логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

(Извадок од житието на старец Јероним, исихастот егински)

1. Мисаил

Мисаил имаше лик на патријарх. Еден подвижнички тип, од оние кои ги сретнуваме само во житијата на светиите. Строг, но и кроток, личеше на пророк, кој го влече зад себе целото предание на вековите. Во него се соединуваа тип на строг пророк, со тип на повлечен аскет кој ги минува деновите и ноќите во молитва. Беше силна личност која одигра голема улога на духовен раководител на сите жители од селото. Како што велеше Старецот Јероним: „Мисаил беше вториот авва Исаак. Толку многу имаше напреднато во молитвата“.

Мисаил беше оженет, но со жена му не живееја заедно, туку како брат и сестра. Работеше за семејството и го одржуваше, но не живееше со нив. Преку денот сам работеше на нивите. Не сакаше да работи заедно со другите, за да не го гледаат како се моли. А ноќите ги поминуваше на молитва во некој од ексоклисите или ако се враќаше дома, остануваше сам. Имаше голема љубов кон тихувањето и огнен копнеж кон молитвата. Кога се молеше, срцето толку многу му се стоплуваше што забораваше на себе. Имаше сила да поминува и по два дена коленичејќи на молитва со подигнати раце.

Особено имаше напреднато во таканаречената „умилителна“ молитва. „Умилителната“ молитва, како што ја викаа во Гелвери, не беше ништо друго, туку трезвеноумната молитва. Клекнуваше пред некоја икона или на отворено, и оставаше неговата душа да се излива пред Бога. Си спомнуваше на гревовите и лиеше обилни солзи, од кои очекуваше избавување. Често се качуваше на планината и остануваше таму на молитва до вечерта. И кога ќе завршеше, потта од неговата душевна борба беше толку обилна, така што, како што велеше Старец Јероним: „Ако ја стиснеш неговата маица ќе излезеше една ока вода“.
Фрески од пештерска црква во Кападокија
Фрески од пештерска црква во Кападокија

Во црквата каде што одеше, во текот на божествената литургија, не влегуваше во храмот, туку секогаш стоеше во пронаосот или зад некој столб. Со главата наведната над градите се молеше умствено. И честопати кога свештеникот возгласуваше „особено“, тивко се оддалечуваше и исчезнуваше. Како што се покажа подоцна, одеше во некој ексоклис за да продолжи со молитва до вечерта.

Мнозина, кои го гледаа како си заминува уште пред крајот на литургијата, се чудеа и се прашуваа каде ли оди и што ли ќе прави. Па така, една недела, штотуку си замина Мисаил од црква, жените скришно и оддалеку почнаа да го следат, за да видат каде ќе оди. Тој тргна по еден пат и за кратко време стигна до еден ексоклис. Малку потоа стигнаа таму и жените кои го следеа и тивко застанаа надвор. Мисаил не сфати дека се надвор, па почна гласно да се моли со плачење, солзи и неискажливи воздишки. Кажуваше разни молитви, познати и импровизирани, сè што можеше да помогне во умилението на срцето. Така, со Мисаил кој внатре се молеше силно и со солзи, и со жените кои од надвор го слушаа неговото свештено дејствие, поминаа неколку часови на божествено воздигнување и скрушеност на срцата.  

Само што заврши Мисаил, излезе надвор. И кога ги виде жените, се вознемири многу, речиси се налути. Си отиде без да им проговори. Тие пак, восхитени од ова божествено тајноводство, што поминаа толку часови во негова близина, позавидеа и си рекоа меѓусебе:

– Бог само Мисаила го слуша; зошто да не се обидеме и ние да се молиме како него? Се обидоа да напредуваат во молитвата. Но не е толку лесно да се занимаваш со трезвената молитва без да имаш некого кој би те научил.  

За брзо време ова им стана јасно и почнаа да одат кај Мисаил и да го молат да ги научи на вештината за молитва. Тој ги научи, им кажуваше што треба да прават, но не им покажуваше, не се молеше заедно со нив. А тие почнаа да Му се молат на Бога за да го просветли Мисаила, и практично да им ги покаже тајните на молитвата.

Одговорот не задоцни и тоа дојде на чудесен начин. Набрзо се појави кај Мисаила еден калуѓер и му рече:

– Мисаиле, земи ги жените кои те следат во ексоклисот, а ако сакаш и некои други, и вечерва дојдете во некоја куќа каде би било посооодветно и пространо. Само рамнодушни и кои немаат интерес, да не ги каниш. Таму ќе бидам и јас, и ќе ве научам на умилителна молитва.

