Во Полска заврши меѓународниот фестивал на црковно ѕвонење (01.05.2012)
Во неделата, 22 април, во Полска заврши четвртиот меѓународен фестивал на црковно ѕвонење.
Главната награда ја доби Ксенија Кијанчева од Петроград, а меѓу наградените се и Надежда Калашникова, исто така од Петроград, и Сергеј Никотјенко од Минск.
Во натпреварувањето учествуваа осумнаесет ѕвонари, кои своите способности ги претставија на камбанаријата во Супразалскиот манастир.
Главната цел на фестивалот е негувањето на традицијата за црковните ѕвона во Православната Црква, посебно во текот на пасхалниот период. Во минатото, а во некои парохии и денес, на Воскресение, откако камбаните ќе го означат светлото Христово воскресение, секому му било дозволено да ѕвони.
Преземено од:МПЦ