логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 ПРЕДАВАЊЕ на ПРОФ. ПАОЛО РАКАЊИ

Повеќе од триесет години се занимаваме со уметничкото наследство, се повеќе во смисла на неговата заштита, конзервација и вреднување.

Што се однесува до мозаичкото наследството во нашите земји, во земјите на Медитеранот, состојбата на конзервацијата може да биде опишана, за жал, сè уште со негативни и често трагични зборови (доволно е да помислите на она што се случува во Сирија, во Ирак и во Помпеја).

Пред сè, постои проблемот на зачувувањето, на кој во многу случаи секоја земја посебно дава различни одговори, наложува обврски, санкции, општи норми коишто, за жал често не се применуваат и не се почитуваат. Меѓу заштитата и конзервацијата дијалогот не е секогаш линеарен, исто како што не е линеарен дијалогот меѓу конзервацијата и реставрацијата. Реставрација е инструмент, благороден инструмент, но не е цел, таа е во служба на конзервацијата, ја поддржува и би требало да овозможи задоволување на нејзините критериуми. За жал, интервенциите на реставрација не донесоа и не донесуваат секогаш ефикасни резултати. Напротив, во многу случаи, овие интервенции се покажаа дури и како погубни.

Би сакал само да потсетам на безброј случаи на раставување на мозаиците и на нивното повторно поставување во малтер од армиран бетон, поврзувачки материјал што за многу кусо време (10-15 години) предизвика само непоправливи оштетувања, со сериозни загуби на составниот материјал.

Политиката на симнувањето секогаш тргнувала од благородни принципи, давајќи предност на причини од виша сила, и тоа се правело во „краен случај“: во подобрите случаи извадените мозаици им била наменете судбина на „музеизација“, што можело да се случи на самото место или на некое друго место оддалечено од локацијата на потеклото, или, во полоши случаи, во оставање во магацини во надзорните органи за конзервација.

Треба да се потсети дека и нормативите не секогаш биле ефикасни и согласни во заштитата на овие интервенции.

Во таа смисла, би сакал да направам дигресија и да потсетам дека 1972 година била (за Италија, но не само за неа) особено значајна година за реставрацијата на уметничкото наследство, со оглед на тоа што на 6 април, со циркуларен допис бр. 117, Министерството за образование го објави во Службениот весник „Италијанскиот правилник за реставрација“ 1972. Како што може да се претпостави, станува збор за многу важен настан, што реставраторите го посакувале и од него очекувале разјаснувања, но и предупредувања кои дотогаш недостасувале.

Веќе и самата најава на објавувањето на овој документ меѓу реставраторите разбуди, освен разбирливото интересирање, и страв: некои мислеа дека во него се опишани и дефинирани специфични методологии на интервенции, речиси како да станува збор за своевидни рецепти, други се плашеа дека новите норми ќе му стават крај на тогашниот „модус операнди“ и дека следствено на тоа, секој ќе мора да го преиспита сопствениот начин на работење.
Овој документ, многу поедноставно, ги определи еднаквите критериуми на полето на конзервацијата на уметничкото наследство, создавајќи техничко-правни норми кои ги определуваа рамките во кои се сместува конзервацијата.

