логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Angel.chuvar.Akatist

    АКАТИСТ НА АНГЕЛОТ ЧУВАР

Кондак 1

Избран од Господ Бог, да ја чуваш мојата душа и тело, свет Ангеле, јас, недостојниот твој слуга, се осмелувам да ти пеам похвални песни. А ти, бидејќи имаш смелост пред Небесниот Цар, заштити ме од секакви таги и невољи, од видливи и невидливи непријатели мене, кој ти повикувам:

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!

Икос 1

Свет Ангеле, испратен од Небото, за да ме чуваш и раководиш преку целиот мој живот, припаѓам пред тебе и те молам: самиот поучи ме и вразуми ме мене, кој со срдечна љубов и усрдност ти вознесувам благодарствена песна:

Радувај се, Ангеле Божји, застапнику мој пред Пресветата Троица!
Радувај се, бесплотен воину на Царот над царевите!
Радувај се, небесен служителу на Господа над господарите!
Радувај се, сожителу на Неговите умни и невештествени слуги!
Радувај се, секогаш ја исполнуваш вољата на својот Владика!
Радувај се, си примил од Бог заповед и власт да ја чуваш мојата душа!
Радувај се, никогаш не се одделуваш од мене, грешниот!
Радувај се, секогаш пребиваш со мене, недостојниот!
Радувај се, ме вардиш на сите мои патишта!
Радувај се, ме чуваш од секое зло!
Радувај се, дарен ми од Бог, раководителу по патот на мојот живот!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!


 Кондак 2

Човекољубивиот Господ, откако видел, дека по прегрешението на нашиот прататко Адам сите луѓе лесно потпаѓаат под гревот, по Својата неискажана милост испратил свети Ангели по целата земја и на секој човек поставил чувар. Исполнувајќи ја заповедта на својот Владика, светите Ангели секогаш се подготвени да ни помагаат нам, кои богоугодно воспеваме: Алилуја!

Икос 2
 
Испроси од горе, просветление на мојот разум, свет Ангеле, за да можам да познаам која  е Божјата воља, благата, угодната и совршената и насочи ми го срцето, за усрдно да ја исполнувам, а тебе мојот чувар, непрестајно да те восфалувам вака:

Радувај се, го разгоруваш моето срце со љубов кон Бог, мојот Создател!
Радувај се, ме поттикнуваш секој ден и час да Му принесувам молитви, молби и благодаренија!
Радувај се, како верна стража го оградуваш со страв Господен мојот дом!
Радувај се, ги устремуваш сите мои помисли кон распнатиот за гревовите на светот Спасител!
Радувај се, ги отпечатуваш во моето сеќавање Неговите страданија и крстна смрт!
Радувај се, преку присетувањето на Господовите страданија ме учиш да се чувам од гревовите!
Радувај се, ме уверуваш, дека Он, Утешителот, гледа милостиво само на кротките и смирените!
Радувај се, насекаде ме оградуваш со мислата за Божјото сеприсуство!
Радувај се, ми го претставуваш пред моите умни очи, Неговото сезнание!
Радувај се, ја вразумуваш мојата душа со Неговото правосудие кон жестоките и непокајаните!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!

Angel.chuvar.Akatist1

Кондак 3

Измоли ми сила на Божествената благодат, Ангелу – чувару мој, за да одам без скршнување и без препреки по спасителниот пат на Христовите заповеди и со срцето и усните непрестајно да го славам сесветото име на нашиот Бог и да Му пеам: Алилуја!

Икос 3

Ти си ми, богоизбран покровителу мој, како светла зора, која ја просветлува темнината на мојата душа и го изгонува мракот на моето срдечно незнаење: затоа припаѓајќи со умиление,  те молам да бидат очистени сите мои сетила, помрачени од страстите, за да не блудам во гревовната темнина. А на твојата пречудесна светлина и’ воспевам вака:

 Радувај се, ѕвездо на Незаодната Светлина, која изгреала во мене од Трисветлечкото Божество и секогаш  ме озарува!
Радувај се, пресветол лачу, кои озаруваш моите срдечни очи, помрачени од гревови!
Радувај се, се стремиш да ме насочиш кон патот на вистината, мене заскитаниот во темнината на беззаконијата!
Радувај се, ми ги поставуваш Господовите заповеди како огледало за целиот мој живот!
Радувај се, ми го покажуваш Божјиот закон како светилник за нозете мои и светлина на патеката моја!
Радувај се, ме поучуваш да ги слушам слатките зборови на Христовото Евангелие!
Радувај се, ме поучуваш без сомнеж да верувам во учењето на мојот Божествен Учител и Господ!
Радувај се, ме укрепуваш во послушание кон уставите на светата Црква!
Радувај се, ме учиш да се покорувам на правилата  и преданијата на светите Апостоли и Отци!
Радувај се, ме убедуваш да бидам спремен и на смрт за тоа исповедание!
Радувај се, ми забрануваш да општам со еретиците и отстапниците од вистинската Црква!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!


