ЗОШТО СЕ РАСПАЃААТ ХРИСТИЈАНСКИТЕ БРАКОВИ? - Архимандрит Тихон (Шевкунов)
Прва и општа причина – уживање во сите сфери на животот. Вулгарната хедонистичка цел – „да се земе се’од животот“, тоа е ако не главната тогаш во голема мера значајна и одредувачка причина, исто е и кај црковните луѓе. Стануваме се’ повеќе себични. Ова е важно, секако и за нас, за свештенството.
Втора причина: православните, за кои сега и зборуваме, едноставно не научиле што е христијански брак. И примерите на среќни, долгорочни, во висока смисла одговорни сопружници се ретки.