Што се однесува до реставрацијата на мозаиците, освен општите норми заеднички за сите дела, како забрана на надополнување во ист или аналоген стил, на отстранувања или уништувања што ќе го избришат преминот на делото низ времето – освен во случај кога станува збор за нагрдувачки промени – преместување на локации поинакви од оние од каде делата потекнуваат, промена на околина, промена или отстранување на патина, два специфични параграфа се однесуваа на мозаиците, и тоа попрецизно:
Во случај на подните мозаици од археолошка надлежност, симнувањето било дозволено во случај на основана виша сила, односно од повисоки причини за конзервација. Се укажуваше дека:
- за мозаиците се претпочита, кога е возможно, повторното поставување во објектот од кој потекнуваат и чијшто дел и декорација претставуваат,
- симнатите мозаици одново се поставуваат според системот на „цементирање во арматура од неоксидирачки метал што и денес се покажал како најпогоден и најотпорен на атмосферските агенси.
- за мозаиците наменети за изложување во музеј е во широка употреба подлога „во сендвич“ од лесни материјали, отпорна и лесна ракување.
- за ѕидните мозаици советуваните методи биле истите оние што важат за ѕидните слики и се определуваше поточно:
„Во случај кога наместо слики се работи за мозаици, ќе треба да се осигури коцките, таму каде што не претставуваат целосно рамна површина, да бидат фиксирани и да можат да бидам повторно поставени со оригиналната местоположба. Пред да се постават слојот на прекривката и арматурата на подлогата, треба да се провери состојбата на конзервацијата на коцките и тие евентуално да се зацврстат. Особена грижа мора да биде посветена на конзервација на тектонските карактеристики на површината.“ Јасно се разбира дека како и да е, недостига правилна грижа на проектот: сè беше правено во вонредна состојба. Срамежливо се насетуваа првите почетоци на идејата за унитарност, за неодделивост на културното богатство (археолошки, архитектонски контекст), не придавајќи сè уште доволно внимание на публиката и на дидактичката функција.

Можеби токму околу осумдесеттите години од идејата за реставрација како завршен настан се премина кон посложената идеја за конзервацијата и созреа идејата дека конзервацијата не смее да биде одвоена од вистинско вреднување. Останува тешко да се објасни „зошто“ и уште повеќе „како“.
Но сигурно е дека културниот туризам кој се разви како многу раширен општествен феномен, овозможи уметничките изложби и археолошките наоѓалишта да бидат сфатени како можност за привлекување на туристите и како добра зделка.

И навистина, културното наследство излезе од идеалистичкото катче на културата за елита, со образовно-воспитна функција на учителка на историјата и на благородните знаења, но свртена секогаш кон “одбраните“ и почна да навлегува во помалку благородните дувла во кои се настанила економијата.
Многу брзо културното наследство почна да се смета за „новата нафта“: Италија се збогатуваше со културните извори. Последица од ова беше зголемувањето од 50 пати на цените на влезници во музеите. Симболичните цени, бидејќи непазарни, бесплатните билети, кои постоеја пред 80-тите години, беа заменети со нови цени приспособени на пазарните стандарди, без да се води сметка за основните проценки на културната политика.
Овој премногу оптимистичен занес сега е намален, но не е сосема исчезнат, поедноставно, почнува да се развива свеста дека музеите, археолошките локалитети, изложбените иницијативи можат да донесат интересен приход, но тој никако не може целосно да го замени институционалното и јавното финансирање.
Со влегувањето на приватниот сектор (банкарски и други фондации) рамо до рамо до државниот, дојде до серија иницијативи собрани под ист покрив, односно на управување со дополнителни услуги, како кафетерии, ресторани, сувенири, репродукции на делата, продавници на книги и други, кои овозможија подобро управување со објектите и, следствено на тоа на самото културно богатство. Јасно е дека археолошките локалитети, музеите, галериите, во секој случај остануваат културни институции на товар главно на државата.

Сега ќе претставам три случаи, од многу причини различни меѓу себе, и еден „музеј“, што ќе ми даде добар поттик за подобра анализа на комплексните проблеми на конзервацијата, во светло на веќе изнесеното.

