На ден 02. 11. 2007 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на вечерната богослужба во манастирот на свети Гаврил Лесновски во Лесново, го замонаши расофорот Пајсиј во мала схима, а утредента на празникот свети Иларион епископ Мегленски, искушеникот Зоран го потстрижа во расофор, при што му даде монашко име Спиридон. Исто така, монахот Пајсиј го произведе во јероѓаконски чин.
По Светата Литургија, во чест на именденот на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше пресечен празничен леб.
Потоа, на гробот на покојниот епископ Велички Гаврил, беше направен помен.
По повод празникот, Митрополитот Иларион доби голем број честитки и благопожелби.
Нека му е честит и вековит именденот и да зрачи по примерот на светиот Иларион Мегленски.
На многаја лета Владико!