Кондак 4

Бурата на житејското море го крши мојот духовен кораб со брановите на светските грижи и морето на мојата бедна душа се возмутува, и каде ќе најдам тихо пристаниште за спасение? Само на тебе ја полагам надежта, чувару мој Ангелу, во кој што најдов премудар кормилар во  немирните мислени бури и благодарно пеам на мојот Бог: Алилуја!

Икос 4

Кога те слушаат и гледаат, Божествен Ангеле, мој крепок чувару, злобните поднебесни духови не смеат да се приближат кон твојата пречиста светлина за да ми сторат душегубни беди. Затоа смирено те молам, не отстапувај од мене поради моето невоздржание но, секогаш чувај ме од нивните лукави замки и стапици, мене кој со умиление ти повикувам:

Радувај се, ме осенуваш и покриваш со силниот покров на твоите крилја!
Радувај се, секогаш  ми содејствуваш во борбата со кнезот на темнината!
Радувај се, секогаш ми помагаш да ги победам неговите лукави сожители!
Радувај се, ги прогонуваш од мене душегубните демони како грабливи птици!
Радувај се, ме вразумуваш да ги познаам бесовските замки како лукави лисици!
Радувај се, ги отфрлаш нивните злонамерни напади врз мојот ум и срце!
Радувај се, ги корнеш од моето срце нивните рожби, гордоста и омразата!
Радувај се, ги прогонуваш од моите мисли зависта и злопаметењето!
Радувај се, ме поттикнуваш да се оградувам со крсниот знак, за одбивање на злите помисли!
Радувај се, ме укрепуваш без страв да газам врз аспида и василиск!
Радувај се, имаш непобедливо оружје против сите мои непријатели!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!


Кондак 5


На Богоистечната и лачезарна ѕвезда, која некогаш ги раководеше маговите кон поклонението на Родениот во Витеем, Спасителот на светот, се дрзнувам да те споредам, мој благ пазителу: затоа што со твоето постојано присуство со мене, ми го посочуваш правиот пат, кој води кон горниот Витлеем, во Небесното Царство, за да се удостојам таму со соборите на Архангелите и Ангелите и да пеам на предвечниот Цар на славата: Алилуја!


Икос 5

Гледајќи ме обземен од мрачна ноќ и покриен од темниот облак на страстите, свет чувару на мојата душа, не се огорчувај, не ме оставај но, подражавајќи го долготрпението на мојот Спасител, почекај уште, поттикнувајќи ме на покајание, додека очите не ми станат извор од солзи за измивање на мојата душевна нечистотија. Затоа смирено те молам и велам:

Радувај се, секогаш ги принесуваш на Бог своите молитви за мене грешниот, како благомиризливо кадило пред Него!
Радувај се, секогаш посредуваш пред мојот Спасител за да се спасам!
Радувај се, со своето посредништво го отфрлаш Неговиот праведен гнев, устремен кон мене!
Радувај се, се молиш на семилосрдниот Господ за прошка на моите зли дела!
Радувај се, ја смилостивуваш Неговата благост, за да не ме погуби со моите беззаконија!
Радувај се, непрестано се молиш на мојот Искупител да ми даде време за искупување!
Радувај се, ме побудуваш да ги поминам во покајание сите денови на мојот живот!
Радувај се, ja упатуваш мојата желба секогаш да се каам пред Господ за сите мои прегрешенија!
Радувај се, ме вразумуваш во секое време мислено да се испитувам себе и да ги исповедам сите мои гревови!
Радувај се, ми полагаш на срцето смиреност и тага, оти сум го прогневил преблагиот мој Бог!
Радувај се, ме поттикнуваш да го оплакувам моето јадно и скверно житие!
Радувај се, светоносен и немолчен застапнику за моето спасение!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!