1)    Куќата на мозаиците – Јасос Турција
2)    Домот на камените теписи – Равена
3)    Староантичка вила во Севијак – Франција
4)    ТАМО целата авантура на мозаикот

1)    Куќата на мозаиците во Јасос

Од 1960 Археолошката мисија од Италија (Доро Леви) ги врши своите истражувања со одобрение на турската влада.
Ископувањата од 1970 изнесоа на виделина господска куќа од римски период (втор век наша ера) која се подига на јужните падини на ридот.
Архитектурата ги задржала карактеристиките на хеленистичката архитектонска традиција: просториите се со подови од мозаици.
Во лето 2011извршивме минимални интервенции, дијагностички анализи за состојбата на конзервацијата.
Она што сметам дека е интересно да се истакне е дека, благодарение на минимални но точно одмерени интервенции, вршени периодично во последниве 40 години, беше возможно да се одржи сè до денес повеќе отколку прифатлива состојба на конзервација.
На прво место треба да се подвлече дека, со цел на заштита и конзервација се роди асоцијацијата „Јасос од Карија“, благодарение на страсниот интерес на археологот Феде Берти која со години се грижеше за добрата конзервација на локалитетот, дури и со финансиско учество.
Несомнено е дека најгрижливите техники беа подигање на ѕидови и на покриви што ги заштитија мозаиците и малтерите.
Ова е пример за фактот дека конзервацијата „ин ситу“, иако сложена, е секако возможна.
Во принцип, мислиме дека коректната методологија на конзервација може да послужи како заштита од многу фактори на пропаѓање и, таму каде што не е можно да се отстранат причините, да се обуздат и да се сведат на минимум уништувачките влијанија. Нашата анализа утврди сериозност на некои фактори на пропаѓање на некои материјали од варна глина, црно-зелени коцки, напредната фаза на неповрзаност, биолошко пропаѓање, проблеми поврзани со собирање на водата итн. Нова структурна интервенција на покривите.
Ако се бара плаќање на билет, висината треба да биде во согласност со понудата. Интервенции од извесна важност треба да се однесуваат на покривање и на систем за одводи и отстранување на водата. Треба да се зголеми дидактичката понуда и тоа е неопходно, да се реорганизираат патеките за посетителите итн.
Накусо, би било доволно да бидеме свесни за тоа дека, ако е вистина дека одвреме-навреме мораме да ги варосуваме куќите во кои живееме, да ги преконтролираме инсталациите, систематски да се грижиме за чистење на просторот, се разбира дека дотолку повеќе конзервацијата на места и предмети стари со милениуми бара иста грижа и внимание. За жал, ништо чудно кога мислиме на нашите домови, но неверојатно тешко во случај на нашите културни „скапоцености“.

2)    Домот на „камените теписи“
Во 1993 година беше откриен и изнесен на виделина, за време на ископувања за изградба на подземна гаража, еден важен археолошки комплекс. Археолошките ископувања доведоа до пронаоѓање на згради, помошни згради и дворови кои одат од 17. век до периодот на републиката (во римско време). Во претворањето во музеј предност беше дадена на изложувањето на подовите од епохата на Теодорих – византиската од 6. век наша ера.
Изборот се објаснува со фактот што мозаиците се ископани целосно и припаѓаат на една приватна палата со големи димензии кои се од архитектонски тип малку присутен во Равена. Од оваа палата се пронајдени 14 покриени простории и два двора.
Мозаиците се сите извадени и повторно поставени на истото место.
Значи, станува збор за конзервацијата „ин ситу“ чиишто материјали ги задржуваат карактеристиките на нивното потекло, иако се модифицирани во нивната автентичност.
Местото се претставува како музеј и е управуван од фондацијата „Равенатика“, која е јавна и приватна, а заштитата останува на државата.

