логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Православната Црква како изворна и историска Црква, има потреба од знаење на нејзиното предание.

TVITER324
Верата го надминува и предводи знаењето. Но таа е неразделна од знаењето. Верата и знаењето – практиката и теоријата сопостојат во животот на историското црковно предание. Кога велиме знаење, го подразбираме знаењето како опис на благодатната теологија и историското предание на црковната заедница. А не рационализација на верата. Оваа суштинска разлика бара исклучително внимание бидејќи овде настанува забуната.
Доколку немаме предание и доколку светот и историјата не се движат, а се движат и пред и после Светото Писмо, тогаш немаме воопшто потреба од знаење на преданието пред нас. Меѓутоа ние живееме и постојано говориме за една жива Црква и историја, а не за измислена во Светото Писмо. Од таа жива Црква и историја произлезе Светото Писмо. Ние денес сме продолжение на таа библиска Црква и историја. Не правиме разлика помеѓу проповедта Христова и проповедта на Првата Црква па се до денес. Во животот на Православната црква Христос е Единствениот “ и Бог и Теолог”, како што вели Свети Григориј Палама.
Следејќи го своето предание, Црквата го разликува духот на времето во секоја епоха. Па така и денес. Денешната Црква којашто живее во сегашноста гледа во три правци: наназад кон нејзините историски извори, нанапред кон иднината и нагоре кон Царството Божјо.


Светите отци и светите старци не се родиле со Богојавувања, како што многумина мислат и како последица го отфрлаат знаењето. Постојат исклучоци на коишто Бог решил да им се открие, без да ја знаат азбуката и писмото. Но тоа откровение не е различно од запишаното и незапишаното сведоштво на Црквата за Откровението на Троичниот Бог. И тие луѓе се исклучоци. Бог не е обврзан да се открива автоматски на сите луѓе до еден. Бара подвиг од човекот, на кој му претходат вера и знаење. Верата е подвиг во единство со знаење. Важно е да се нагласи дека овде говориме за периодот на црковното предание кое продолжува од Педесетница до денес. Кога веќе се откриени лицата на Троичниот Бог – Отецот, и Синот и Светиот Дух, а се откриваат и денес (Јн. 14, 23).
Накратко, согласно запишаното сведоштво во црковните текстови (особено изразено кај Св. Василиј Велики во неговото дело “За Светиот Дух”, но и кај целокупното толкувачко предание), патот до богопознание на Светите Отци и Старците којшто е пристап од – Светиот Дух – преку Синот – во Отецот, не го исклучува знаењето. Се одвива на следниот начин: откако со вера пристапиле кон разбирање на патот и начинот на “знаење” на Божјите работи и преданиските добра, следел подвиг и дури потоа созерцанието на Светата Троица – боговидението. Многу едноставно. Останатите христијани кои не можат да го знаат вака преданието пред себе и не се боговидци (не мора сите луѓе да се боговидци), доволно е да присуствуваат на Божествената Литургија. Таа е резиме на Божјото Откровение и самата по себе е Божјо Откровение. Познато е дека преку Св. Литургија човекот, во Светиот Дух, се соединува со Христа во слава на Отецот. Се соединува духовно и реално со Живиот Бог.


Верниците не треба да го отфрлат знаењето кое е органски дел на историското црковно предание како и теолозите научници кои денес го истражуваат, негуваат и разјаснуваат тоа знаење и сведоштво на Црквата Христова. За да им го пренесат автентично на луѓето.
Неприфатливо е барањето на одредени верници да се укине знаењето кое го поседуваше и поседува Црквата, само за да може да имаат следбеници кои нема да бараат од нив никакво познавање на црковното предание. Да се следат заедно во безумието и да се движат кон непознат пат. Господ не бара од нас да сме безумни, баш напротив, бара да сме мудри како змии и незлобливи како гулаби (Мт. 10, 16).
Спротивното тврдење од ова не произлегува од верата, преданието и теологијата на Црквата, туку е своја лична теологија.

19042009


Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје

 

 

Извор:

http://www.pppe.mk/2021/pravoslavnata-tsrkva-kako-izvorna-i-istoriska-tsrkva-ima-potreba-od-znaene-na-nejzinoto-predanie/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3144
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7624
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная