Кога после пожарот во црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Колумбус, Охајо, пожарникарите му дозволија на свештеникот Душко Георгиевски да влезе во црквата, тој се обиде да ја спаси иконата на Пресвета Богородица со Христос, која беше прва пред олтарот. Иконата беше заштитена само со обично стакло. Но, кога свештеникот го извади стаклото, виде КРИСТАЛНА СОЛЗА на десното око на Христос, и кога ја извади иконата надвор и ја избриша со рака, се формира нова КРИСТАЛНА СОЛЗА.
За ова чудо на пресвета Богородица, свештеникот Душко Георгиевски ги извести медиумите, а веста беше објавена и на телевизиските станици во Колумбус. На 10-ти септември иконата беше исчистена и повторно поставена во црковната сала во Колумбус. |
Известува: о. Митко Попоски
Посети: {moshits}