Angel.chuvar.Akatist2

Кондак 6

Ја разгласувам со силен глас Твоајта непрестајна грижа за мене, грешниот, чувару мој Ангеле: во тагите и несреќите, кои го реметат мирот на мојата душа, ти си ми брз утешител, вразумувајќи ме, дека сето тоа е испратено од премудриот Создател како лекарство против  моите душевни гревови и поучувајќи ме да пеам на Небесниот Лекар и мојот Благодетел: Алилуја!

 Икос 6

Во  мојата душа помрачена од тага и униние, изгрева светлината на благодатното утешение и срцето ми се исполнува со веселие и радост, кога, побудуван од твоите поуки, свет Ангеле, се дрзнувам како митарот да повикувам кон штедриот Бог да биде милостив кон мене и да ми ги прости сите гревови. Не престанувај, наставнику мој, да ме вразумуваш и да ме укрепуваш мене, кои ти повикувам:

Радувај се, ми помагаш со љубов да го носам благиот јарем на спасителното трпение!
Радувај се, ме укрепуваш со надеж на Господ Бог во беди и напасти!
Радувај се, прогонуваш од моето срце, секаква тага и униние!
Радувај се, ме побудуваш да се борам против  врагот, кој се труди да ме улови во мрежата на очајанието!
Радувај се, ме убедуваш да верувам во зборовите на Апостолот, дека сите кои сакаат да живеат благочестиво, ќе бидат гонети!
Радувај се, ме учиш да ги восприемам пророците  и апостолите како пример на трпение и злострадание!
Радувај се, ми ги посочуваш за утеха мачениците и исповедниците, кои се подвизувале до пролевање на крв за Христа!
Радувај се, секогаш пред моите умни очи ги претставуваш страданијата на Самиот Спасител и Господ!
Радувај се, ми го усладуваш срцето со надежта на идната награда!
Радувај се, ми ја оживуваш душата, со серадосното очекување на вечните блага!
Радувај се, благ и постојан мој утешителу!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!

Кондак 7


Откако посака сите луѓе да се спасат, премилосрдниот мој Создател те испрати тебе, Својот Ангел, како моја верна стража и наставник низ целиот мој живот, за да ми помагаш во се’ со своите вдахновенија, да ме заштитуваш од замките на ѓаволот и да ме подготвуваш со добри дела да влезам со мудрите деви во небесниот чертог, со богопријатната песна: Алилуја!

Икос 7

Нова благост покажа мојот Господ и Владика над мене, непотребниот и најгрешен од сите Негов слуга: презирајќи ги моите лути и тешки согрешенија, не ме погуби со моите беззаконија дури до овој час но, по Своето долготрпение, милостиво го очекува моето обраќање и срдечно покајание. Верувам, мој благ чувару, дека и до ден денес сум чуван со твоето неостапно застапништво пред Бог за мене. Затоа, преисполнет со љубов кон тебе, ти повикувам:

Радувај се, го запазуваш од погибел оној кој се дави во морето на овој живот!
Радувај се, со твојата спасителна рака ме извлекуваш од ровот на моите беззаконија!
Радувај се, го прогонуваш гревовниот сон на мојата леност, убиствена за душата!
Радувај се, го озаруваш мојот ум, помрачен од небрежност, со твоето светло присуство!
Радувај се, ми помагаш да ја разгорам молитвата во моето ладно и речиси загаснато срце!
Радувај се, ми го настројуваш гласот за песнопој, со кој достојно и праведно го восфалувам Творецот на се’!
Радувај се, ме поучуваш да го прославувам Господ на се’, не само со уста, туку и со срце!
Радувај се, ме поттикнуваш кон исполнување на Неговата воља!
Радувај се, се обидуваш да ме научиш на себеодрекување и отфрлање на мојата зла воља!
Радувај се, искрено ми посакуваш да ја задобијам простотата на гулаб и кротоста на јагне!
Радувај се, просредуваш да ми биде дадено незлобие на младенец и добро расудување на старец!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!


Кондак 8

Туѓинец и дојденец сум на оваа земја: мојот живот е кус и суетен; а јас, бедниот, никогаш не примам во својот ум и не помислувам на Страшниот суд, на кој ќе застанам пред Праведниот Судија, за да дадам одговор за секое дело и збор. Затоа те молам, чувару на мојата душа, брзо разбуди ме од мрачниот гревовен сон, за да не ме стигне часот на смртта неподготвен и да се удостојам да испросам од семилостивиoт Бог, прошка на моите беззаконија, и со радосен глас да му пеам: Алилуја!

