Варненскиот Митрополит е пронајден мртов во морето крај градот (09.07.2013 12:18)
Мртвото тело на Варненскиот и Великопреславски Митрополит Кирил утрово е најдено во водата крај месноста Траката кај Варна. Телото е идентификувано и смртта на архиереот е потврдена. Во монетов, 12 часот, се прави аутопсија на телото, за да се утврди можната причина за смртта на Владиката.
Телото е пронајдено околу 10 часот, соопшти д-р Маја Рашева, шеф на локалната итна помош, цитирана од Радио Дарик. Било алармирано на телефонот 112. Телото е транспортирано за аутопсија во Судската медицина „Света Марина“, чии резултати се очекуваат во поладневните часови.
Според обвинителството во Варна има голема веројатност смртта да е насилна. Директорот на локалната дирекција при МВР Чавдар Нанков изјави дека полициските екипи работат на случајот. Информацијата за насилната смрт, неофицијално, за Двери ја коментираше и Синодот.
Бог да го прости!
Извор: Двери.бг
Преземено од: МПЦ-ОА