Местото во рајот се заслужува. Со жртва од страна на оној кој сака да биде во него и да постигне вечно блаженство и спокој во милоста Божја. Ништо лично за неистомислениците, но тоа се правилата на христијанството. На ова е изградена целата христијанска етика. Да се каже јасно и точно - подобро е да си болен, но верен, отколку да си здрав, но неверен!
Свештенството при Соборниот храм во Скопје, на 13.10.2022 година, со сеноќно бдение го одбележа празникот Покров на Пресвета Богородица. На Светата Литургија, бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
По молитвената прослава на споменот на Мајката Божја, за укрепување на присутните верници беше поготвена трпеза на љубовта.
Покрај Галилејското море, воблизина на Хоризин и Капернаум, се наоѓаше градот Витсаида (1). Во тој град се родија тројцата апостоли: Петар, Андреј и Филип. Петар и Андреј беа рибари и со тој занает се занимаваа додека Господ Христос да ги повика со себе. Филип пак, уште во младоста родителите го дадоа да ја изучува книжевната мудрост.
По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше прекрасно момче, телесно и душевно. Теогност го засака и го даде да се описмени. Андреј усрдно Го молеше Бога и со љубов ги посетуваше црковните богослужби.
Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова, туку претставува навраќање и легитимирање на една древна тема, на еден мисловен топос, од кој извира безвременска мудрост. Ќе се согласите дека не постои можност во едно толку кусо излагање да се изгради кохерентна
Сине, дали некогаш си размислувал дека сѐ што допира до тебе, истовремено допира и до Мене, бидејќи сѐ што се однесува на тебе, се однесува на зеницата од Моето око. Ти си скапоцен во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа Мене Ми е особено задоволство да те воспитувам.
Божествената Литургија е вистинска, небесна служба на земјата, за време на која Самиот Бог е најблизу до луѓето и на посебен, најнепосреден начин присуствува и престојува во нив, бидејќи Самиот Он е Оној Кој свештенодејствува, Кој принесува, но и Кој е принесен. Не постои ништо
Едната е да му се заблагодариме на Бога за доброто што ни го дал. Втората е да се проверат и испитаат оние кои згрешиле.
Затоа што набројувањето на Божествените милости со благодарноста на оние кои имаат корист, но и откривањето на нивните грешки од страна на виновниците, се нарекува исповед. И двата начини носат понизување.
А сепак, понекогаш зборуваат, а потоа нè креваат врева затоа што водат богоугоден живот.
„Добриот живот без зборови издигнува повеќе од зборовите без добар живот. Добриот живот, всушност, нè учи дури и кога е целосно тивок: другите нè вознемируваат зборувајќи. Ако животот и зборовите се совпаѓаат, тогаш ни покажуваат пример за светост“
“ Тажна сум и вознемирена а не знам ни зошто. Сакам да го запрам времето, да бидам некаде далеку.Животот ми изгледа на пат со етапи, со награди на секоја етапа. Но “ако зафркнеш“, нема да добиеш ништо.
Јас “се зафркнав“. Чувствувам болка да размислувам, да живеам, толку ме боли што не можам да вдахнам храброст, да се смирам. Тешко е, многу тешко, уморна сум од животот, но сепак, го сакам“ (Ирина, 15 години)”
01. ЖИТИЕ НА СТАРЕЦ АМВРОСИЈ ОПТИНСКИ 2-19
02. СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА/ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА 20-21
03. PATRISTIC TREASURY 22
04. ПРЕСВЕТA БОГОРОДИЦA 23-24
Кога јадеш сети се на гладниот, жедниот и на оној што страда. Ако те наклеветиле, на доброто ти одговориле со зло, немој да држиш зло во срцето.
Прости и радувај се, зашто благодарение на тоа си се приближил на Бога за неколку скалила.“
Бог е присутен не само таму каде што се прават големи работи што ќе останат во историјата, туку и таму каде што мајката го воспитува своето дете во раце, каде што човек со тешкотии чесно заработува леб за своето семејство;Бог е таму каде што човекот љуби, каде што човекот се жртвува за друг, каде што човекот се радува на човекот.