Објавено: 12 Октомври 2019
На 11 октомври 2019 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше свечено отворена Меѓународната конференција: Св. Софија - „Премудроста која си изгради дом“, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. На отворањето свои говори имаа Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски. Работниот дел од конференцијата ќе се одржи во хотелот „Изгрев“ во Струга, а на истата ќе предаваат повеќе реномирани теоолози и научници од Македонија, Италија, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Еден дел од конференцијата е посветен на храмот „Св. Софија“, на нејзината историја, архитектура и фрескоживопис, додека другиот дел ќе биде посветен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во традицијата на Црквата. На отворањето на Конференцијата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а присутен беше и Градоначалникот на оптшина Охрид, г-дин Константин Георгиески. На организаторите и на сите учесници на Конференцијата им посакуваме успешна и плодотворна работа.
Извор:
http://www.dke.org.mk/index.php/3216-2019-10-12-07-33-50