(07.12.2010)
На седницата на Патријаршискиот совет за култура, во храмот на Христос Спасителот во Москва, Рускиот Патријарх Кирил изјави дека за последните 20 години во Русија се изградени 23 илјади цркви.
Според зборовите на Патријархот, „никогаш во историјата, во ниту една држава не се случило нешто слично“. Притоа Поглаварот на Руската Православна Црква напомна дека сето тоа е направено не во време на економска благосостојба, политичка стабилност и социјална хармонија. Ова се случи за време на економски, политички и социјални конфронтации.
„Светот треба да види за што била способна православна Русија – на големиот подвиг на повторно градење од небитие на сето тоа што било разрушено, уништено и осквернето“, додаде Патријархот. Според податоците на Патријархот, од 1991 година на територијата на поранешниот Советски Сојуз постоеле седум илјади активни храмови и дваесет и два манастири. Сега бројот на храмовите достигнува триесет илјади.
Како преглед на овие две децении Патријарх Кирил предложи да се организира изложба-форум „Православна Русија“, која ќе се одржи во 2011 година.
Извор: Православие.ру
Извор: МПЦ