Икос 8

Господ на се’ и мојот Создател, кога ќе ми јави да се претставам од овој живот, ти мој благ чувару, согледувајќи ги страшните маки, приготвени за духовите на злобата и непокајаните грешници, кои и мене ме очекуваат, покриј ме со крилјата на твоето милосрдие, како орелот своите пилиња и кога ќе започне да изчезнува мојот дух од мене, да те видам како стоиш близу и ги прогонуваш лутите непријатели. Затоа со умиление ти повикувам:

Радувај се, ми го претставуваш пред умните очи горчливиот и страшен час на смртта!
Радувај се, секогаш ми напомнуваш за неизбежноста и неизвесноста на тој час!
Радувај се, ме учиш на секој ден да гледам како на последен во животот!
Радувај се, во секое време ме подготвуваш за излегувањето од овој свет!
Радувај се, породуваш во мене умиление и срдечна скрушеност!
Радувај се, секогаш ми посакуваш пред крајот да се покајам!
Радувај се, ми забрануваш да го сакам светот и она што е во него!
Радувај се, ми помагаш од срцето да ja искоренам пристрасноста кон тленото богатство!
Радувај се, ми ја покажуваш временоста и минливоста на сите земни блага!
Радувај се, ме вразумуваш, дека секоја убавина на овој свет личи на полски цвет!
Радувај се, ми забрануваш да ја барам човечката слава, која наликува на минлива сенка!

Радувај се Ангелу Господен, мој буден чувару!


Angel.chuvar.Akatist4

Кондак 9


Секаков грев извршив во мојот живот, сите мои денови поминаа во суета и сега се приближив до крајот; непријателите се устремуваат кон мене, сакајќи да ме уловат и да ме фрлат во бездната на адот. Затоа ти се молам, мој благ чувару, биди ми заштитник, кога ќе поминувам низ страшните митарства и безбедно доведи ме до вратите на Небесното Царство, каде што ангелските собори со радост ги пресретнуваат оние кои воскликнуваат: Алилуја!


Икос 9

Красноречивиот јазик не може да го искаже сето она, што ти го направи за мене низ целиот мој живот, мој свет чувару: си ја примил мојата душа од купелта на светото Крштение, си ме чувал кога сум бил младенец, си ме учел и си ме вразумувал во детството, си ме чувал од паѓање во грев во младоста, си ме поучувал во зрелоста, си ме сочувал на сите мои патишта се дури до староста, изобличувајќи ме и утешувајќи ме, помагајќи ми во се’ и насочувајќи ме по патот на спасението. Затоа со благодарност ти повикувам:  

Радувај се, никогаш не ме лишуваш од твојата помош и застапништво!
Радувај се, откако ќе се разбудам ме поттикнуваш да благодарам на Господа, кој ги укрепува моите сили!
Радувај се, ме учиш да го осветувам со молитва почеткот на секој ден!
Радувај се, ми забрануваш да започнам какво било дело без молитва кон себлагиот Промислител!
Радувај се, се грижиш да  го истребиш самонадевањето на моето срце!
Радувај се, ме побудуваш непрестајно да го произнесувам со уста и да го држам во својот ум, преслаткото име на Господа Исуса Христа!
Радувај се, во секое време ми укажуваш да го говорам со јазикот само неопходното и полезното!
Радувај се, ме сопираш да празнословам, многусловам и богохулам!
Радувај се, секогаш си пребиваш со мене, и кога јадам, пијам или вршам што и да е друго!
Радувај се, се трудиш да ме научиш на воздржание во храната и виното!
Радувај се, ме чуваш кога спијам, и го прогонуваш непријателот, кој сака да ме искуша со мечтаења во сонот!
Радувај се, ме сопираш од сластољубиви стремежи и полагаш целомудрен срам во моите очи!

Радувај се, Ангелу Господен, мој буден чувару!

Кондак 10


Ти кој дојде сите да ги спасиш, Исусе мој преблаг, со умиление Ти се молам: по Твоето милосрдие прости ми ги многуте и тешки гревови, приклонет кон тоа од Божествените молби на Твојот невештествен служител, кого како Човекољубец си ми го дал уште од времето кога сум бил младенец, за мој чувар: за да можам да влезам, достоен во чертогот на Твојата слава и со духовите на праведните да пеам: Алилуја!

Икос 10

Крепка заштита си за мене, свет Ангеле, против лукавоста на моите зли непријатели, кои ја бараат мојата вечна погибел и кои ми ја раслабуваат мојата душа со леност и заборав. Затоа те молам, мој чувару, според твoето застапништво да се удостојам при исходот на мојата душа да се причестам со Пречистото Тело и Пресветата Крв на мојот Спасител и укрепен со таа нетлена храна и животворно питие, без страв да преминам, во другиот свет, воспевајќи те тебе, мојот благодетел:  

Радувај се, дадена ти е власт и крепост да ги одбиваш демонските напади врз мене!
Радувај се, си примил сила од Бог да ги победуваш моите непријатели!
Радувај се, можеш да ме избавиш од секое злодејство и замки  на ѓаволoт!
Радувај се, ги одбиваш од мене нападите на лутиот управител нa светот и началник на страшните митарства!
Радувај се, ограден со твоето присуство, имам надеж во часот на смртта да не се исплашам од мрачните лица на злобните духови!
Радувај се, чуван од тебе, се надевам безбедно да ги преминам воздушните митарства!
Радувај се, укрепуван од твојата помош, се надевам да бидам задржан пред вратите на саканиот рај!
Радувај се, твоето застапништво за мене е силно пред Бог, за да не бидам фрлен во темината надвор!
Радувај се, секогаш ме поучуваш да го смилостивувам Господа со солзи на покајание, за да се избавам од адската геена!
Радувај се, ме побудуваш да се молам дење и ноќе, за да не бидам испратен во маките заедно со демоните!
Радувај се, мој неотстапен раководителу и наставнику!

Радувај се, Ангелу Господен, мој буден чувару!


  Koндaк 11


Овие песни, макар да се принесени и со усрдие, свет чувару мој, знам, дека не се достојни да го изразат моето срдечно благодарение за сите благодејаниија, кои си ги сторил за мене и не престануваш да ги правиш дури и до овој ден и час; но, и за ова ти се молам: смилостиви го нашиот заеднички Создател да ме избави од Својот Страшен суд и од застанувањето од лево и да ме удостои со сите светии да Му пеам: Алилуја!

Икос 11

Мојот светилник угасна и немам елеј на добри дела, со кој би го запалил: и каде да отидам јас, бедниот, завладеан од гревовен сон, кога ненадејно ќе ме сретне на полноќ, часот на мојата смрт? Но, да не го слушнам и јас, како неразумние девици, страшниот глас на Женикот: “Не те познавам!” Помогни ми, мој буден чувару, да го исполнам садот на мојата душа со елеј на добри дела, највеќе со милосрдие и смирение. А сега прими ги од мене овие песни:

Радувај се, ме поучуваш секогаш во умот да го носам Единиот Господ!
Радувај се, ја обновуваш во моето срце заповедта за љубов кон Него, Преблагиот!
Радувај се, ме побудуваш да го сакам Него, Создателот, со целиот  мој ум и мисла!
Радувај се, непрестајно ме потсетуваш, дека треба да ги љубам ближните со искрена и богоугодна љубов!
Радуавај се, ме учиш да ги сакам не со зборови и на јазик но, со дела и вистина!
Радувај се, внесуваш во мене желба да им помагам во сите нивни потреби!
Радувај се, ме почучуваш да ги утешувам оние кои тагуваат и да се застапувам за навредените!
Радувај се, ми го насочуваш срцето, да одвојувам од своето богатство за сиромашните и оние кои имаат потреба!
Радувај се, ме побудуваш да бидам спремен и душата да си ја положам за моите пријатели!
Радувај се, ми ги покриваш очите, за да не ги гледам прегрешенијата на мојот брат!
Радувај се, не допушташ да го осудам мојот ближен, кој се слизнал во грев!
Радувај се, ми забрануваш да верувам на клеветниците на мојот пријател!

Радувај се, Ангелу Господен, мој буден чувару!

 Кондак 12


Благодат ти се даде од семоќниот Господ, свет покровителу мој, да ме чуваш на сите мои патишта, за да не се сопне мојата нога на каменот на некоја соблазна, додека ме донесеш спасен пред Христа Бога, на Кого што сите небесни сили непрестајно му повикуваат: Алилуја!

