логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДАРО КОМПАНИ, ПО ПОВОД 1150 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, СВЕТИ КЛИМЕНТ РИМСКИ, СВЕТИ НИКОЛАЈ, СВЕТИ СТЕФАН, СВЕТИ КУЗМАН И СВЕТИ ДАМЈАН, СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР И СВЕТИ КОЗМА ЕТОЛСКИ ВО ИТАЛИЈА И АЛБАНИЈА



22 - 27 МАЈ 2019 ГОДИНА
 
Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 071-311-014 (www.darokompani.com.mk & facebook), во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Кирил Солунски, свети Климент Римски, свети Николај, свети Стефан, свети Кузман и свети Дамјан, свети Јован Владимир и свети Козма Етолски - Албанија и Италија.

1 ДЕН (22. 05. 2019, СРЕДА): Состанок со групата во 08:00ч пред храмот Пресвета Богородица во Скопје, па заминување кон Приштина и посета на манастирот Успение на Пресвета Богородица - Грачаница (1321 година, а од 2006 година е под заштита на УНЕСКО). По посетата на манастирот, патувањето продолжува кон Драч - Албанија, следи сместување на брод и продолжување на патот кон Италија (ноќно возење).

2 ДЕН (23. 05. 2019, ЧЕТВРТОК): Пристигнувањето во Бари е предвидено во утринските часови, потоа следи продолжување на патот кон градот Путињано и посета на храмот Санта Марија ла Грека и поклонување на моштите од свети архиѓакон Стефан, а во продолжение на денот ќе се посети и градот Алберобело, градот од 1996 година е под заштита на УНЕСКО. Во продолжение на денот е предвидено пристигнување во околината на Рим каде што ќе се ноќева.

 3 ДЕН (24. 05. 2019, ПЕТОК): РИМ. Појадок. По појадокот заминување со метро за разгледување на градот: базиликите: Санта Марија Маџоре, Свети Петар во окови, Сан Клементе (Тука е предвидео присуство на молебниот во чест на свети Кирил. Со молебниот ќе чиноначалствува, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан со свештенството), Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Кампидолио и плоштадот Венеција. Слободно време, а потоа враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН (25. 05. 2019 САБОТА): РИМ-ВАТИКАН. Појадок. По појадокот заминување со метро за разгледување на Рим и Ватикан: Ватиканските музеи и Систинската капела - ремек дело на Микеланџело заедно со базиликата Свети Петар, Адриановата палата, Пантенонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Фонтана ди Теви и Шпанските скали. Слободно време за индивидуално разгледување на градот. Состанок на групата на определено место и враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН (26. 05. 2019, НЕДЕЛА): РИМ-БАРИ. Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и заминување за Битонто и посета на базиликата посветена на Свети Кузман и Свети Дамјан и поклонување на моштите од светителите. По ова следи продолжување на патувањето кон градот Бари и посета на базиликата Свети Николај, каде што ќе се отслужи молебниот на светителот и ќе се поклониме на неговите мошти. Потоа следи заминување во пристаништето на Бари и сместување на брод и продолжување на патот кон Албанија (ноќно возење).

                6 ДЕН (27. 05. 2019, ПОНЕДЕЛНИК): Пристигнувањето во Драч е предвидено во утринските часови, а потоа патувањето ќе продолжи кон Тирана каде што е предвидена и посета на соборниот храм Воскресение Христово и поклонување пред моштите на свети Јован Владимир и свети Козма Етолски. По ова следи заминување за Македонија.



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 16.300 ДЕНАРИ
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
•    Автобуски превоз на горенаведената дестинација.
•    Лиценциран пратител за меѓународни патувања.
•    Превоз со брод и платени такси за пристаништа на релација Драч-Бари-Драч.
•    3 ноќевања со појадок во околина на Рим во хотел со 3*.
•    Меѓународно патничко осигурување.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКУЧУВА:
•    Доплата за еднокреветна соба € 15 од ноќ.
•    Доплата за кревет во четворокреветна кабина на брод опремена со бања и постелнина € 15 во еден правец, за ова опција треба да се потврди 7 дена пред дпоаѓање.
•    Билет за метро € 1,50 за 100 минути возење.
•    Туристичка такса за Рим по ден од € 3-5 се плаќа на рецепција.
•    Посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела со резервација за влегување, влезница, водич и слушалици € 40, за ова посета треба да се потврди 7 дена пред дпоаѓање.
Последен рок за пријавување е 16 МАЈ 2019 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош и контак телефон. За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ лиценциран водич, лиценца број 125, секој ден по 13:00 часот, на телефон 070-582-588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Viber, WhatsApp или на  Facebook Momcilo Pavlovic
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Патување во Италија

 

 

 

 

 p.p

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная