Слепченскиот апостол – најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот
Слепченскиот апостол е еден од најзначајните книжевни споменици, не само од богатата ракописна збирка на Слепченскиот книжевен центар туку и општо во славистиката. Тој претставува најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот пишуван со убаво кирилично писмо врз пергамент.