Икос 12

Го воспевам твоето чудесно милосрдие и голема снисходителност, брзоподвижен уму, бесплотен Господов служителу: оти не се возгнасуваш од мојата гревовна смрдеа и не престануваш да ги принесуваш за мене, непотребниот, своите свети молитви пред пресветиот Престол на Триипостасниот Бог, за да не погинам во веки но, да го наследам Небесното Царство. Благоволи да го примиш од моите душевни сокровишта и овој песнопој, кој ти го принесувам:

Радувај се, ме штитиш од гревови преку сеќавањето на идниот страшен Суд Божји!
Радувај се, ме побудуваш да си ја подготвам душата како невеста за средба со прекрасниот женик Христос!
Радувај се, секогаш сакаш да ме направиш достоен за Неговиот брачен чертог!
Радувај се секогаш ме учиш да го палам  кандилото  на  мојата душа, за да влезам во чертогот, заедно со мудрите девици, душите на праведните!
Радувај се, ми помагаш да се облечам, во алиштата на непорочноста и чистотата!
Радувај се, се застапуваш да застанам од десната страна на Страшниот Христов суд!
Радувај се, ја умолуваш Божјата добросрдечност да ме вброи во соборот на Своите избрани!
Радувај се, ме побудуваш кон молитва кон Господ и твоите небесни сожители да ме всели со нив во Своето Царство!
Радувај се, добар и бодар мој чувару!
Радувај се, топол молитвенику и благ застапнику за мене, грешниот!
Радувај се, моја крепка надеж по Господ и Пресвета Богородица!

 Радувај се, Ангелу Господен, мој буден чувару!


Кондак 13


O, преславна и умна светлино, Ангелу Божји! Прими го ова благодарствено и молебно пение и кога ќе застанам на суд пред Господа, покажи го тогаш твоето милосрдие кон мене грешниот: застани блиску до мене тих и радосен, заменувајќи го мојот страв со надеж кон спасение, за да се удостојам во рајските населби со тебе во вечни векови да пеам на Царот на славата: Алилуја!

На крајот повторно се читаат, Кондак 1 и Икос 1.

 Angel.chuvar.Akatist3

Молитва кон светиот Ангел - Чувар


          О, свет Ангеле, чувару и покровителу мој благ! Со скрушено срце и страдална душа стојам пред тебе и те молам: чуј ме, твојот грешен раб (име), кој те повикува со силен глас и горчлив плач; не спомнувај си за моите беззаконија и неправди, со кои јас, бедниот, те прогневувам преку сите мои дни и часови и станувам мрзок пред нашиот Создател и Господ; биди милосрден кон мене и не одделувај се од мене, осквернетиот, се до самата моја смрт; разбуди ме од гревовниот сон и со твоите молитви помагај ми да го поминам останатото време до мојот живот без порок и да принесам плодови, достојни за покајание, а највеќе сочувај ме од смртни гревови, за да не загинам во очајание и да не се зарадува непријателот за мојата погибел.
          Навистина знам и исповедам со устата, дека никој не ми е таков пријател и застапник, заштитник и поборник како тебе, свет Ангелу: затоа што предстоејќи пред Господовиот Престол, ти се молиш  за мене, непотребниот и најгрешниот од сите, да не ми ја земе Преблагиот мојата душа во оној ден, кога не очекувам и во ден во кој правам зло. Не престанувај да го смилостивуваш премилосрдниот мој Господ и Бог да ми ги прости моите согрешенија, кои ги извршив низ целиот мој живот, со дело, со збор и со сите мои чувства и онака како што Му е угодно, да ме спаси; да ме казни тука, по Својата неискажана милост, за да не ме изобличи и искуша таму, по Своето нелицемерно правосудие; да ме удостои да принесам покајание и со покајанието достојно да ја примам Божествената Причест, за што најмногу се молам и кој дар сесрдно го посакувам.  
          А во страшниот час на смртта биди неотстапно до мене, благ Чувару мој и прогонувај ги мрачните демони, кои ќе ја заплашуваат мојата душа исполнета со трепет: заштити ме од нивните мрежи, кога ќе ги минувам воздушните митарства, па чуван од тебе, безбедно да го достигнам саканиот рај, каде што соборите на светиите и небесните сили непрестајно го восфалуваат сечесното и великолепно име на прославениот во Троица Бог, на Отецот и Синот и Светиот Дух, на Кого што му доликува чест и поклонување во вечни векови. Амин.  



Извор: „Акатисти-Книга 1“, издава манастир „ Св. Вмчк. Георги Зограф“, Света Гора, Атон

Превод: М.Б.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная