Роса
Го допре срцето твое
стигна од пат далечен
и кажа: тоа е Мое,
само сакав да биде во човек умудрен.
Радувај се света Јустино !
Во близина извор се пронајде
врело кое од искона
на човека му се подаде,
за да и тој стане Икона.
Радувај се света Јустино !
О, Јустино јагне Господово
благодат по твоите молитви
допира и срце и душа катадневно,
како роса во утро рано пролетно
жедна земја на место опустошено.
Радувај се света Јустино !
И кој сега ќе каже за милоста,
како ќе се опише љубовта,
со што ќе се замени росата
која Он ја излива по твојата молитва.
Радувај се света Јустино !
Ј агне при извор на живот вечен,
У тро разбудено во детско око,
С мелост пред Вечниот од создаден,
Т ивка роса до срце задремано,
И таш сега по небесни падини,
Н ам ни покажуваш предели рајски,
А лови се твоите молитви.
Р оса биди за човекот жеден
А гница со поглед радосен
Д ума да нема при човек замислен
У тро да пребива во ден невечерен
В иор од утехи за народ верен
А ко вера кон Господа засили
Ј ад благодат од срце да истисни.
С é, сето тоа по твоите молитви,
Е х, радувај се во времиња неминливи.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: