјаснува слободно, што е пострашно ги рефлектира наметнатите стереотипи на македонскиот комплекс, особено оние кои имплицираат вавилонски карактер на Македонија, Македонија како етнички и јазично мешана салата, како хибрид во којшто се ревидира древното значење на Македонија и на македонското битие како специфично и доминантно. И денес, сè оди кон тоа, Република Македонија да се претвори во структура од еднаквоправни етнички и јазични ентитети, по можност со различни лингвистички матрици, за да дојде, привидно природно, до внатрешна поделба и распад на територијата и на државата. Мисирков, впрочем, уште пред еден век вели, дека во Македонија со пари и економски и политички притисок може да се создаде каква што се сака етничка идентификација – бугарска, српска, ромска или друга.

●     Мисирков укажува и на фактот дека постои силен, темелен, егзистенцијален страв кај Македонците да се изјаснуваат за Македонија и за нејзината автономност и за нејзиното обединување. Македонците во 19 век и на почетокот на 20 век, немале слобода на изразување, не се чувствувале слободни и постојано морале да прават мимикрии, и тоа токму на планот на идентификацијата во јавноста, пред државните институции чиишто лични документи и легитимитет носеле, пред медиумите и јавноста. Секое јавно легитимирање на македонистичките идеи и стратегии наидувало на жестоки отпори, негации и санкции од различен вид. Македонските интелектуалци се школувале со стипендии на Бугарија, Грција, Србија, Русија, па така и се чувствувале задолжени да ги почитуваат нивните стратегии по однос на идентитетот и геостратешките распределби на моќта на Балканот.

●    Се чини дека опцијата за автономна, па и за обединета, Македонија, често во историјата на 19 и 20 век била поддржана затоа што таа опција ги смирувала претензиите на балканските соседи, но и на големите европски сили. Тие особено избегнувале јакнење на словенските и јужнословенските формации и држави и култури, па затоа им одговарала десловенизацијата и на македонскиот простор. По поделбата на Македонија на Берлинскиот простор, Македонија се посматрала како еден вид амортизер на мегало идеите на Грција, Бугарија и Србија. Подоцна, на крајот на 20 и почетокот на 21 век, кон ова друштво се приклучува и Албанија кај којашто е видлива оваа мегало тенденција. Во мигот кога меѓународната заедница ќе одлучи да застане зад една мегало идеја во регионот на т.н. Западен Балкан, во македонското опкружување (грчка, српска, бугарска, турска или албанска), постои голема веројатност да се доведе во прашање самиот опстанок на македонската држава па и а македонскиот народ.

●    Она по што К.П. Мисирков постојано и јасно се определувал, е неговиот став спрема општословенските интереси, словенскиот културен код, спрема словенството и словенскиот карактер на македонската култура, јазик, народ, па во тој контекст и спрема врската на македоскиот народ и на македонската држава, со словенските држави и народи, особено со Русија. Потиснувањето на овој аспект од македонските културни стратегии може погубно да се одрази врз опстанокот на македонската култура, фрлена осамена во непредвидливиот и релативно туѓ комплекс на несловенски балкански културни, јазични, верски и цивилизациски обрасци и интереси.

●    Крсте Мисирков, и кога се навраќа на древното потекло и врската со античка Македонија, во неа гледа свој далечен предок и таа не му го поматува ставот за словенскиот и домородниот, автохтон карактер на македонскиот јазик и култура, но при тоа никогаш не го доведува во прашање словенскиот карактер на македонскиот идентитет, било да го става во постари историски и цивилизациски контексти или во современи. Негирањето на било кој дел од македонскиот цивилизациски палимпсест е негирање на континуитетот на македонскиот ентитет, на неговата автохтоност на просторите на Балканот и на Македонија, и може да го дестабилизира статусот на современиот македонски културен и јазичен идентитет.

●    Како една од спасителните опции за опстанокот на самостојна Македонија, Крсте Мисирков го гледа посегањето по возобновата на Македонија како кнежевство, што тој посебно го образлага во меморандумот до Русија, пишуван при крајот на неговиот живот, во 1925 година, идеја која кај него се провлекува и во претходните текстови и за којашто постои и денес простор да се проанализира компаративно и стратешки.

●    Од дневничките записи на Крсте Мисирков се гледа дека не е случајно, а законито и стратешки осмислено, постојаното модифицирање на семантиката на терминот Македонија, Македонци, македонски – како географски поим, како етнички поим, како граѓански – национален поим, како Македонски Словени, како Словенска Македонија, како грчки Македонци и грчка Македонија, како македонски Бугарин односно територија населена со словенски Бугари, како јужна Србија, сето тоа зависно од геостратешките интереси и актуелните политички констелации. Токму таквата плурисемантичност го приморува, но понекогаш и му дава слобода на Мисирков, и покрај цензурата и автоцензурата да се изјаснува секогаш и во секоја околност како етнички Македонец, да го истакнува токму тој македонски доминантен елемент на својот идентитет.
На крај, ќе кажам дека денес е јасно оти има доволно аргументи за да се одбрани ставот дека делото на Крсте П. Мисирков во никој случај не треба да биде повод и претекст за нови внатремакедонски поделби, конфликти и анимозитети, а многу повеќе повод за посуптилно и интердисциплинарно промислување на македонските состојби од 19 век до денес.

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 1137
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1807
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 2118
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2181
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

03/05/2026 - недела

Преп. Теодор Трихина; Преп. Анастасиј Синајски; Блажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски; Блаж. Григориј патријарх Антиохиски; Св. апостол Закхеј; Преп. Атанасиј Метеорит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная