МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТАМПА БЕЈ РЕГИОНОТ НА ФЛОРИДА
Македонците од Тампа Беј регионот на Флорида во Август 1999 година го одржаa оснивачкиот состанок на кој решително ја искажаa својата желба и потреба за свој македонски православен божји храм. Веднаш потоа Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ја прифати и ја благослови нивната одлука за формирање на Македонска православна црква под патронот на Св. Јован Крстител.
Горди на себе, горди на својата македонска нација и поттикнати од делата на своите татковци, дедовци и прадедовци, кои граделе Божји Македонски храмови како во Македонија така и низ светот, во Април 2006 година, го купија скромниот објект на МПЦ Св. Јован Крстител во Њу Порт Ричи, Флорида. Веднаш потоа го прилагодија да функционира според правилата и традицијата на Македонска православна црква, а Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј го освети. Од тогаш па се до денес овај македонски православен црковен и национален храм МПЦ Св. Јован Крстител, преставува главно собиралиште на сите македонци од регионот на Тампа Беј во Флорида. Тука се одбележуваат и прославуваат верските празници и се споделуваат радосните и тешките моменти.
Во периодот од 2006 до Март 2015 година, црковните служби ги воделе повеке свештеници на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме за нивното залагање и придонес.
На почетокот на Април 2015 година Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј ни го испрати Прота Драги Трпески за постојан парохиски свештеник. Прота Драги Трпески долги години служел во МПЦ Света Богородица во Детроит, Мичиген, како и во Македонија, во Скопје, а со неговото скорешно преселување во Њу Порт Ричи, во Флорида, постана дел од нашето македонско семејство.
Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите македонци од етничка Македонија што почесто да го посетуваат овај наш црковен и национален македонски центар МПЦ Св. Јован Крстител во Њу Порт Ричи, Флорида. Очекуваме нашиот почитуван парохиски свештеник Драги Трпески да биде матица на сите македонци од овај регион на Флорида, и со својата позната искреност и професионална посветеност да ги собери сите верници на МПЦ од регионт Тампа Беј да црквуваат и се дружат во МПЦ Св. Јован Крстител, Њу Порт Ричи, Флорида.
Воедно, ние црковната управа, заедно со нашиот парохиски свештеник Прота Драги Трпески, на сите православни христијани, им ги честитаме Велигденските празници со желба за христијанска љубов, здравје и среќа.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.
МПЦ Св. Јован Крстител
3509 Blayton St.
New Port Richey, FL 34652
Парохиски Свештеник, Прота Драги Трпески, Телефон: 586-747-2792
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Во име на Црковна Управа на МПЦ Св. Јован Крстител,
Драги Коњановски
14-ти април 2015 год.