Мисаил, иако ги одбегнуваше лугето и не сакаше да се моли заедно со другите, сепак го послуша. Ги покани жените и некои други, меѓу кои беше и старецот Јероним, кој тогаш беше мало дете, и вечерта се најдоа сите на предвиденото место. Тогаш калуѓерот почна да се моли со плачење и многу солзи, од кои и сите други почнаа да плачат. Кажуваше разни молитви и умилителни слова, кои излегуваа од неговото срце со копнеж и вера, и ја откриваа неговата голема љубов кон Бога. Тоа траеше цела ноќ, а се повтори уште трипати. При крајот на третата ноќ, само што ја имаше завршено молитвата, штом се посоветува со Мисаил, тој да го продолжи поучувањето на Христијаните, исчезна од пред нивните очи. Се чини дека беше ангел Божји или светител. Оттогаш Мисаил почна да поучува на умилителна молитва и навечер сите се собираа во разни куќи и се молеа.

Мисаил имаше една ќерка која имаше голема наклонетост кон духовниот живот. Вистинско чедо на татка си, ги наследи од него сите добродетели, а особено напредуваше во умилителната молитва. Иако беше многу млада, полека-полека почнаа да се собираат околу неа разни жени и таа ги поучуваше, ги раководеше и заедно се молеа со умиление. Со текот на времето, кога друштвото се  собираше во некоја куќа на молитва, се поделија на две групи. Мисаил со мажите се молеше во една соба, а ќерка му со жените во друга. Ќерката на Мисаил беше голема утеха за жените, како што беше тој за  мажите.

Кога ќерката на Мисаил стигна на 18-20 годишна возраст, сериозно се разболе. Сите жители на селото, особено жените, почнаа да се вознемируваат. Кога им беше тешко, само нејзе ја имаа за утеха. Што да прават? Почнаа да се молат. Го молеа Бога да оздрави, зашто во тешките денови само таа им беше утеха, таа ги раководеше, таа им беше нивната врска со Бога. Но нејзината состојба се влошуваше. Во нивното очајание помислија да прибегнат кај татко ì Мисаил. Ја знаеја силата на неговата молитва и отвореноста која ја имаше кон Бога, затоа го молеа да се моли за ќерка му.

– Те молиме, му велеа, моли се на Бога за да оздрави. Не ти велиме да се молиш зашто е твоја ќерка, туку заради нас, оти ако се разделиме од неа ќе останеме безутешни. Имаме толку многу тешкотии и грижи, така што ако ја изгубиме нашата единствена помош и покрепа, ќе паднеме во очајание.

На почетокот Мисаил не сакаше да попушти, за да не си помислат дека ќерката му му е особена слабост. Неговиот ум беше сврзан само со Бога, сите други луѓе беа исти во неговото срце. Но од упорните молби на жените неговото срце попушти. Па така, според неговиот обичај, еден четврток, пред разденување се искачи на планината.

Клекна на колена, ги подигна рацете високо и почна да се моли. Запален од Божествената љубов, пребиваше во „молитва и молење“, „од утрената стража па до ноќта“. Меѓутоа, додека потта му течеше по лицето, зборуваше со Бога и за ќерка си, не зашто страдаше бидејќи му е ќерка, туку заради Христијаните кои му рекоа дека таа им е потпора и утеха.

Одеднаш, додека се предаваше на молитвата, оддалечен од земните работи, душата му беше грабната на небото, слушна во себе еден тивок Божествен глас како му вели:

– Гарантираш ли за ќерка ти?

– Не, Господи, не можам да гарантирам. Грешен човек сум и ја познавам променливоста на човекот. Денес ќерка ми се бори и ја исполнува вољата Твоја. Но утре? Како би можел да гарантирам? Да биде вољата Твоја!

– Оваа посета, со која го удостои Бог, го успокои. Беше целосно потопен од една небесна тишина и продолжи со неговото свештено дејствие со уште поголема ревност. При крајот на денот стигна еден гласник, кој му соопшти дека неговата ќерка се упокои и дека треба да побрза за нејзиниот погреб.

Мисаил, мирно ја прими веста и со извесно олеснување. Имаше длабока вера во Бога и во воскресението на мртвите, и не си дозволуваше да плаче за неа при привремената разделба со ќерка си. Радоста поради нејзиното спасение,  за коешто на чудесен начин му откри Бог, ја надмина онаа негова тага заради нејзината смрт. И штом Му се помоли благодарствено на Бога, заедно со гласникот се упати кон селото.

Таков беше, во кратки црти, Мисаил, за когошто старецот Јероним, одвреме – навреме ни раскажуваше по нешто и кон кого имаше голема почит. „Такви луѓе не можеш да најдеш денес“, велеше, „тој беше втор авва Исаак. Беше немногуглаголив, смирен, го сакаше тихувањето, и имаше длабока свест за својата грешност. Никогаш не дозволуваше некој да го пофали. Дури ако некој се дрзнеше да му упати некој добар збор, Мисаил беше во состојба никогаш повеќе да не му проговори.

