Во затворите во Мордовија осветен шести храм во чест на блажена Матрона Московска (04.05.2012)
Во казнено-поправниот дом во Република Мордовија (автономна република во составот на Руската Федерација) беше осветен православен храм во чест на Блажената старица Матрона Московска. Ова е шести храм изграден во казнено-поправен дом во Мордовија. Со неговата изградба се започна во април 2010 година. Црквата е изградена од страна на осудените лица коишто живеат во затворот. Чинот на осветувањето го изврши Епископот Климент Краснослободски и Темниковски. Како што е наведено од страна на прес-службата на руската федерална служба за извршување казни (ФСИН), откако таа соработува со Руската Православна Црква, а особено со свештенството на епархијата на Мордовија, шест цркви се изградени во казнените институции во регионот. Покрај тоа, единаесет капели се посторени во просториите на таквите установи. Во моментов, две цркви се во завршна фаза на изградба.
Извор: Православие. ру
Преземено од: МПЦ