Архиепископ Анастасиј Јанулатос: Православието и човековите права – ΙΙI дел
Разбирливо е дека нашите примарни Декларации за правата на човекот ставаат исклучителен акцент врз правата, без да ги поврзуваат или ставаат во релација со задолженијата; тие документи се напишани за време на револуција против државната власт и се стремат да ги заштитат граѓаните од своеволната употреба на таа власт. Сепак, во потрезвената атмосфера на денешната глобална перспектива, таа едностраност треба да биде надмината.