 

2. Отец Јован


Во една од селските цркви служеше некој поп, кого го викаа Јован. Беше семеен човек. Во обичните денови одеше по полињата, а во неделите и празниците служеше во црквата. Беше многу прост, смирен, запоставен. Да го видиш по патот не би му дал некое големо значење. Но ако го запознаеш одблизу, гледаш дека е духовен човек со ретки дарови. Особено се истакнуваше со дарот на молитва. Изгледа дека во деловите на Анадолија молитвата беше еден цвет кој премногу успеваше. За него, значи, за отец Јован, старецот Јероним ни раскажуваше многу чудесни работи, кои само кај старите аскети со огнена вера можеше да се сретнат. Најкарактеристичен настан, кој ја одбележа неговата појава во Гелвери беше следниов:

Кога служеше литургија, речиси секогаш плачеше, ридаше и многу пати не можеше да ги задржи воздишките. Толку голема вера имаше и толку силно ја живееше тајната на божествената литургија! Но кога стигнуваше моментот за осветување на чесните дарови, неговата возбуда кулминираше. Псалтите го завршуваа „Тебе поем…“, кое го пееја колку што можеа поразвлечено, а од внатре од олтарот се слушаа молитвите и воздишките на свештеникот. Повторно го почнуваа „Тебе поем…“. Честопати требаше да го повторуваат и по 5-6 пати додека да заврши отец Јован и да возгласи „Особено…“. Кога веќе неколку недели се повторуваше ова задоцнување со возгласот „Особено…“, псалтите почнаа да се бунат. Не знаеја што да прават. Не можеа да пеат ништо друго, на пример, полиелеите, зашто моментов не беше за тоа. Не се осмелуваа ниту да му приговорат на свештеникот, зашто го почитуваа многу. Еден ден им кажаа на настојателите за нивниот проблем.

– Свештеникот многу доцни со завршувањето на молитвата во моментот на осветувањето на чесните дарови и ние доаѓаме до бунило. Пееме и пак го пееме „Тебе поем…“ но така, мислиме, станува дисхармонија. Зошто не му речете да скрати? Настојателите му ја пренесоа на свештеникот молбата на псалтите. Тој им одговори:

– Како можам да завршам побрзо? Тоа не зависи од мене. Само што ќе почнам со читање на молитвата, светата трпеза ја заобиколува свештен оган, кој достигнува 2 – 3 метри височина. И јас не можам да се приближам. Паѓам на земја и се молам, сè додека не го повлече Бог овој свештен оган или пак, како што се случува честопати, да се раздели на два дела и тогаш влегувам и продолжувам со молитвата „и направи го овој леб…“ итн.

Псалтите кога го чуја тоа, се чудеа на светоста на нивниот свештеник. И не се дрзнуваа повторно да го спречуваат. Продолжуваа така пак да пеат, колку што можат побавно, „тебе поем…“. Го повторуваа толку пати, колку што имаше потреба за тој да ја заврши молитвата, обидувајќи се да добијат умиление од она што се случуваше во олтарот.

Отец Јован, иако беше прост, привлекуваше со неговата светост. Во неговата црква почнаа да се собираат мноштво верни Христијани. Честопати доаѓаа Христијани од соседните села за да ја следат неговата литургија. Имаше  случаи кога во неговата црква се собираа повеќе од илјада Христијани! Сите беа во умиление и плачеа. Кога завршуваше светата литургија, не беше ретка појава да го видиш подот на црквата влажен од нивните солзи.

За да се приближиме малку повеќе и да навлеземе подлабоко во духовната клима која владееше во Гелвери, да го оставиме самиот Старец Јероним да ни раскажува за луѓето од неговото време:

„Луѓето од мојата татковина имаа голема ревност за духовниот живот. Беа чисти и многу побожни. Имаа богобојазливост и голема љубов кон Бога. На бденијата, подот се полнеше со солзи. Децата ни беа благочестиви, имаа љубов и послушност кон родителите и почит кон туѓинците. Во училиште, учителите најпрво нè учеа на побожност и љубов кон Бога и татковината, дури потоа буквите. Верските празници кај нас беа величествени. И сите едвај чекавме да дојдат. Ги сакав сите тие нешта, имав голема ревност, особено за духовниот живот, уште од мал. Кога дојдовме во Грција, по размената на население, се соблазнивме многу. Добивме впечаток дека во оваа земја не живеат Христијани. Луѓето хулеа, пееја световни песни, се облекуваа непристојно, не постеа и не се црквуваа. Аман, си рековме, каде ли дојдовме? Ех, да беше можно да го свртиме бродот назад и да се вратиме на Истокот. Таму нашите села беа како манастири. Сите постеа, се молеа и одеа во црквите. Младите во нивите и девојките по домовите работејќи, полека пееја разни псалми, место да пејат недолични песни како што пееја овде. Никаде не можеше да видиш жени со откриени глави или со кратки ракави. Но овде сè е поинаку. И како што поминува времето, така одиме кон полошо…

Превод од грчки јазик:


Свештеник Јани Мулев

 

 Извор:

 https://crkvaveles.wordpress.com/2013/10/28/angelopodobni-podviznici/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная