Светиот цар Константин и царица Елена, 03.06.2019
На празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во храмот посветен на овие светии во селото Миравци, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од гевгелиското намесништво на епархијата. На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Миравци и околните места.