Од 5-7 декември 2010 година кадетите од Регионалниот детско-младински центар „Аванпост“ заедно со својот духовен отец свештеникот Евгениј Пуртов, настојател на црквата на свети Никола, направија литија на скии од градот Tјумен до селото Созоново.
Пред почетокот учесниците темелно ја проверија опремата, ги слушнаа упатствата на директорот на „Аванпост“ којшто им посака добар пат. Литијата се протегаше по Стариот Тоболски пат. Скијачите поминаа повеќе од 50 километри за да дојдат до с. Созоново и да учествуваат на храмовата слава на селската црква посветена на светата великомаченичка Екатерина.
Извор: Тоболска епархија