(14.12.2010)
Со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, на 7 декември 2010 г. беше осветен параклис на свети Николај Чудтоворец на Терминалот Е на меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва.
Иницијативата за изградба на овој параклис беше на генералниот директор на аеродромот Михаил Василенко.
„Меѓународниот аеродром Шереметјево активно работи на возобновување на старата руска традиција кога на секоја железничка станица, на секоја главна станица, на секоја раскрсница од главните патишта, човек можеше да добие утеха за својата душа. Денес имав можност да зборувам со некои од патниците кои рекоа дека после молитва се чувствуваат многу поспокојно при нивното далечно патување“, рече викарниот епископ на Патријархот Александар.
Параклисот на свети Николај се наоѓа на вториот кат при влезот на Терминалот Е од терминалот на железничката станица „Аероекспрес“, што е погодно за посетување на патниците од сите Терминали (D, Е, F). Параклисот е отворен секој ден од 8.00 до 18.00 часот.
Свети Николај Чудотворец се смета за Светител-заштитник на сите што патуваат.
Исто така, патниците што се верници можат да го посетат параклисот на свети Архангел Михаил и сите бестелесни сили кој се наоѓа на Терминалот С.
Извор: Svo.aero
Преземено од: МПЦ