3) Староантичката вила во Севијак

Галско – римската вила во Севијак е сигурно, поради својата важност и големина, најпознатото сведоштво за моделите на големите вили со јужно-аквитански перистил.  
Повеќе од 300 метри мозаици кои составуваат триесетина подови сочувани се „ин ситу“.
Се припишуваат на втората половина од 4. век и само некои на првата половина од 5.
Можат да се поделат на две категории:
- подови со геометриска декорација,
- подови со растителна декорација.
Во двата случаи станува збор за мозаици карактеристични за Аквитанија, иако со силни африкански влијанија.
Проектот предвидува изведување на нови покриви, не само со функција на заштита, туку и со специфични контроли на квалитетот на светлината, повторно дефинирање на периметрите, нови инсталации за одвод на водите, дефиниција на патеките на проектот за посетители, нови информативни табли.
За да може да се продолжи интервенцијата, пред сè, треба да се извадат, со екстремни мерки на сигурност, старите покриви.
За таа цел беше неопходно да се направи план за безбедност и заштита како на остатоците од градбите, така и на мозаиците.

Првата фаза на работата, извршена „ин ситу“, се карактеризираше со:
А. Фотографско снимање на мозаиците, што овозможи да се идентификуваат сите подови и нивните фрагменти и повторно да се состават, во првата фаза во информатички табли.
Б. Продлабочена аналитичко истражување на состојбата на старите покриви што требаше да се срушат, со одбирање на методот.
В. Анализа на новиот проект, со проверка на деловите во кои беа вметнати новите столбови, означувајќи ги евентуалните несогласности, од типот близина на диспропорции со остатоците од градбите и сл.
Г. Проверка на состојбата на конзервацијата на остатоците и на мозаиците и изработка на проект за конзервација и заштита, со оглед на рушењето на старите покриви
Д. Пронаоѓање, каталогизација и проект на повторно вметнување на мозаиците извадени во минатото и складирани во магацини во Севијак или изложени во градот како во канцелариите за туризам или во црквата во Монтреал.
Новите податоци биле споредени со другите пронајдени во претходната документација, посебно со цртежите на Катрин Балмел.

4) ТАМО: целата авантура на мозаикот

Со ТАМО, Комплексот на Свети Никола се претвора во полето на едно впечатливо и привлечно искуство. Пред гледачот се расплетува нарација од слики, звуци и зборови, која се стреми да ја раскаже целата авантура на мозаикот, многу стара и истовремено многу модерна уметност, која во градот Равена наоѓа еден од своите највисоки изрази.
Уметност која на светлината ја ослободува својата најсилна привлечност. „Aut lux hic nata est, aut capta hic libera regnat“ –                       „О светлината е родена тука о, заробена тука владее слободно“ –  не случајно вели еден прекрасен стих што го наоѓаме токму во Равена, во капелата со мозаици на Свети Андреј.
Мозаикот восхитува и изненадува, од мозаикот многу може да се научи и во овој град на мозаикот се чувствуваше потреба од место што ќе објасни, едноставно и јасно, што бил и што е мозаикот, од што и како е направен и што се прави за да се конзервира.
ТАМО не е замислен како музеј доволен сам на себе, туку како тивoк водич до волшепството на равенскиот мозаик и како покана мозаикот да се промислува во неговото огромно влијание врз свеста. (Бертели). Уметноста на мозаикот оживува во ТАМО благодарение на постојаната поставка на подните и на ѕидните мозаици што датираат меѓу 1. и 13. век од нашата ера, изложени во големиот брод на црквата Свети Никола, и една колекција на модерни мозаици посветени на Данте, поставени во тремовите во дворот: станува збор за оригинални мозаици, калапи и копии со потекло од Равена и околина, но и од различни области на Медитеранот.
Освен мозаиците и изложените материјали, поделени на 6 секции, посетата на музејот се развива со помош на авангардни мултимедијални инструменти, маси „тачскрин“ и „тачлес“, кои овозможуваат да се открие на интерактивен начин процесот на правење на мозаикот и неговото географско распространување. Големата проекција на ѕидното видео го раскажува во слики мозаикот од почетоците до средниот век. Видео и безжични врски со дополнителни мултимедијални содржини го заокружуваат запознавањето со мозаичката уметност.
Секој посетител може да го следи предложената патека и начин на посетување, или пак може да си создаде личен начин во откривање на мозаикот. 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная