Крстот на кој бил распнат св. ап. Андреј ќе пристигне во Русија, Украина и Белорусија (05.07.2013 10:12)
Со благослов на Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил и Атинскиот Архиепископ и на цела Грција Иероним, крстот на кој бил распнат св. ап. Андреј Првоповиканиот, од 11 јули до 2 август, ќе престојува во Русија, Украина и Белорусија.
„Крстот на кој бил распнат апостолот се чува во православниот храм во грчкиот град Патра, на полуостровот Пелопонез, и претставува голема светиња во христијанскиот свет. Пренесувањето на крстот на територија на Руската Православна Црква се поклопува со 1025-годишнината од покрстувањето на Русија“, соопшти Александар Гатилин, претставникот на Фондот св. Андреј Првоповиканиот, кој го организира овој настан.
Крстот од 11 до 15 јули ќе биде во Петроград, од 16 до 26 јули во Москва, од 26 до 28 јули во Киев и од 19 јули до 2 август во Минск.
„Пристигнувањето на крстот на св. ап. Андреј во овие градови посочува дека духовниот живот кај народите од трите држави потекнува од истиот извор – благословот на св. ап. Андреј и покрстувањето во Киев 988 година“, истакна Гатилин.
Извор: Светигора
Преземено од: МПЦ-ОА