† ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАНАСТИРИТЕ ВО ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА“
А денеска, тој труд, а и оваа јубилејна година, беа крунисани со издавањето на уште една прекрасна монографија, насловена „Манастирите во дебарско-кичевската епархија“, во која се опфатени петнаесет поголеми и позначајни духовни светилишта од нашата епархија, светилишта возобновувани во изминатите години, преродени и во нивниот надворешен изглед, но и во нивниот внатрешен, духовен живот.