Протоереј Александар Шмеман: ЛИТУРГИЈАТА, ПОКАЈАНИЕТО И ИСПОВЕДТА
Секуларизацијата христијанското општество го направи отворено и прифатливо за хуманистички и прагматични теории за животот, кои во најголема мера го засениле христијанското учење за гревот и покајанието. Учењето за гревот како отпаѓање од единството со Бога, од еден вистнски живот – во Него и со Него, сé повеќе беше заменувано со некој вид морална или обредна законитост, во која гревот првенствено значи престап на утврдено правило.