Големиот Богојавленски водосвет, Успение на Пресвета Богородица- Каменско
Утрово, на чинот на големиот Богојавленски водосвет, испеавме еден прекрасен тропар, кој гласи: „Гласот Господов на водите вика, говорејќи: ’Пријдете, примете Го сите Духот на премудрост, Духот на разум, Духот на страв Божји, на Христа Кој се јави Гласот Господов на водите“ се слушна на Јордан, во облаците, во понорите земни и насекаде во вселената каде што постои вода. Господ „се јави да ги освети водите“.
Ги осветил некогаш гласот Господов водите на Јордан со Крштевањето на Синот Божји,