На 12. 01. 2020 година, на денот на преселувањето во Царството Небесно на Светиот Гаврил епископ Велички Светогорец – новиот Лесновски чудотворец, чии свети моштии се положени во Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот, отслужи Света Архиерејска Литургија, одража содражајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
Свет Владико Наш Гавриле, утеху и радост наша, правило на верата, биди секогаш со нас и кога не каменуваат и распнуваат, како и секогаш сведочи за Нашата Света Црква. Застапувај се омразта и невистината кон нас да се заменат во Соборна Љубов, Едниство и Заедница.